Фебруари одсекогаш ми беше тмурен месец. Месец на неизвесност и куп непроспиени ноќи, а кога не спиеш размислуваш за се', од Морава до Дунава.Тоа баш и не те радува ако не ти иде како што сакаш. Месец на депресија и депресивни луѓе. Евривер.
Ооооооој људи. Еве сум ја,од 1 искочена,сеа прибрана. И после следи она...Tи куќа имаш ли бе? Иам ја куќа,ама сУбота е. И најбитното од цел ден: Тушот за очи ми издржа точно 10 ипол саати без размачкување. Sucess! Ајт убава ноќ,и сама незнам шо зборам.
Многумина се чаталат дека биле подготвени да умрат за Македонија! Е тоа е лесно бе , „патриоти“ -Да ве видам да сте подготвени да живеете за МК е тешко-то!
Сакам да сум баба меца, да заспијам и да го преспијам ова ладно време! Да се разбудам во најубавото и топло време кога се цветааа Мразам зима!
Ајде и јас да шкртнам во новата тема, односно старо-нова скд. Добра сум, досадно ми е. Во најмала рака, незнам што со себе. Кога сум на факултет и кога имам предавања секој ден, кукам за одмор и сон. Во деновите како овие, плачам за некоја обврска плус за да не заборавам да бидам одговорна. Никако да ми погодат. Постојано слушам едни исти муабети. Дали тоа почнувам да се напнувам? Да. Секој втор ме дочекува и испраќа со истото ајде иреплејсбл, кога свадба? Ни се игра знаеш како иде тоа. :geek: :geek: Па што да правам јас ако ти се игра бре? Едноставно е. Пушти си радио и ѕенѕај до сабајле. Им` се играло. Немој не ме радуј. Досадни се како мува околу гомце. И тоа од оние коњските. Иш бре!
Чувството кога сфаќаш колку си несреќна. Кога преку ден глумиш лудило и се трудиш се` да изгледа совршено, кога под насмевката ја прикриваш тагата насобрана во душата, кога не дозволуваш другите да ја видат твојата тага. А, навечер кога сите ќе заспијат, преку солзи да излезе сета тежина и тага што ја чувствуваш. И тогаш, всушност сфаќаш колку си несреќна и се враќаш во реалноста, која преку ден упорно ја сокриваш пред другите. Не знам. Според мене подобро е реално да гледаш на работите, отколку да размислуваш оптимистички и да го гледаш светот низ розови очила, или да ја прикриваш реалноста, а подоцна да се разочараш од суровата реалност. И тоа да те докрајчи. Бидејќи колку и да глумиш, на крајот од денот се враќаш во реалниот живот. Сите слики ти поминуваат низ глава, те мачат, те уништуваат. И се трудиш да заспиеш и барем малку да не мислиш на тоа. Јас, кога би можела би била најсреќната личност на светов и постојано би се смеела. Но, немам причина да бидам среќна. А и да сакам не можам. Има луѓе кои и покрај сите проблеми се секогаш насмеани и расположени и успеваат во сета темнина да пронајдат малку светлина и после се` да застанат на нозе. И им завидувам на таквите. Јас, колку и да се трудам не можам. Кога тогаш ќе излезе се` од мене. Имам семејство какво што секој посакува, но недостигаат многу работи. А за таа среќа потребни се баш тие работи, кои јас за жал, моментално ги немам. Потребно е само една работа да се среди, па потоа другите сами по себе ќе си дојдат на свое место. Знам дека е период, знам дека ќе помине и се` ќе биде во ред. Убедена сум во тоа. Не е прв пат да се чувствувам вака. Но, моментално не можам да бидам среќна. Можеби некогаш.
После се, мене се ми е пресмешно... После се, глупости не ми се важни. Ниту одредени ликови, ниту одредени постапки. Само повеќе јасно од каде некои луѓе се чувствуваат поголеми или помали од другите. Зошто секогаш бараат нешто или даваат нешто... Очичките ми се 50 денарки, душата среќна. И фемина е досадна... и е глупост... ако гледаме реално. Сајонара.
