Во пирамидата на човековите потреби највисоко стојат физиолошките потреби па, сѐ додека тие не се одржат не може човекот правилно да функционира.. без прво и основно не може да сѐ премина на второ..
Ми излезе видео од некоја инфлуенсерка ли тиктокерка, кујзнае што е, отишла кај некој чопор кучиња и се снима еве видете како мене не ме напаѓаат, вас ве напаѓаат оти ги малтретирате. Ела сестро заедно зимава на кеј да ме чуваш дур трчам, чим толку не се пуштале ако не ги малтретираш. Или одиш само кај тие што си сигурна дека се питоми, ама немаш муда да отидеш кај некоја глутница у пустелија у 12 навечер кај што никој нема да те спаси... Пошто и јас еве во цела населба ги знам кое какво е со табиетот. Абе со Господ напред да (не) дочекате да ви отиде пола нога, да се влечете по клиника крвави дур ви виси кожа и мускул од рака или нога, да примате вакцини и антибиотици и да се молите да не сте закачиле некоја болештина од плунката нивна. И после со лузни да шетате и да не можете од страв да прошетате на раат. Одете лечете се више.