А за пробување за дете ако ве замараат, речете им еве сеа пред да дојдеме пробавме, исто сеа ќе идеме во веце да пробаме уште еднаш, ајде ела ако сакаш да видиш дали пробуваме ко што треба. И така
Да бе Велам ај постара личност е, не сакам да се карам, туку ги почитувам, ама тогаш ми се споија жичките. Следен пат ќе им викам да ми бидат жирант ако толку сакаат. Да земам едно кредитче, на бебчето ништо не смее да му фали. Брутално ама ќе имам у предвид и ова.
Вчера доаѓам дома после работа вечерта, си ставам пица да ми се пече и викам ај да си најдам филмче да си глеам. Се испече пицата, ја скролам. Се подолади пицата, ја уште скролам. Ја изедов пицата додека барав филм, се изнервирав исклучив телевизорот и се префрлив на Инстаграм. Мислам мој мој, преку мој. Најарно на времето имаше 20 канали на телевизија, три пуштаат филм, два серија, бираш што ти чини за пет минути и ајт со здравје.