Да да, претежно младите. Онаа и оној што фрлаа ѓубре од автомобил имаа по 15 години.Дивине депонии со троседи, душеци и регали сигурно ги прави Максиминиминимилијан од седмо три.
Децата гледаат од родителите. И после израснуваат во истото ѓубре ко нив. И јас мислам дека нема друго чаре за овој народ освен по џеб мавање. И едукација треба да, ама џабе е со олкав број на изроди. Ти како совесен и едуциран ќе го фрлиш ѓубрето в канта, тој по тебе кантата ќе ја искрши, и што сме направиле? Во Јапонија едвај имаат канти по градовите, па никој не фрла ѓубре каде му текни. Ама тие се напред светлосни години, и по култура и сѐ.
Така е, сè под лупа 24/7, кој праи говнарии, казна да си крка, ем пари, ем општествена работа, ем јавно посрамување. Ако, нека неам приватност, битно стоката нека се воведе во ред.
Некој имаше пишано кај новинар дека ќе започне со снимање на сите кои непрописно фрлаат ѓубре во Скопје. Па, други рекоа дека ќе снимаат и други лоши акти. Нарушување на приватност е, ама идиотите си го бараат. Сите можеме да си пазиме на животната средина, само треба да сакаме.