Па и не е така страшно, Пуерторико си има гувернер како Калифорнија, Орегон и тн. само што не се сојузна држава туку територија, на тоа мислел - гувернер.
Некоја европска земја сакам да не окупира, али никако источна Европа, мизерии ми се у секој поглед. Австралија може исто, а од Азија само Јапан. САД исто нејќам. Од соседите Грција, ради островите, морето, храната. Не ми се живее више под српско-албанска окупација.
Јас знам дека си разочаран од народов, политиката, говнариите домашни, и сè тоа, ама веќе коа си праиш филмови, нели боље е да сонуваш да се опраиме и да не бидеме под ничија окупација, влијание, менталитет, политика? Не можам да го сварам моментот да сакаш да си окупиран, без разлика на разочарувањето.
Двајцата имаат деменција, на таа возраст сакал нејќел мозокот ти се суши и не размислуваш како што треба, таква голема должност и обврска не се става в раце на личност на тие години.
Вие што зборувате за колонизација или окупација...Се надевам дека ви е само обид за глупа шега од разочараност. Оти тие носат уште поголеми зла и злосторства на територијата. Како на пример зголемување на криминалот. Да, овде не ни е добро. Но, има полошо и од нашето. Сакате ли да плаќате повисоки даноци? Не сакате. Сакате ли да плаќате уште поскапи услуги? Да го снема ли онака фрагилното јавно здравство, па да цркнувате на улиците оти немате пари за на приватното или оти и таму нема да поминете добро? Да снемате шанси за образовни можности? Не сакате. И сегашниве цени не ги сакате (никој не ги сака, нормално), па камо ли тродупли. Сакате ли да ви се укинат некои права? Не сакате. Сакате ли да се зголемат бројките на силувања и убиства? Не сакате. Никој нормален не го сака тоа. Е, сето ова оди заедно со колонизација или окупација. Сфаќам разочараност. И јас ја имам. Но, јас не седам напразно зад екран и не трескам на тастатурата. Туку почнав да ги користам (заедно со други луѓе) за да се сменат некои нешта и веќе гледам резултати (првично низ Скопје). И вие можете, само треба да сакате. Ако не сакате, тогаш вратете ѝ ги или сами поништете ги сите документи што ви ги дала државава и со кои имате добиено права. Живејте си како недокументирани лица. Ако успеете да издржите, де.
Абе знам, ама сепак... Сам себе се ставаш во одреден менталитет. Мислам, те разбирам, но ако сите се откажеме, стварно нема да има оправање. Освен ако влезеш и тоа сериозно влезеш во политика, нема ништо сериозно големо да промениш. Но од ден за ден, човек помеѓу луѓе, и те како можеш да менуваш многу нешта. Води со пример. Будалите посекако нема да те следат. Ама паметните ќе се инспирираат. Во тоа не престанувај да веруваш, колку лигаво и да звучи.
Ми излезе пост од прваче кое е единствено дете во прво одделение ( мислам дека беше Струмица, може грешам). Уште го сликале и му пишуваат со среќа… Сам во генерација. Сам