Сакам да кажам...

Discussion in 'Кафе-муабети' started by k.i.m, Jan 30, 2014.

  1. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Joined:
    Dec 25, 2009
    Messages:
    2,623
    Likes Received:
    18,845
    Паника и дискусии на фб за поскапените цени на сендвичите на 7ца. Така да се замараше нашиот народ за важни теми за општеството и државата каде ќе ни беше крајот ехее.
     
  2. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Joined:
    Jan 20, 2020
    Messages:
    2,563
    Likes Received:
    10,204
    Gender:
    Female
    И јас нешто на темава гледав.
    Облеката која нема да се продаде се селектира и она што е непродадено а е празнично или сезонско на пр. божиќно одма се уништува и фрла. Она што е доволно квалитетно да го купи некој од втора рака се продава во бали, на кг на продавачи за стара облека на пазари, бувљаци, а гледам ги има и на соц мрежи. Она што ни таму не се продава се фрла на депонии за текстил. Таква има во ј. Америка која е толку голема што се гледа од сателит.
    Е сега за да се испрати облеката до друга земја до некој препродавач (или да ја врти пола земјина топка меѓу разни продавачи) или да се достави до онлајн купувач чини пари. Се плаќа за транспорт како прво, а како второ уште повеќе се плаќа за складирање. Затоа, за жал, многу производители на текстил, некои парчиња одма ги уништуваат и ги праќаат на депонија. Се друго е голем трошок. Не само сезонските и празничните, туку и оние алишта кои се со толку лош квалитет што знаат дека ни сиромавиот нема да го купи. Имаат вработено сортери кои сортираат уште штом се вратат во нивниот магацин и праќаат соодветно на уништување или на препродавање. Логиката е дека ако нешто е ѓубре што не е носливо, нема да го носи никој, па ни тој што е посиромав. Затоа на депониите за облека може да се најдат и алишта кои уште имаат етикети на нив и никогаш не биле носени.

    Оние што се прашувате зошто и секондхенд е сега поскапо токму заради ова горе што го објаснив.
    Трошоците за превоз и складирање ја креваат цената на производот. Не само побарувачката.
     
    eliesaab likes this.
  3. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Популарен член

    Joined:
    Feb 15, 2024
    Messages:
    2,959
    Likes Received:
    24,996
    Понекогаш лудилото треба да го оставиш само да се демонстрира, а ти да си молчиш. Ова го научив пред некое време, доживеав личен развој среде туѓ циркус. :bug:Престанав да чувствувам потреба да реагирам на сè, ова за мене е прогрес. Мислам, знам да изреагирам, али за некои 70% помалку од порано, не знам што ми се деси.

    [​IMG]
     
    eliesaab, Mishela, Gosh and 2 others like this.