Малку назад сум со читање ама да прокоментирам за китење на елка. За мене празниците се традиција. Ама годинава особено сфатив дека поќето празници се во мал прозорец на доцна есен и зима, а другите се расфрлани наоколу. И сфатив дека како и се во религија и традиција, така и ова, има одговор кој е од практична природа. Едноставно зимата е тмурна и депресивна и имаме потреба за малку whimsy во неа. Факт е дека не треба да мрчиме дека некој има празничен дух и од кога украсвал зошто сите сме посебни луѓе, па уше кршење клечки за "наш" и не "наш" празник ко сите да сме исто во државава. Јас следнава недела ќе ставам елка, ама то е поќе ради фактот дека цел Ноември не сум дома инаку ќе беше порано, а Декември ради здраствени причини ќе го прележам и нема да можам. И искрено, радо би да го прележам со елка пред очи. И уште за фемициди. Бев на протестот кој беше неодамна. И секогаш после протест осеќам надеж и светло на крај од тунелот. Овој пат осеќав очај, тапкање во место и безизлезна состојба. И ете само неколку дена покасно имавме два обиди за фемицид. И пак по коментари се обвинува жртвата: да не одела за пари, зошто не го оставила, зошто не напрајла ова, зошто не напрајла она. Ми се гади од општеството во кое живееме и со голем дел од луѓето со кои делиме воздух. Не знам како стигна опресија и насилство врз жена да е толкав дел од културата и толку нормализирано шо голем дел луѓе не ни сфаќаа зошто има протест и сметаа дека самото постоење на протест е навреда и му праело лоши чувства и то било подеднакво лошо зошто да, мојот страв дека некој ќе ме убие, силова, нападни е подеднаков со то дека можи некој ќе ми кажи лош збор или ќе ме кошта една вечера. Ропаци. И како дел од victim blaming е то дека секогаш сме одбирале мажи кои не тепаат, а не фини дечки. И кога ова го слушам од маж ТОЧНО ЗНАМ за каков маж се работи и неќам да ми е во близина и во животот. "Латентни" насилници. Син ми лани само еднаш се закачи на елка. И то многу се израдвав дека имам слика од тој момент зошто остатокот од времето и низ годините не покажваше интерес кон елката и другите укаси. Роберт е on a generational run и со добра причина зошто буквално е камелеон и можи да изглуми се. Да, Џејмс Бонд е површен лик без длабочина и можда му треба попросечен актер, ама ете го земаа во предвид хајпот. Јас сум многу возбудена за ова зошто после многу лоши филмови Роберт ги зема најчудните проекти за да се дистанцира. И не можам да дочекам да видам какви филмој ќе зема само за да се дистанцира од Џејмс Бонд.
Они беа против пошто вмровци ваљда немаа пари за да ги платат, а и други ликови им беа приоритетни на ВМРО (Јорда, Геро, Латас).Тие двајца се тешки спинери, не е пожелно да се против тебе, башка имаат голема публика, одат секоја вечер, можат многу да влијаат врз рејтинг. Вмровци го увидоа тоа и ги собраа назад у стадото. Мене ми е прејак оној Мечка, прво ќе ти каже едно, после ќе се деси нешто сосема трето, и на крај го имаш со: Епа ви реков јас дека така ќе биде, само не ме слушавте.
Мене ич, ама Ич ми нема фаца. Ми личи на вонземјанец па мислам дека такви улоги би му стоеле поќе. Секој си има различен вкус за мажи.
Секој си има вкус или невкус Ок не се дискутира за тоа. Јас ќе кажам едно непопуларно неповрзано со темава дека плавите луѓе се најпреценети, а и те како се ружни и никакви Па како се воодушевуваат некои ауффф Туѓото увек си било послатко де, до тоа е
Јутуб, да го испоштувам како шо треба оти тука се дискутира за него нели Да дојдат и неговите 5 минути доста беше Патинсон
@butterfly0204 Сега јас сум на реееееед. Нека чуе цел свееееет. Дека без тебе јааас. Не, не, не мооожааам Сега јас сум на реееед, да им кажам за нааааааас. Дека без тебе јаааас. Не, не живееееаааааам (Ај сад мало ви)
Тоа што тебе не ти се допаѓаат плавите луѓе воопшто не значи дека се грди и ружни , ниту дека се преценети. Плавата природна коса е генетски ретка појава и очи исто, па и затоа привлекува внимание. Исто така, да тврдиш дека луѓето ги идеализираат плавите затоа што "туѓото било послатко" е прилично безсмислено. Ако веќе зборуваме за идеализација, зарем не е исто толку субјективно да прогласиш цела група луѓе за грда само затоа што не одговараат на твојот вкус? Секој има право на свој вкус, но вкусот не е аргумент, ниту пак личната антипатија е доказ за тоа. На крајот, не е проблемот што тебе не ти се допаѓаат плавите, туку што очекуваш твоето недопаѓање да важи како општа проценка за туѓиот изглед и дека сите мора како тебе да мислат, плус не мора тебе ни да ти се убави ич, но, постои разлика меѓу од "не ми се допаѓаат“ и "грди се“, второто е навреда
Еве ти лајк Бар не кажувам дека Македонците се ГРДИ као некој Имаш и такви, ги познавам. А тоа да, туѓо е послатко, факт е, шо да праиме.