Уште поимпресивно е да трчаш дури туркаш тежина. Мерак и е на жената, најголема и најдоволна причина од сите. Некои за задоволство трчаат, не да бркаат време. И јас бев со повреда, и јас можев далеку подобро, и тоа се повредив пред месец и пол, на лонг ран од 17, душата ме болеше. И мислам дека ќе трчам уште минимум 1-2 полумаратони, пред воопшто да се осудам да помислам на цел, затоа што тоа е круна во атлетиката, една од најтешките дисциплини. По обиколници да сме трчале бе, од 63 држави имаше луѓе, ајде во нивите во Сингелич да ги пратиме оти на господата им смета автобусот по друга траса што ги возел за до Водно. Ич нека не го видат градот, нека не седнуваат после по кафичи и нека не живее градот оти они не се импресионирани од 42 км на асфалт. Боже Господе.
Сè тоа убаво е да си има мерак жената ама не збориме за обична тежина како тег во теретана туку за бебе кое патем не е предмет . Некоја може сака и Монт Еверест да го искачи, тој мерак никој не и брани да си го направи. Ама да рече ај патем и бебето ќе го ставам в ранец за тежина да имам плус...
Во последно време на форумов се сретнуваат многу исфрустрирани, неисполнети, паразитски ликови што очигледно немаат никаква професија ни па занимација во животот, а хајлајт на денот им е да се изедат трици за нешто што некој направил/постигнал. Луѓе, додека не е прекасно - најдете хоби, смешајте се во луѓе, најдете работа оти верувам дека ни сами не се поднесувате. Не може на 30+- да дремеш цел божји ден на форум и да истураш отров. Ви треба помош.
Да беше олку гласен народов против криминалците на власт колку шо е гласен во бранењето на небитниов маратон ќе беше нешто и од нас како држава.
Не мора ова да го разбереш. Не гледаме исто на работите. Треба тренинг за трчање на асфалт, ама треба многу понапорен тренинг за трчање на нерамен терен со повеќе опасности (како диви животни и паднати гранки). Гледам по цел Балкан (и некаде надвор од него) како се движат на разни начини по стрмни и тесни места сосе опрема. И за влакно избегнуваат смрт. Јбг, немам намера да се извинам оти тоа ми е повеќе за вау од трчање насреде Скопје. Реков, кој кај сака нека си трча. Негово право си е. Само нека не го возвишува тоа кога има луѓе кои вложуваат уште поголем напор од него, на поголем предизвик и без грам фалење и наметнување на други. Едно е да речеш јас си трчам за здравје, тоа ме смирува. Тоа е ок. Друго е да се лупаш во гради и да речеш дека ти си најјака на свет, а овие што не трчаат и не одат во теретана како тебе се лузери и ќе квакнат на старост или ќе пропаднат скроз. Тоа не е ок. Колку што знаеме, сите сме смртни битија. Па и спортистот и седачот ќе се разболат и ќе умрат еден ден. Ако некој седи дома, не значи дека буквално цело време седи дома. Некои луѓе имаат справи дома или одат да се размрдаат 30-45 минути во локалниот парк кај што има поставени. Ете, и сама велиш секој кој има добро физичко здравје. На вакви умислени тоа не им е јасно или не им е гајле како се перцепирани. @KateKane Като, што се пронаоѓаш кога никаде не пишува ни Ката, ни Фемина форум? Ако некој надвор има налутена фаца или на форумов дава општа негативна критика, не значи дека има нешто лично против тебе. Светот не се врти околу тебе. Чил.
Па во сакам да кажам пишуваш бе лепотице, ваљда смеат да те цитираат луѓе. Особено кога грешиш. Ај пак. Не можеш да споредуваш road и trail трчање затоа што се различни дисциплини. Тоа е исто како да споредуваш пливање и ватерполо оти двете се во вода. Или кошарка и одбојка оти двата се спортови со топка. Не се понапорни trail тренинзите, различни се. Една е тешкотијата на асфалтот, друга е на планината. И не, на треил не се толкав проблем ниту дивите животни, ниту паднатите гранки, техничките и непредвидливи терени со кал се проблем, како и елевацијата. Асфалтот е пак побрутален на цел мускулоскелетен систем, особено на зглобовите, каде имаш репетитивен удар на самиот локомоторен систем. Со пообемни тренинзи и недобро пејсирање и неправилни темпо и интрвални трчања може да се повредат потколеници, коленици па дури и колкови. А и ние го имаме Дарио, кој е буквално еден од најдобрите атлетичари, човекот е рамо до рамо со Кенијци, маратони за 2 саати и неколку минути ги трча. И не било импресивно тоа. Ко сеа Србите да кажат дека Џокович не е импресивен или Словенците за Дончич. Ценете си ги домашните спортисти, пошто човек како Дарио кај нас не знам кога ќе има пак.
