60ка до Матка. 58ца до Водно Автобуси што одат до Илинден, Маџари, Стајковци, со некој од нив до Гази баба паркот
Сдк, среден и организиран дом е половина здравје, и психичко, и физичко а богами и финансиско. Вчера на тој начин дознав дека имам 120 пара чорапи (скоро 50/50 долги и кратки) а бев во план да купувам уште за сезонава.
Ја се извињавам ама... Братов платил за да јаде сало од свиња со алкохол, (има стори од чварки и пиво у хајлајтс) ама оке, јаглехидратите се проблем и нездрави. Или парите за гел дадени. Ај кременадла да земеше бе друже, има што да згризеш, не чварки. Да, еднаш у годината добиваме шанса да трчаме на раат без колите, точаците и моторите на тротоар или децата и кучињата на тартан патека. И баш тоа што денес има голем избор на патики за трчање, допринесе до тоа повеќе луѓе да трчаат. Неам гармин од 500 евра или најк од 300, ама имам поевтини. Саатов ми помага да следам темпо и пулс, патиките да не си ги сјебам зглобовите. Порано да, немало, ама немало ни толку луѓе што трчаат, многу почнувале ама се откажувале, не знаеле како, се повредувале итн. А луѓе ко овој...најголем напор им е што го носат гзот од дневна до веце, после ооф годините ги газат. Некои луѓе едноставно си го мразат животот и сите околу нив, како да ви кажам.
Нејзиното животно достигнување е, две дечиња, стан среден ко во бајка, кариера изградена, дечко кој живот би дал за НИВ ТРОЈЦА, автомобил, и да ПИЕ АПЕРОЛ ЗАШТО МИЛАА, ЖИВОТОТ СИ ГО СРЕДИЛА
Исто, на психа ме мава. Посебно ако навечер кујната остане несредена, наредното утро денот ми почнува со лошо расположение.
И баш тогаш прв пат сакат да излегват и не можат. Да ти смета нешто ко трчање ко концепт е безвезе. И да додам за тие од фирма шо трчат шо имаше коментари наназад, како чоек шо има трчано од фирма - не ме терале, напротив среќна бев да не платам учество туку да добијам две маички и да трчам зошто инаку цената ќе требаше да ја платам јас. Ако неќев да трчам, или ако не можев ко шо беше сега со Виз, едноставно не можат да ме натерат да трчам. И иако не можев да трчам - бев во публика и атмосферата е нешто незаменливо дури и само во публика. Еден ден во годината е за многу убав настан. Стегнете заби за малку inconvenient ден.
Ај сеа.... Дали организацијата за овој маратон е иста како Берлинскиот? @Asparagus изгуглај малку и види дека постојат и off - road marathons. Ultra-Trail du Mont-Blanc
Супер работа си завршил чатгпт со истражувањево, меѓутоа пред да хејташ можеш и да прошеташ по Европа па да видиш како се одржуваат тие маратони таму. Ако веќе збориме за маратонов, не знам колку си запознаена меѓутоа ден, два три предходно самите организатори известуваат кои патеки ќе се затворени и исто така ЈСП објавува променет режим на возење. Така ти, би имала два три дена луфта да испланираш каде точно во недела ќе го потрошиш своето слободно време. Па и вчера не си морала де баш до Водно да одиш, си можела од дома до парк да испешачиш и да ги бодриш луѓево што учестуваат на маратонот и промовираат здрав живот и спорт, нешто што во МК уште фали (очигледно по вашиве коментари). Не бидете толку несреќни значи, можеби утре и ти ќе трчаш на тој маратон. Ама мора и Скопски маратон да се исхејта, инаку како ќе ја наситиме душава.