❤️ За јадење касно? Па не е касно ако не си на диета Свака част на луѓето што се дисциплинирани и истренирани да не јадат после 18 часот, мислам уауу 18 часот Ќе цркнам од глад мислам За ова да се изведе ваљда мораш да си легнуваш у 21- 22
Знам дека не се саалам со цени ама постои ли будали што ќе го купат ова? Абе со скоро милионче ќе си купам апартман со поглед на море, јахта и со останатиот дел ќе уживам ко кралица па шта бог даје то. Даај бе има ли некој што ги контролира овие комични огласи? 12.300 евра за м2, каде? Во Лас Вегас или Холивуд или може би на Марс некаде?!
Не сум во депресија, само ми фали попладнето. Ментално И физички. Организмот ми е навикнат да сака да спие штом се стемни. Биоритам е у прашање. Ноември е и неам попладне веќе. Неам зајдисонце за гледање. Неам полека полека затемнување. Неам припремање за вечер. Искачам од работа и веќе е вечер. Да неам дете у 5 ќе си легнам. У пм со зимава. Не е ни зима сè уште..................
Пост - Војаџер стана првото човечки напраено летало шо стигнало на 1 светлосен ден далеку од Земјата Коментари - ова се сатанистички работи, наса е измислена работа, кога ја напраиле златната плоча тогаш Југославија добила нз шо.... Ви завидувам на интелигенцијата. Бар не се нервирате во животот, се ви е рамно, удри бригу на весељје, после комшискиот двор не постои ништо - тоа се само измислици, намерно така ни праат антените....
Братов што коментирал "многу се дупела" под објава за вест за рак на грло на матката кај млада пациентка е исто толку искомплексирано лигле и во живо. Мислев дека ми е само gut feeling кога го запознав ама во право сум била. Чисто да си имате предвид дека вакви си шетаат меѓу нас најнормално, не се некои скриени у пештера. И да, потекнува од "добра" фамилија
Мразам продавници кај што влегуваш да разгледаш како човек и продавачките ќе ти се качат врз глава буквално. Сакав само да разгледам чизми. Уште не влезена. Повелете ? На овие 15% попуст викам ок фала да разгледам пак иде до мене ,позади мене , фатив едни чизми , е тие убаво ќе ти стојат имаме на тие 20% попуст аман више идете упм. Сакам ко човек да разгледам ,ме заболе за попуст и ти да ми кажеш кој ќе ми стојат и шефови и газди ОДВРАТНО Е
Не ми е муабетот толку за позицијата колку за начинот како треба да се биде односот кон тоа како да се сработи (квалитетно, одговорно према задачите итн.). А за МК конкретно, и тука има луѓе кои иако се бројат на прсти, знаат да работат. Генерално проблемите се секаде исти, затоа и реков, блискост нема потреба. Дојди, сработи си како што вистина треба, чука саатот и терај си го животот. Граници јасни мора да се има.
Подобро некој до сеа баклава не опишал , еве устата ми се собра ќе треба да барам некаде да си купам. Иначе во добра диета и баклава се вклучува
Заради тоа не сакам ни во лаш да разгледам зошто одма одат по мене и не можам на раат да си видам што има , ми вршат притисок некако ко сакам чил да си разгледам убаво а не некој да ми дише во врат. Ќе допрам нешто и пола сааат ми објаснува за тој продукт.
Толку години стаж у готвење и памет не ми дојде, секое отварање рерна јас си го пржам лицево, дури носот внатре ме жеже сега
Не ми се верува колку мажи ја чекаа GTA за во неа да можат да одат по проститутки , и се скроз разочарани сега шо неможат пошо карактерот има девојка и е верен af. Значи цркам од смеа
Ако земиш во Скопје ќе имаш шанса да го продадеш за милион/два како одат со цените и оп не еден, два плаца во Дубровник, е сеа разлика е тоа што во Скопје ќе се изнадишеш на загаден смрдлив воздух за тие пари.
Денес на касата во Spar маркетот во Џевахир мол, притисокот ми отиде до 200. Толку спори касиерки, стари, пред пензија веројатно, се движат со 2 на саат, и притоа мува не ги лази. Се направи колона и на двете каси дури до фриждерот со месо. Имаше луѓе реагираа и своите производи ги оставија на рафтот кај мастиките што стојат, и со полно право. Па седете си дома бе, ако веќе не ве бидува за работа, има млади ќе работат. Не знам како ви е на тие што живеете натака и често пазарувате таму