Многу ми е жал за личности кои имале капацитет да учат и кариерно напредуваат но од некои причини останале да тапкаат во место и со годините неучење дури и закржлавеле. Контра нив нивните колешки се издигнале и константно напредуваат и првиве наместо да ги почитуваат и научат нешто од вториве само им вадат муабети. Бедни души станати и такви за навек останати, а другиве грабат напред независно од се и сите муабети и секојдневно се повеќе чекори се понапред и грабат и грабат и си го живеат животот од соништата на поле кариера. Другиве епа ќе им вадат муабети и снимаат филмови и гледаат сопствената беда во уфилманото. Гревови. Познавам мн. вакви од првиве и секогаш сум им подавала рака. Сега не ги ни фермам, само во себеси длабоко ги сожалувам. Промашен живот...ете тоа живеат, нажалост. Ццц... Бруки башка што е кривично дело.
Не станува збор само за огорченоста од изгубените пари и блиски туку и за поривот да се спречи и понатамошна измама на други во вакви или слични ситуации од надрилекаров. Не само да пишуваат треба и во полиција да пријават и тужат. Ова е кривично дело по закон. Грев е да добиваат дополнителна осуда тие што се изманипулирани плус ова е настан од област што е пресензитивна, но народецов ќе исплука без да си плукне под пазуви да не го здеси по сопствена глава. Тоа е додека не ти се насади во дворот одмини или поплукај или подизнасмеј се, а не дај Боже да осетат на своја глава е тогаш на свој грб 1 стап боли ама кога на туѓ 100 се мавале ако ич не ги болело.