Незнам од каде да почнам, не да се жалам.......... само ми фали еден момент, една песна ме потсети на тој момент и неможам да го извадам од глава, можеби ако го напишам и ќе ми помине. Почна 3 саати пред да се случи, а се случи 3 саати од кога почна.....и заврши, мислам, момент, завршува уште пред да сфатише дека почнал, но трае и од кога ќе заврши, трае како броевите, ги пишуваш вечно и никогаш немаат крај, освен кога ќе престанеш да ги пишуваш, и ова ќе заврши, кога ќе престанам да го пишувам ?! Не, кога ќе престанам да живеам. Се сврте излегувајќи од купето, ми мафна и се насмевна, како да сакаше да ми рече, ќе се видиме. А јас седејќи со скрстени раце, само блага насмевка, отсекогаш сум се прашувал што ли значи таа ? Некогаш учтивост, некогаш помирување со "судбината", замор, но најчесто болка, да не речам солзи преточени во една линија која ги крие стиснатите заби, не од лутина, стиснати од солзи, мислиш, ако ги отвориш ќе ти го полијат лицето како отворена брана и ќе ти ги удават сите чувства што лежат на него. Ќе овенат и доброто и лошото, како антибиотици, се додека не станеш имун на сопствената "сол" и истата место да ги мие бразите низ коишто тече, почнува преку тие вдлабнатини да пече. Да се навратам, незнам ни јас што значеше тогаш, а она, таа беше сплот на пролет, иако беше лето(во), немаше ни бразди на лицето, беше премлада за солзите да и направиле, имаше и насмевка, со заби и исчезна, но само од видикот, камо да беше тоа единственото место од кадешто ќе можеше да се исчезне. А мене ми остана само едно прашање, каде ? Каде ќе се видиме, само во мисливе ли И ? Јас незнам друг начин!
Како дете мало сум кога читам некоја појезива книга од која ми се ежи кожата и ми подрипнува желудникот. И читам упорно пред спиење иако знам дека ќе ми биде страв да заспијам. И еве вака, сега чекам да се раздени, да ми пројде стравот, па да заспијам.
....Imam zelba,da gi vidam moite deca sozreani,izgradeni licnosti....da gi cuvam nivnite deca...sakam da Mozam da im pruzam ljubov...zivot...niv im treba zdrav roditel,priseben.samo majkata znae sto e najdobro Za decata.site zborovi I obvinenia padnati na mojot grb ne mi znacat Nisto...jas Znam sto pravam.MOITE DECA NEMA DA ZIVEAT VO NEZDRAVA SREDINA I POD TORTURA. SVATI LI TATO STO TI KAZUVAV? NE PLACI SEGA...MOITE DECA KE IMAAT ZDRAVA MAJKA,SREKNA MAJKA...MOITE DECA KE IMAAT MAJKA... Samo majkata znae sto e najdobro Za nejzinite deca...
Сонував кошмар. Како сум работела во козметички салон на Црна Мачка и нокти сум правела. Арно ама сум имала и службен мејл со кој сум се регистрирала на фемина. Оваа видела дека НЕ ОБАВУВАМ СЛУЖБЕНИ активности само преку него туку и други и ме дочека со камшик на работното место, ама онака скар фејс свртена, а во позадина ечеше САМОООО, САМООО од Стоја... и ми викна полиција. Полицијата ме уапси и ме екстрадираше во Америка. Не во затвор, туку онака, не знаев дали да и бидам захвална или да ја тужам. Ало... што ми е???????
Колку само ги сакам сите тие убави пригоди за кои целото семејство е собрано, оние посебни денови за кои однапред неуморно се спремаш, со љубов смислуваш изненадување и едвај ја чекаш силната прегратка и насмевката на лицето која ќе ја предизвикаш со твојот гест. Ден за многу прегратки и изненадувања за мојата најдобра пријателка и најголема поддршка во животот. Личноста која секогаш знае да ме развесели и натера да продолжам понатаму, која самата по себе ми е најголема мотивација со помислата дека ќе ја направам горда и ќе нацртам насмевка на нејзиното лице. Уште од мала се радувам кога некоја ваква пригода ќе се падне за викенд, па цел ден да посветам на тоа. Се сеќавам порано за родендените на мама, ќе отидев во соба и ќе ѝ кажев дека учам, а всушност околу мене светки, фломастери, ножички - се` спремено за подготвување честитка. Е сега само честитките ги заменив со домаќинска работа, од сабајле со мерак станување и тортата спремна, а претходно вчера цело претпладне мозгање што последно ми рекла дека би сакала да си купи и една долга прошетка по продавници. Стануваме денеска, јас и тато си се однесуваме како секој обичен ден, и ни обиколува нешто - денеска кој ден беше... а ние после петнаесетина минути одеднаш доаѓаме со тортата и подароците и секако следуваат најтопли прегратки и најубави желби. Во бескрајната среќа на вакви моменти сфаќаш колку си богата... Мамичке најмила, нека ти е најсреќен роденденот!
Вистинската среќа е во малите работи. „Научно’’ докажано од моја страна ме радува кога сум си со дечкото,каде и да сме. Не ни требаат ни пари,ни ништо... само заедно да сме си. Ме радува моето семејство. Немаме многу пари ама имаме слога. Друго ништо не ми треба само да сме здрави,живи и среќни. Ме радува кога сум во друштво. Ме радува миленичето,мал муабет со комшиката,семејни ручеци во сабота и недела.. Ме радува кога се смеам на глупи шали,ме радуваат ситници... Мило ми е што уште од седумнаесет години научив дека парите не се ништо во животот!
Само во филмовите мртвите оживуваат, правдата излегува на виделина, љубовта е возвратена, секој проблем има решение.Во реалниот живот не е така.
сакам да кажам дека животов е суров и сите луге се лоши и злобни секој само гледа како лошо да ти направи ..аман бе луге..па еден е животов гледајте убав да го направите не само на некого лошо да му нанесете.зашто е се толку комплицирано кога може да е едноставно и убаво.на никого лошо не му посакувам ниту му мислам баш напротив гледам на на секого да му угодам ама гледам дека е џабе така да од денес нова приказна ке гледам ја да сум срекна и веке уво не ми чуе за ништо
Вие што си игравте мајтап со оние кои не можат да изговорат некоја буква,далеку ли стигнавте во животот?!
поздрав до девојките кои растураат врски ... слободно земете си го дечкото .. тука се гледа колку е он вреден еден ден и вие истото ке го доживеете од него
Гордост .... Некој воопшто ја нема а на некој му е најголемиот непријател . Јас спаѓам во втората група на луѓе . Таа ми е најголениот непријател затоа што ме спречува во некои работи . Полесно би ми било да направам нешто што физички повеќе би ме исцрпило па би било невозможно дури и да се направи , отколку на некои личности да им се извинам , честитам или било што да направам што не го заслужуваат . Тоа е така затоа што тие личности немаат карактер ниту пак знаат да се однесуваат . Од таквите ми се гади . Но како и да е . Ја сепак нема да си ја погазам гордста за такви како нив . И нема да им дозволам да си ја постигнат целта .