Ми излегуваше на тикток од време на време. Многу тажна судбина. Многу малку заработил во ББ, и поради лошо менаџирање и крадење од менаџерката, мислам дека и во минус бил на крај. Потоа тешко наоѓаше нови улоги да глуми, а беше пред банкрот поради скапата терапија за церебрална парализа. Не ја глумеше во серијата, стварно ја поседуваше оваа болест. На крај почна повеќе да се појавува во подкасти, со други ликови од ББ. Но, за жал, не беше среќен. Се гледаше дека пати доста и од болеста. Сепак, ова не е решение. Жално што не доби право внимание и помош од поширокиот круг во филмската индустрија.