Од чучњеви и други фискултури ме боли гз и нозе, неможам да седнам како човек, се пуштам во слободно паѓање назадачки и се трескам од креветот. И зглобот пак си го оптеретив, неможам да одам. Да не знаете може некој трик за лебдење во воздух или па ако некој сака да му го позајмам тој дел да го истренира 2 месеци во теретана и после да ми го врати? Цени во инбокс. Го пресолив оризот.
Денес е правев ручек. Ама некако не ми се бендисува како готвам. Утре кога ќе се омажам треба да знам да зготвам нешто. Љубовта доаѓа преку стомакот. Не знам дали некоја вештина може да стекне или претходно сме предодредени за нешто. На крај секој има јаки и слаби страни. Секако загрижена сум.
Не се грижи, си доаѓа самото по себе кога готвиш за саканиот. Ништо страшно, па дури и тогаш некое јадење нема да се погоди (не од што нема да знаеш, едноставно се случува). Загрижена повеќе треба да си за човекот, да биде на место. За јадењето јас не би се грижела толку, ама изгледа муабетот е на која до што ѝ дошло..
Мене не ме бива за готвење со тесто, единствено зелник ми успева, друго утка испаѓа секогаш. Панцероти, мекици и такви работи секогаш ми доаѓале потврди од што треба и се откажав од тесто. Си готвам други работи, за други ме бива. Нема што да се обесхрабруваш, секогаш може да се згреши. Ако си почетник во готвењето (по пишаното така ми личи), нормално е да не можеш веднаш толку вешта да си.
И со години кога се готви, се греши. Јас се омажив без вештина, ама не по моја вина. На факултет, на работа, мајка ми не одеше на работа и ако фатев нешто секогаш беше остај, остај јас ќе направам, демек поубаво, побрзо и нема да извалкам. И така сега со гордост си кажувам дека многу повеќе од мајка ми готвам, поубаво и повкусно. Често ми вели дека не ме препознава. Додуша и јас сама не се препознавам Ама ми се јаде, и плус сама сум во кујната што си сакам си правам без некој над глава да ми виси. Мм никогаш маани не ми наогал. И сега откако готвам со години се случува да утнам, ништо страшно се случува. Ќе научиш откако ќе бидеш сама, на раат. Јас не знаев тесто да пофатам, сега и тесто и торти се сама си правам без проблем.
Треба да научиш да си готвиш за себе, за да преживееш. А ако веќе толку сакаш да најдеш некој на кого љубовта му оди преку стомакот, запиши гастрономија, у Велес има факултет, стани шеф готвач како оние од Брза кујна и освои му го срцето на некој со по неколку оброци на ден.
Ќе си почнувам конверзација со здраво, како си? па макар и цел живот да останам сам. Не планирам да сликам кур*ви на 30 години или да праќам мемиња со цел она да не добиела ick. А да, нема исто да бидам искрен за некои работи оти после на глава ми излегоа.
Леле исто . Абе 100 пати ми имаат покажувано како а сама неможам и неможам. Тврдо камен ќе излезе, можам да си го носам со мене како ладно оружје. Едино пишиите ги погодувам некако.
Како и секоја вештина, така и готвењето - се учи. И прво за себе, после за други. Можи и ќе ти стани love language потака. Мене знам дека ми е, се хранам со то да хранам луѓе и да ми кажат дека ептен ги бендиса од презентација до вкус. Ама дур стигнам кај шо сум праев slop.
Готвењето се учи со правење и со грешки (не секогаш испаѓа како што сме планирале). Учи за свое задоволство, за да јадеш вкусно кога ти се пријаде, а не под притисок дека мораш за мажот. Ќе си разгледаш на јутуб или на гугл ако еднаш испадне лошо не мора да значи дека не те бива и професионални готвачи им се дешава да згрешат а па не други.
Не се грижи, лека полека ќе научеш да готвиш, никој не се родил учен, какви утки сум имала ми е срам да кажам Се у свое време.