Сакам да кажам...

Discussion in 'Кафе-муабети' started by k.i.m, Jan 30, 2014.

  1. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Joined:
    May 9, 2011
    Messages:
    1,762
    Likes Received:
    6,645
    Ова со електронската нараквица јас не мислам дека ќе направи некоја промена. Не за друго за да ја стават на некого ќе му треба пресуда. Кај нас нема проблем со пресудата туку има проблем да се дојде до неа. Се заглавува на патот помеѓу пријавата и пресудата.
    Она што на нас како општество ни недостасува е едукација, морална одговорност и емпатија. Кога на телевизија ќе се прекинуваат емисии во кои жената се навредува, се повикува на насилство многу нешта ќе се сменат. Кога професорите и родителите ќе ги учат децата да не се дружат со насилници и кога општеството нема да се сити на животот на жртвата туку ќе ја бара кривицата во насилникот, тек тогаш нешатата ќе се сменат. Ама за да дојде до тоа треба да почнеме од нас. Треба секој од нас да биде гласен.
    Најпрво треба да се бара одговорност и прочистување на програмите на телевизиите, и весниците. (Зошто телевизијата не се извини за оној глупакот кој бараше надзор врз жената? Дали тој беше избркан или суспендиран од работа поради она што го кажа? Зошто сеуште имаме насилни турски серии? Ова се прашањата на кои треба да сме гласни и да бараме одговорност)
    Второ предметот етика и морал да не биде само бубање туку дебата со учениците. Да се научат да разликуваат што е добро а што лошо. (Всушност треба да се провери и кој го предава овој предмет.)
    Родителите малку повеќе да бидат вклучени во воспитувањето и да постои нивна морална одговорност. Пр. Доколку нивното дете е були да бидат принудени да присуствуваат на час за едукација со децата и општо корисна работа. Па да видиме како ќе им биде на родителите и на детето кога ќе бидат приморани да ги чистат улиците.
    Има уште многу нешта ама ете за старт може да се направат овие промени.
     
    Last edited: Nov 10, 2026 at 11:53 AM
  2. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Joined:
    Oct 15, 2025
    Messages:
    1,748
    Likes Received:
    6,210
    Gender:
    Female
    Единствена особа си што е опседната со неверство.
    Мислам нема потреба до толку да си опседната, веќе е банално.
     
  3. UnikatenUsername

    UnikatenUsername Активен член

    Joined:
    Oct 29, 2026
    Messages:
    73
    Likes Received:
    103
    Gender:
    Female
    Океј @FlirtBerry како ти ќе кажеш, така.