Се фасцинирам кога гледа луѓе што така отпуштено си лежат на трева. Јас само да седнам одма, крлежи, бубачки.... ми се вртат во глава.
Дали е нормално у петок у 12 на полноќ да пише класниот у Вибер група дека децата немале прибор за геометрија? Озбилно?
Се прашувам зошто толку многу луѓе гледаат на самотијата како проблем. Интересен спој на карактер сум. Во друштво функционирам феноменално, но додека се натерам да се социјализирам, милион причини ќе си најдам зошто не. Некако со текот на годините сфатив дека сопственото друштво ми е најинтересно. Никогаш се немам изневерено, навредено, повредено, знам да си се насмеам, знам да си се советувам, некако исполнето се чувствувам сама со себе, додека енергетски исцрпено со друг. Констатирав, човек кој што е комотен со самиот себе, практично е неуништлив. Доаѓаме празни на планетава, како растеме не сјебуваат што родители, што општество. Ти всадуваат мисли дека не чиниш, дека треба да си ваков или онаков, ти требаат луѓе за валидација. И едно време сфаќаш дека ниедна вистина не е твоја. Ја бараш сопствената вистина, а кога ќе ја најдеш секоја друга ти станува токсична. Никогаш повеќе не сум се сакала толку себе си, со излечени рани, со излечено ,,јас" како дете. Но, мораш прво да го изметеш дното, убаво, темелно, од туѓа енергија, туѓи размислувања, трауми, за да можеш да ја добиеш празнината и просторот каде ќе почнеш да ги редиш твоите сопствени емоции и мисли. Еднаш кога ќе го направиш тоа, сфаќаш дека животот не е само убав, туку уникатен и чувствуваш жед да го живееш. Многу луѓе сметаат дека треба да се живее само ако си среќен. Колку не. Колку убавина има и во болката и во лутината. Практично тие две емоции те прават најжив, затоа што најмногу се чувствуваат. Но, луѓето се плашат. Се плашат да чувствуваат и преферираат цел живот таа потисната болка да ги обликува. Каква иронија. Сакаат мир, а не прават ништо да го добијат. Најскап е. Затоа што не можеш со пари да го купиш и нема никаква цена. Туку страшна болка, на која треба максимално да работиш и да се здробиш додека не ја извадиш. Бараат магичен лек за своите состојби. Тоа е и всушност самата психологија, да те доведе до таа состојба на сопствен мир, но по цената што многу не би ја платиле. Верувам во свесност, како единствена своја религија. Еднаш кога ќе се слушнеш себе си под егото, сфаќаш колку е само една виртуелна игра овој живот на земјата, а луѓето пресериозно ја сфаќаат. Можеби затоа преферирам самотија, секој околу мене глуми, сите поаѓаат од сопственото его кое им кажува кои да бидат, а не кои се. Не дека мразам луѓе, туку навистина ми е драгоцено сопственото друштво. Доволно ми е само оној што сум го избрала да биде покрај мене и детето што сум го создала, да му ја пренесам бесплатната лекција што ,,најскапо" ја платив. И најголемата илузија што луѓето ја врзуваат со простувањето е што всушност и не го разбираат неговото значење. Не е поентата да заборавиш што ти се случило, дури тука егото ја има најголемата улога и само тука има најголема корист. Те има научено како да преживееш. Поентата е токму да простиш на себе, за нивните постапки, за тие духови од минатото да не те држат со синџири. Мислат, ако не му простат на некого, дека ќе го повредат, а всушност себе си се повредуваат затоа што ја даваат моќта на друг да влијае врз нивниот живот. Дефинитивно и слободно можам да кажам, простувањето е најтежок, но последен чекор кон себеисцелување. Не значи дека треба да простам и да продолжам да негувам однос со некаква личност која ме повредила, напротив, си ја сфаќаш сопствената цена и дистанцираш се што ти го одзело достоинството и мирот. Затоа си ја сакам самотијата. Си ја чувам и негувам како никогаш до сега. Не зависам од туѓи очекувања, од туѓи сфаќања. Живеам баш како што ми се живее. Немам цел никаква и токму тоа ме прави пожива како никогаш до сега. Баш живеам и чувствувам и конечно ги гледам боите на светот.
"Родители" што ги оставаат децата да урлаат, пиштат, бркаат и шутираат гулаби и птици, грабаат мачки, кучки и све остало за опаш, да плукаат, туркаат други дечиња. Ако, остајте си ги, ама да не се чудите коа некој друг ке ви го пипа детето. Превоспитание на сите колективно ви треба, не само на децата.
