Извини ама со оглед како почна ,, 35 Боже сачувај" ти дечко имаш сериозен проблем со твоето размислување. Или промени начин на гледање на нештата, или ете најди некоја ради реда штом си запнал да не си сам.
Животот не завршува на 30, 35, 40, 50... Сам си ја ставаш таа кочница дека без партнер си никој и ништо. Со партнер нема наеднаш сѐ магично да е подобро, види околу тебе дали сите кои имаат некој се толку пресреќни. Најди си нешто кое те исполнува што не вклучува партнер. Никој не знае кога и дали ќе се случи, тоа не значи дека треба да го поминуваш животот во мизерување.
Омг. Пријави се на Проводаџија, има шоу на Алфа ако ти е толку итно, не знам што совет да ти дадам ств.
Кога сме кај вакви муабети, вчера ја преживеав последната свадба каде бумери и стари-млади си пикаа нос у мојата интима и ми посакуваа лаванда брак, следно ваљда ќе се гледаме на погреби, што е тажно нели, а таму би било глупо да ми прават овакви хехенца. Или? Да не ги потценувам?
Скоро па дупло сум постара од тебе, досеа требаше да сум храна за црвци... Ама разбирам, како мине времето и јас на тоа уво почнав да спијам, работа дома дома работа и ништо повеќе, едино детево шо ме "држи будна" така да речам. И никако не почнувам нешто ново одма во глава ми се врти "ех сеа за малку ли.." ... А ти, ти другар си премлад за така да размислуваш, ова најискрено Се би дала да се вратам на 30, буквално се.
А јас си помислив, пред 16 години имав 20, а како вчера да беше. За 16 години ќе иам 52?! Daaaaaang...
Боже сачувај? Искрено понашањево ти е боже сачувај хахахахах sorry. Сигурно ти е тешко што си сингл но не значи дека светот завршува ако на 30 години си сам може баш кога не очекуваш ќе запознаеш некоја? Никој не може да знае што ќе се случи во иднина. Но сите треба да работат на себе а не да мислат дека светот е против нив и со таков мајндсет секако нема да бидеш среќен.
Не ве осудувам но не мислам дека сте биле толку single колку што сум јас. Под тоа мислев недај боже да сум иста ситоација како што сум сега на 35 па и нагоре. Стварно не ја гледам истата позитивност што вие ја гледате.
Многу ми е смешно кога луѓе паразити без 1% работно искуство (сами си кажале) се дрзнуваат да даваат совети за финансии и работа. Барем еден сопствен совет да послушаа немаше да е трагично.
Морав да се надоврзам. И муабетите од типот: "А ТИ КОГА ПЛАНИРАШ ДА РАЃАШ?? СИТЕ ИМААТ БЕБИЊА ГЛЕДАШ ЛИ КОГА ПЛАНИРАШ НА 30 ТОГАШ Е ПОТЕШКО ДА ЗНАЕШ ЌЕ НЕМАШ НЕРВИ" И слични муабети што може да ги прави некоја амеба. Стварно не знам што корист се има да се меша секаде. Ако немаш нешто паметно да кажиш, молчи.
Добра ствар коа си разведен и имаш дете, апсолутно веќе никој не те прашува кога ќе се мажиш и кога второ дете ние сме ОТПИШАНИТЕ
шала на страна. се си има своја убавина. велат у животот треба два пати да си паметен. коа бираш партнер и коа бираш работно место. во спротивно ќе мора секој ден да си паметен. се е топ, дур не станеш лорд оф д рингс ака Маленко.