Деновиве видов пример дека и лице кое е родено со оштетен вид може да работи онлајн. Ми беше незгодно да прашам како, па проверив, веројатно користи звучна тастатура, некој софтвер, програма што и да е за помош на слепи, но работи и како за почеток добро е. Да бидам искрена, има повисок степен на образование и повеќе доедукации и е пописмен од тие што се родени здрави, прави, со две очи. Значи која мотивација ја има човекот, не ми се верува. Овој пример има секаде да го кажувам, тоест веќе го кажав на неколку души. Какви реченици прави, какво ниво на писменост, какво изразување, дефинитивно многу здрави, прави луѓе, не направиле ништо од себе, ич ништо, иако имале можности, и тоа е за срамота.
А у сред дискусијава, да кажам само и гооолемо фала на сите што место да мрчите, излеговте да навивате и аплаудиравте за луѓе што не ги ни познавате, ама од срце им посакувавте да ги истрчаат тие 5, 21 или 42 километри. И до легендите со најјаките транспаренти "Насмеј се ако не носиш гаќи"
Секогаш има некој што прави повеќе од некој друг. Полагаш испит со деветка, ама тоа не е за пофалба затоа што има некој што положил со десетка? Не се намалува личниот успех ако се даде признание на туѓиот.
Фалбаџиство и пофалба не се едно исто. Јас сум против првово. Убаво пишува зошто. Ако не разбираш, тоа е твој проблем.
Вчера бев на маратонот за позитивна енергија и за мојата другарка која кинеше на патеката. И искрено, срамно е што на секој убав настан мора да се излие куп негативност. Навистина ли тие неколку часа затворена улица ви го пропаднаа денот? Секој ден кога сe е отворено не ве гледам толку забрзани и продуктивни, ама за мрчење зад тастатура секогаш имате 24/7 слободно време.
Немој некој гордо да зборува за тоа што со страст и вложен труд го постигнува за да не се најдете искомплексираните повредени. Да си мирна сама со себе нема да бидеш против фалење за нешто што никому не штети, а притоа е за пофалба и восхит. Ама океј, биди си против додека други упорно прават работи.
Ние што работиме по американски компании и работиме верски празници, неверски. Нас кој да не жала??? Џабе парите некогаш
Мачоров ме гледа вчера што све изедов после трка, арно не зема грицките негови да ги сокрие од мене, за секој случај.
Сакам да кажам дека ќе се потрудам повеќе да гледам на убавите работи што ме опкружуваат. Губам време секогаш на очекување што ќе биде, кога ќе биде, стрес си правам за иднината на која не ни знам што следи. Се чувствувам како да сум во балон некој, во милион очекувања, ме фаќа нервоза дека сакам сега одма, не можам да чекам, а знам дека не идат така работите. За се е потребно време и се ќе дојде кога треба да дојде. Заборавив да живеам. Благодарна сум на маж ми. Ми даде насока како можам да се надоградувам и растам како личност. Он ми е најголемата поддршка и сум најблагодарна што го имам него и неговата фамилија. Благодарна сум на син ми. Ме научи дека можам да бидам похрабра, посилна, повеќе вокална за некои работи. Ме научи да се борам. Секој ден ми е се поубав со него, го гледам како станува мало човече. Пресреќна сум со него. Сакам да бидам одличен пример за него, затоа откако го родив, сфатив дека борбата е поинаква и нема веќе да попуштам. Уште работам на себе ама на одличен пат сум. Фала ти сине. Благодарна сум на моите две другарки. Во секакви ситуации ме истолирале на кои и немале потреба. Биле до мене и кога не сум побарала а ми било потребно. Благодарна сум на тоа што стигнав до тоа кај сум денес.
Опа, укинување на дел од државните/верски празници? Се најавува и укинување на префрлање неработен ден ако се падне во недела. Според индексот на продуктивност на еден работник сме едни од најниските во Европа. Читав новина дека Алкалоид ќе увезувал работници од Индија, Пакистан, Бангладеш, а и други приватни компании преговараат со посредници од тие земји. Ваше мислење? Поддржувате или? Непопуларни потези, но потребни. За да се одржува стабилно пензискиот и здравствениот систем стабилен треба најмалку 300 илјади работници да се доведат од страна. Инаку, ќе колабира. Од каде ќе ги најдат, тоа е веќе друго прашање
https://www.slobodenpecat.mk/prazni...N9moJUxyBmHQhMf0Vg_aem_pJrqULBo2E2xSFi_lCp8ww Ова може да го каже само најнеинфомиран и неедуциран човек. Цел свет тежнее кон 4 дневна работна недела. Цела Европа има по 30 дена годишни одмори, и речиси толку неработни денови. Нека не се занесуваат. Знаеме што сакаат да постигнат. Да привлечат странски инвестиции кои порано ги влечеа на евтина работна сила, а сега веќе ни тоа не може ради инфлацијата. Наместо да се позанимаваат со инфлацијата, со скапите станови, коцкарската презадолжена нација во интерес на една рака бизнисмени, тие удираат по работникот. Мизерии неедуцирани.