Само мене ли брзо ми здосадуваат парфеми? Ќе ми се допадне некој, ќе се опседнам некое време, после ми станува гаден и кога ќе се потроши, купувам друг. Откако ќе помине време, може пак да се вратам на некој веќе користен. Се презаситувам и мора да го сменам, ретко некој парфем да го имам користено дооолго време, да купувам еден ист со години, нема шанси.
Некое посебно задоволство е кога ќе си направиш некој здрав оброк, доручек, ручек, било што, што е здрав и прееевкусен и едвај чекаш да си го зготвиш пак. Со комбинација на некоја маринада и зачини без многу да го правиш нездрав, му додаваш преубав вкус, подобро од било која брза храна. И уште побитно, те држи сит со саати.
Кажа колку само да се кажело нешто. Инфарктот не можеш во целост да го превенираш, ниту пак секогаш зависи од здрав начин на живот. Зборував за естетика и изглед особено кога со нешто професионално се бавиш, не ми продава продукт ако самиот не изгледа како да го користи или изгледа.
Се загледав Кардашијанс. Алал да му е, како живеат. Еднаш Јапонија, после Лас Вегас на концерт кај Шер, сега играат Softball. Ми се допаѓа што си го праат животот интересен, цела фамилија се собираат, играат.
..сакам да лежам во зеленило, ептен ми се седи и во шаторче ама сама не ми се „талка“. Од друга страна, не ми се прави притисок да влечам на сила некој што не сака (а ретко кој сака); просто сите се измодернизираа и неам луѓе за по ливадите и за по селата.
Деновиве на социјалните мрежи кружи едно кратко видео кое ме натера сериозно да се замислам и сакав да го споделам тука, бидејќи совршено ја отсликува реалноста за која често молчиме. Видеото започнува речиси комично, како цртан филм. Пред камера седат и даваат интервју три „страшни“ чудовишта од скоро секоја детска соба и поради кои секое дете се крие под јорганот. Едното чудовиште од под креветот, другото зад завесата, третото од плакарот. Си се жалат за својата работа. Велат дека ги користат сите стари трикови: гребат со канџи, тропаат со закачалките, прават сенки, ама ништо не помага. Малото девојче Мила повеќе воопшто не се плаши од нив. Само тивко лежи в кревет и гледа во празно. Збунети, чудовиштата решаваат преку ден да ѕирнат во куќата за да видат што се случува. Ја гледаат Мила како си црта на масата, се додека не се слушне звук на автомобил и клуч во бравата. Таткото се враќа од работа. Во истиот момент, мајката со тивок, уплашен глас и вели на ќерка си веднаш да оди во својата соба, со тон што веднаш ти станува јасно дека таа реченица е изговорена стотици пати претходно. Набрзо, од кујната почнуваат да се слушаат гласни викотници. Звук на скршени чинии. На крајот звук на удар. Во тој момент, насмевките на трите чудовишта исчезнуваат и нивните лица се претвораат во вистински ужас. Се гледаат меѓу себе, а едното чудовиште тивко изговара: „Никогаш во животот не сум видел толку страшно чудовиште... Децата би требало да се плашат од темнината, а не од денот. На крајот, наместо да ја плашат, чудовиштата ја наоѓаат Мила како плаче на подот во собата и приоѓаат и нежно ја прегрнуваат за да ја заштитат. Секое четврто дете во светот живее со мајка која е жртва на семејно насилство. Ова ме погоди затоа што многу често кај нас знае да се каже „нека си ќути за атер на децата“ или „битно не ги тепа децата, само со жена му се расправа“. А вистината е дека децата не мора да примат физички удар за да бидат директни жртви. Тие се слушаат, се впиваат и нивната тишина и повлеченост не се знак дека „не разбираат“, туку знак на длабока траума. Најстрашните чудовишта не живеат под креветот, туку зад затворените врати во нашето соседство и крајно време е како општество да престанеме да ја вртиме главата настрана.
Кога двајца момче и девојка се запознаат и притоа се роди љубов помеѓу нив двајцата тоа е океј и е нормално и убаво е. Остануваат тие двајца заедно се венчаваат, си прават куќа, има се раѓаат деца, ги растат и така натаму само убавини се до староста кога го напуштаат овој свет. Но, не е убаво кога поединец често ги менува партнерите или партнерките се со цел да научи што сака во една врска. Толку ли не може да разбере тој поединец или таа поединка што сака без да менува партнери/ли за секс. Се до стари години останува самец. Не ми е јасно.