Ако ви треба смеа, одите во моментов на тикток на профилот на Филип МакедонОн, пратете го live-от кај што тврди дека земјата е рамна. Чисто да се запознаете со какви сè луѓе постојат.
Имево checks out. Штом некој има некоја асоцијација со Македонија во јузернејм, знаеш дека има луди постови.
Оглас за вработување во 2010. Праќаш CV, те викаат на интервју, почнуваш со работа од следниот понеделник. Оглас за вработување во 2026. Праќаш CV, пополнуваш еден прашалник, пополнуваш тест за личност, одговараш на бош прашања, прво интервју, тест задача (што ти треба еден ден да ја завршиш), разговор во врска со тест задачата, уште едно интервју со генералниот менаџер. Тука веќе е game over. Thank you for playing следниот ден истиот оглас го гледаш на LinkedIn. Сакам да кажам дека само времето им го трошат на тие што аплицираат.
Незнам за кое работно место аплицираш ама и во 2010 имаше и тестови, и тест на личност, интервју со човечки ресуси, со директор на сектор и со генерален менаџер. Досега 4 работни места сменив, сите 4 ги добив минувајќи низ целиот тој процес. Не ги бројам оние тестови и интервјуа каде бев само за пополнување место. Оти имаше и такви. Од мое искуство само оние со врски го прескокнуваат целиот тој процес.
Баш ова адвокатско друштво работеше на принцип само ако го добијат предметот, тогаш им земаат пари на клиентите. Мислам беше околу 40% од цифрата што ќе ја добијат. И затоа се борат за нивните клиенти. Ако не го добијат предметот, клиентот не им должи пари. Што јас мислам дека е многу фер, за разлика од кај нас. Што на адвокатите не им е гајле дали ќе добијат или не. Секако земаат пари од клиентите.
Овие што викаат "не идам кај некоја набилдана фитнес тренерица, неќам да изгледам како неа" дали и фризерка кога бирате, мора да има фризура ко што сакате да имате? Ако има црвена коса, а јас сакам плава да се фарбам, каква ќе ме направи?
Otidov do voena bolnica, I'm se zapali bolnicata. Sakam da kazam Ako Treba maler za nesto, za sitna para ke I'm se zadesamhahahaha
Сакам да кажам дека леб од црвена леќа воопшто не е вкусно (имам правено). Ама кога ќе видам видеа како други прават и нели пробуваат накрај и како уживаат абе кој го лажете.
Таму кајшто отсуствува науката е вистинско место за нас љубителите на апсурдот да бидеме во првите редови
Абе би отишла шо да не. Ама тоа не значи дека ми се допаѓа нејзиниот изглед и дека нема да ја ругам по анонимните форуми. Еве таа Бубало, за која дознав од тука, типката може се океј прави ама изгледа на мали шварценегер и тоа е тоа. На женско не личи.
Има нешто и до хороскопскиот знак, да не се лажеме Само знајш како велат, сите се лоши, само својот си е најубав.
Мене многу ме пцујат тие што не ме знаат поубаво (туку само на знакот), ама се чувам за посебни луѓе. Иначе сум многу фина иако на прв поглед дааалеку сум од тоа. Минско поле, јбг.
Искрено и јас не личам на женско Имам широк грб и рамена, а потесни колкови, многу пати се разочарувам кога порачувам нешто блуза, фустан онлајн и гледам дека не ми стои исто како на сликата, иако ми е точно. А со трчањево направив и големи листови па немам нешто женствени долги и слаби нозе него така малце крупнички. Дури и најслаба кога бев, со 10 изгубени кила во 2-3 недели, истата градба ја имав горе. Скоро почнав да вежбам со тежини и знаејќи се каква градба имам, нема теоретски шанси кога ќе ставам барем малку мускул, да личам ко истонирана инфлуенсерска туку баш малце појше накај муж. Така да ај полека со ругањево пошто не можеш да диктираш на телото како ќе ти изгледа кога ќе ослабеш, ќе се истонираш или уатевр