На кој начин можат овие две работи да бидат поврзани..? Па и на онкологија ги лажеле луѓето дека примаат терапија за карцином а всушност солена вода им ставале во инфузиите. Ако не се лажам и тоа е дел од официјалната медицина... Каде е тука разликата.. А за медицинската измама на векот во 2020-2022 да не збориме. Да не заборавиме дека и голем број на лекари се фатени како непотребно препишуваат поголеми количини од исти лекови од различни фирми само за да фатат квота за бонуси. Дури ги фатија дека и операции на срце правеле без да има потреба за тоа, освен потребата за повеќе пари де. Етиката во медицината одамна е под знак прашалник кога е во прашање профитот.
Кешки да е само во медицината така. Поодвратни и понефер играчи од оние во фарма.индустријата, особено оној нејзин департмент воден само од финансов ќар и профит нема, нажалост. Штанцаат безосетно и безмилосно на туѓа мака, на маката на болниот па и здравиот народ. Што ќе им се толку пари? Што со нив доволни за кизнај кој колку животи? Страшно...ужасно.
И притоа само пробај да кажеш дека имаш некој сомнеж за некој нивен производ и дека бираш да не го примаш одма те етикетираат како игнорантен те обвинуваат дека шириш теории на заговор оние (јАс мУ вЕрУваМ на наУкАта1!!1).
Така де што има проста маса да едуцираат со научно поткрепени докази... Ти повеќе дискутираш за корона периодот јас за нешто безвременско, неповрзано со тоа. Но ајде да е кешки само во мед.и фар.ич да не е во ембриолошка биологија- репродуктивна она масакрирање и молзење на жени само за чист профит, во образование, во судство...во администрација...додај по желба. Кешки само да се сведеше на критика на оние и се она од твојон коментар, ама ете гледаме како е навистина, насекаде.
Извини, ама да ти продава некој квази вакцини по рандом паркинзи у сомнителни коли ете у случајов на медицинско лице за татко болен од рак, или пример да веруваш на рандом особа од интернет дека треба си ја пиеш мочката или солна киселина не е превара, него ли природна селекција.
И јас го мислам истово, ама мал дел од мене (ептен мал) си вика дека можеби, у тие најтешки моменти, кога се работи за некој што многу го сакаат, луѓето се спремни да пробаат сè, со надеж дека ќе го спасат. Али оној поголем дел од мене верува дека повеќето се глупи, ние сме сепак престолнина на суеверието, бајачките, прдеж у тегло можеш да им шитнеш како лек.
Сосема е нормално човек да оди на радикални решенија во последен момент како спас, нема што тука да се дискутира. Ама во случајов не постои измама, платиле што платиле на надрилекари за нешто што свесно знаат дека шансите да функционира се мали или ич, и најарно да си ќутеле и да си траеле. Него мене ми чини ги болат парите што ги фрлиле за џабе, колку и да звучи ова лошо. Мислам, не им давале солен раствор место цитостатици у факинг болница па да бидат измамени.