Седам на тераса у Аеродром, еве девет ипол фати... Врие деца школска возраст што утре на школо треба да одат, недела вечер место да се бањаат и ранци да спремаат, они по улици акаат...
Ме потсети пред некој ден, сред недела си седиме дома, дете се спрема за легнување 22 часот веќе, надвор слушам ауу ауу. Деца некаде 10,11 години. Ајде да е распуст разбирам ама па и кога е распуст зошто не си играат секој во свое маало? Мислам јас еве не сум мирна дете на 9 год да го пуштам на другиот крај во ноќ да игра. И ние игравме ама ова е веќе без ред. Најстрашното нешто што сме го правеле крадевме цреши и кајсии. И јас еднаш од комшиката скинав роза, уште тогаш ги сакав цврќињата и дома ме наклевети. Пукнав од срам, пропаднав, некаде 7,8 години. Еднаш и никогаш не се повтори. Мајка ми, убаво ми одржа предавање дека треба да прашам прво, а комшиката ме претстави за една роза како градината да и ја преорав, ама нема веза, сепак крива бев. А денешните, за денешните ќотекот лежи во родителите. Се враќам летото во еден ноќта од излегување, се собрале на мостот и летаат стаклени шишиња де во река, де во улица. Можете да замислите како се слуша во сред ноќ. И не ми е јасно, родители на малолетници, си легнале дома, си спијат или излезени, што мислат, што прават нивните деца од 11, 12 години надвор? Летото неколку пати ги бркав од пред двор. Не ми сметаат да седат, да муабетат, ама да летаат камења и ореви по колите, ретровизори да пукаат е нече мочи. Дома нека маваат колку сакаат. Бев за влакно наапана кај едното дома да одам дека знам дека живее. Ама си велам седи си мирна, и тие родители ако се како што треба ќе му објасниле што треба а што не треба. Ќе се тепам ли со неразбрани. И не, не сум строга мајка. Ама не можам да го оставам да ака по улиците до ноќта, како што и не смее да ми дреме на телефон до 1 ноќта. Наутро го оставам и до пладне да спие ако сака кога е викенд и на распуст. Ама никогаш не спие повеќе од 10 часот затоа што легнува во нормално време. Летото се јавува кај другарчиња околу 13,14 часот да се дружат, и мајките на тоа одговараат ааа спие. Си легнува во 3,4 сабајле. Е што прави до толку, па на компјутер. Не сум најмајка, имам милион грешки направено додека расте, и допрва ќе правам, ама за некои работи сме толку слепи и глуви ние родителите чудо.
Пуштив да ја гледам промоцијата на Ејпл за новиот Ајфон, префрлање сам Јутјуб на промоцијата на апликацијата на ВМРО-ДПМНЕ Туторијал од Бране и Миле, АЈТИ стручњаци и експерти за се во штабот.
Не те прави строга мајка тоа што си имаш поставено ред во куќата. Се што наведе се е нормално. И во право си со тоа што рече дека родителите се за ќотек. Пушти го да си игра, да си бидат слободни, дај му телефон да можеш да си го пиеш кафето на раат. Така се заборава кој е родител, а кој дете.
Една ноќ каде што ќе си легнам во нормално време, ќе има ли, се прашувам!!!!!!! Spoiler Џабе цел ден сум "сто на саат" пак не можам да спијам навечер, психа ти е за*бана работа!!!!!!
Го гледав Мирно лето од 1961 година. Се изненадив дека и тогаш луѓето биле алапачи и коментирале туѓи животи, мислев дека тоа е работа на денешниве генерации.
По темите за јавни фаци, инфлуенсерки и што ти знам друго се гледа дека премногу се замараме со туѓи животи и придаваме значење на неважни ликови.
Не бе не.. лудаци Со боледување иде и наногица.. БОЛЕДУВАЊЕТО ОД МАТИЧЕН ЛЕКАР ДА СЕ НАМАЛИ ОД 7 НА 5 ДЕНА, КОНТРОЛОР МОЖЕ ДА ЅВОНИ НА ВРАТА И ДА ПРОВЕРИ ДАЛИ ПАЦИЕНТОТ Е ДОМА, ПРЕДЛАГА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО https://sdk.mk/index.php/naslovna/b...tsientot-e-doma-predlaga-fondot-za-zdravstvo/
Во Италија и Германија е нормално контролори да ти доаѓат и да видат дали си дома, незнам што е чудно тука?
Намерно е ова, битно газдите и фирмите да се богатат, а државaта се повеќе да се ослободува од обврските кон народот.. И не само ова, туку сеа спремаат да го кренат и мининалниот стаж од 15 на 18 години и на работа до 69 или 70 години плус приватниот столб да биде прв избор отколку државниот столб за стаж. Тоа е, цедење на работникот на макс..
Кај нас од работа доаѓаа. Се сеќавам мајка ми кога беше болна доаѓаа од работа да ја контролираат. Тоа беше 90 тите. За Италија и Гррманија не ме занима. И сум за контоли зашто исончани се враќаат од "боледување" ..