Едвај чекам да ја видам празничната магија на скопскиот плоштад со оглед на досегашните естетски достигнувања.
Мојот живот тргна малце downhill од коа као станав возрасна жена, се уозбилив и почнав да пијам ашваганда па престанав да бидам агресивна и дрска кон одредени копилиња и калаштури. Сеа сум само пасивно-агресивна и проаѓам кроз нив као кроз турски гробишта, али не е тоа тоа.
Што е најсмешно, само на Балканот се кити и дарува за Нова Година, комунистички трауми од детството де, компензација оти не смееле официјално за католичкиот Божиќ, а па ние православците нит чуле нит виделе али глобализација и капитализам, и и тоа им смета у Ноември и тоа. Сегде у свет дента пред католички Божиќ се откитува оти следуваат неработните денови па да биде средено од коа ќе завршат празниците и тоа е тоа. Едино туристичкиве дестинации траат до Јануари негде, да се радуваат туристите да доаѓаат. Ја иам кажувано, нит верувам нит бутур, дома сме славеле све по два пати и католички и православни празници, китам месец дена пред католички, откитувам после Василица во Јануари, сакам градот убав да е, да има базар, да се радуваат деца и народ.
И јас многу сакам кога е украсено, ме нервираше онаа фаза кога фиромските градоначалници глумеа хуманитарци, па као парите за новогодишно украсување ги донираа у хуманитарни цели. Демек, ние сме пресовесни, скандинавци, богови на хуманитарноста, не фрламе пари на светилки и украси. Скрати си од патните трошоци, намали со крадење и со сите можни привилегии и донирај колку сакаш, сакам да ми светка у маглата. И сите почнаа да китат откако Крива Паланка стана вирална на фб ради китењето, а и за инат на Данела пошто од плоштадот правеше повраќаница на Дедо Мраз (не дека овие се поарни кога е естетика у прашање).
Крива Паланка е дефинитивно pet friendly општина, само што приоритет имаат оние со рогови и звончиња. Додека ние чекаме време за кафе, овие крави-манекенки веќе ги имаат истрчано сите модни ревии низ чаршија.
Нормално, мора да ја поддржиме домашната економија! Скапи се ирвасите за увоз, а и не знаат да се снајдат низ паланечкиот сообраќај. Нашите крави се веќе истренирани за на писта, уште Дедо Мраз да го качиме на некоја и спремни сме за празниците. Сепак, Паланка си е преубава па овие само и даваат посебен шарм!
Тие ни време чекаат ни друштво. Во секој момент имаат и време и друштво. Само прашање е во кој локал ке одат во моментот
И така зимава во Скопје, а реално и во целата држава е тмурна и загадена, па преку к*р ако ми кажува некој од кога да се украсува. Празниците и украсувањето се токму наменети за тоа, подобрување на расположение, дружба, прослава, задоволство и радост околу ете така некои мали нешта.
Немом да ги разберам луѓево што имаат како што велат ' Крисмас Муд' уште од 1ви ноември, а нашиот Божиќ е на 7.01. Не ми се јасни, стварно
Не ви здосади секоја година истава тема кој кога треба да кити, аман, кога сакаат тогаш нека китат луѓево, глејте си вашето гајле Китете ако сакате и во јануари.
Мислам дека е safe to say од ноември е нормално да се украсува. Ко, што друго има во ноември за да се радуваме? Ништо. Најдепре месец ми е од цела година, бидејќи е тмурно и ладно, лисјата веќе скоро се попаднати и ја нема есенската убавина веќе. Само голи дрва, облаци, кал и мирис на чад. Во февруари на пример барем денот се зголемува и знаеш дека иди пролет. Декември и јануари се наменети за празници и ајде се турка некако. Ние тука под влијание на западот и нашите традиции сме ко измеѓу ама да ме прашате мене мислам дека е добра работа, замисли да имаш украсено од ноември и скоро цел јануари. Западњациве не разбираат, до нова година ќе раскитат, ние уште месец дена се радуваме и славиме.
Јас или денеска или другата недела ќе ја ставам елката Треба и лампиони да докупам, децата ми ги испокршија пола. И не ми е јасно како така прашувате други кога требало да ја ќитите елката, јас кога сакам тогаш ја ставам. Мој дом мои правила. Леле некој да ми каже немој да ќитиш уште сега.... Слушај ти, ај затни се да не дојдам и твојата да ти ја наќитам !
Новогодишните и Божиќните украси, елки, светилки, Дедо Мразовци, снешковци, црвени панделки и се останато се РАЈ и за очите и за душата Нема цена, нема вредност и нема збор шо може да ја долови таа глетка за време на Новогодишната и Божиќната магија, будии будии мир, спокој и некое убаво задоволство и топлина во себе, буквално да се изгубиш во некоја приказна со тие глетки Им завидувам на поразвиените земји шо овај период блескаат од украси, штета државичево наше шо како и за се друго прави онака ради реда само или пак ич..