@GirlLove Види, јас сум била со секој вид упат, а ме имаа примано и без. И сум чекала неколку минути и неколку саати. И сум се паднала прва кај специјалистот иако сум дошла после тие што беа таму да чекаат пред мене, токму затоа што специјалистот и сестрата имаа проценето дека мојата дијагноза е најитна. Некои моменти изгледав како да можам да седам или стојам иако немав сила и се држев само со помош на јаки лекови. Дали мене ми беше непријатно кога влегував пред другите? Ми беше, но бев уверена од персоналот дека не треба да ми е затоа што мојот живот беше во поризична состојба од другите. Знам дека нешто не е фер. Знам дека има секакви во медицинскиот кадар. Верувај ми дека ги видов и арни и лоши. Но, и тие се луѓе. Уморни се. Кога можат, треба да здивнат малку повеќе. Таа работа не е лесна. Секако ако увидиш постапка која е спротивна на законите, имаш право да ги пријавиш кај надлежните. Но, не се жали за банални работи.
Па веќе ако сакаш да споредуваш амерички систем со македонски, убаво е да знаеш дека во Америка здравствените работници имаат дупло повеќе авторитет од македонските и никаде не владее џунгла како тука, ниту пак луѓето се жалат волку многу за обични работи. Да, многу точно. И за секаде важи истото, ако некој не е сконцентриран затоа што одложува основни потреби за да се посвети на наплив на луѓе - резултатот е крш. Концентрацијата паѓа. Освен ако некој не умира, никаде ништо не е толку итно за да се почека 5 минути. Сите, и тогаш кога нудиме услуга и тогаш кога бараме, треба да имаме повеќе трпение за да функционираме колку толку понепречено како општество.
Затоа реков не споредувам. И добро знам за вработените. Зато и реков системот не ни чини ни за здравствени работници, ни за пациенти.
Не ти не рече така. Ти рече дека заслужува докторката некој да и се развика па дури и ќотек, дека не заслужуваат покачување на платите итн. Ако нешто не е дозволено во вашата фирма не значи дека е правилно. Информирајте се и барајте си ги правата. Никој нема да го направи тоа место вас. Пауза за кафе и цигара спаѓа во тие 30 минути.
Реков за сестра. Дојди барај ги и ќе ги најдеш само хаааа. Значи, во ред е ако нема пациент да си замине на пауза. Ок. Не знаев. Немам повик, ќе си заминам на пауза хахахаха.
Ако нешто се продава втора рака, не значи дека е "од порано". Точно дека денес е опаднат квалитетот и баш таа облека најчесто завршува во second hand. Според мене, логично е тоа што е погодено и квалитетно да се носи и користи лично подолго време а тоа што само после едно перење менува и боја и форма да заврши во контењерите за стара облека.
Поклони од роднини кои не ти се погодиле, облека после слабеење/дебелеење, облека со супер квалитет ама тебе ти поминал меракот и не ја носиш туку ти стои само во плакарот, облека со промашена боја ама ете еднаш ја имаш облечено, импусивен шопинг од некој посебно кога се попустите луѓето купуваат многу и со етикета им стојат не ги ни пробале и нема да ги носат. Состојба, материјали се можеш да си внесеш во филтри и да си пазаруваш она што ти треба. Облеката што ти ја опиша завршува во ѓубрето како што кажав. Има материјали кои не се рециклираат. Инсталирај винтед вака од љубопитност и разгледај што се нуди. Можеш многу уникатни парчиња да најдеш. Не мораш ништо да купиш.
Извинете вака, ама да прашам кога се запишува Медицински факултет, да не оди и оперативен систем за чистење на човечките потреби во пакетот? Пошто гледам некои очекуваат доктор или сестра 12 часа на дежурство ниту да јаде, ниту во тоалет да отиде, ниту вода да пие. Сигурно со дипломата им даваат и батерии за полнење во грб. Дај бидете реални бе со роботи ли мислите дека имате работа?!
И мајката на Лара сака да и' исполнува мераци на Лара и тоа нема врска со тебе. Мајка и' на Лара нема обврска да размислува за твоите ставови и стилови на воспитување, има обврска да е добра мајка на Лара. Твое е или да се објаснуваш со твоето дете зошто не може, или да размислиш во што поточно е проблемот (хинт: не е во мајка и' на Лара) Цел живот некој ќе има повеќе од некого или ќе му биде дозволено на некој повеќе, тоа е. Да сум мајка и' на Лара, Лара сигурно ќе оди како принцеза, Снежана, кетвоумен или тренерки, само еднаш е дете и нема причина баш секој ден да ужива во истото кога е возможно. Јас не можам со круна да одам на работа јбг, 5 годишно дете во градинка може.
Утре официјално ќе се регистрираме со жена ми и можам да кажам дека почнувам нов лист во мојот живот и сум пресреќен и спремен за предизвиците шо следуваат.
Со среќа нека ви е другар, да сте здрави и живи, вечни да сте, ви посакувам многу среќа и многу дечиња да си изгледате и радувате