Ноќва на прозорецот ми застана пеперутка,веројатно и беше ладно па иташе кон светлото ,лесно замавнуваше со крилјата, го запалив надворешното светло студено е,таа бара топлина. Не ми мирса на пролет, а и сакам да задоцни. Студот ме убива,ми ги замрзнува мислите јас мислам на топлина а сепак му се нудам,можеби така помалку боли.Понекогаш во полупразен автобус гледам низ замаглените прозорци,свет зад стаклото,мечтаам, се сеќавам. Немам инспирација. Мразот се простира на тротоарите. Деновите заспиваат ноќите се будат. Полни дискотеки мрак, се обидувам да сфатам за што сонувам. Ме плаши ветрот. Ги затворам очите,се барам. Понекогаш ме нема,се кријам зад трепките.
Чуден е животов, а уште почудно што луѓето, некои работи кои ги прават, ги повторуваат, се вртат во круг и така одново...Особено кога нема некакви несреќи, пример, ко што прочитав пред малку за некој вулкан што се активирал, настрадале луѓе, можеби тие луѓе претходно биле едни против други меѓусебно и одеднаш кога се случува несреќа, одеднаш се сакаат, си помагаат, заборавиле се што си направиле лошо меѓусебе...Веќе тоа не им е важно, нели, нормално поважен е животот кога виси на конец, токму во тој момент се прави тој пресврт на настаните во животот.А претходно, наплаќање на сметки, па и пресметки заради тешки проблеми, кои можеле на подобар начин истите да се решат, расправии, омраза и сл., се случува несреќата, сите се сакаат, а подоцна истата песна и така во круг.А минливо е се, па дури и човекот.Можеби би требало да се направи обратното, не во 5 до 12 кога можеби и е веќе доцна.
Ма проклето нека е се. Нема надеж за нас, кој од кој порасипани сите... Колку проклето ми е тешко... Немам ништо, немам ни дом веќе (знаете дом, она место каде што се чувствуваш апсолутно безбеден), немам љубов, немам сила, немам амбиции, немам желба да се борам... Само болка, гнев и омраза... Собирам болни чувства во мене ко некое чудовиште. Така и се чувствувам...
Аман де немој така негативно, мора да има некоја светла точка и оттаму ќе тежнееш сета мрачнина да ја истераш од себе и да донесеш светлина во мрачниот тунел во кој тврдиш дека си сега. Обично како се чувствуваме, таков ни се чини светот. Кога сме среќни и весели, целиот свет ни е позитивен и ни се чини ќе полетаме уште малку кон Месечината. И обратно, кога сме тажни и несреќни сметаме нема ништо позитивно на светов. Издржи ги искушенијата затоа што тоа е навестување дека подобро време ќе дојде откако бурата ќе пројде, ама не се знае колку ќе трае тоа е зезнатиот дел хехе. Learn how to dance in the storm. Ќе помине што и да е затоа што heaven is a place on Earth. http://www.youtube.com/watch?v=vFPajU-d-Ek
Не можам повеќе. Не се издржува. Од болното, поболно. Од тешкото, потешко. Од празното, попразно. Spoiler Не сум јас за овој самечки живот. Ми фалиш. Те сакам назад.
Среќни се луѓето кој задоволството го пронаоѓаат во малите работи, колку и да ви е тешко нема предавање животот е борба што побрзо тоа го сватите тоа поубаво за вас... Добро утро на сите... Пс Какви мисли таков живот
Живееме во доба на лицемерни луѓе, во доба каде што голем успех е да повредиш и понижиш некој, не знам дали е до мене или до луѓето али не памтам кога последен пат некој ми има кажано добро утро/добар ден муншајнке со искрен тон и со топла насмевка, насмевката што можеби ќе ми го поправи веќе уништениот ден.. Тоа време изумре полека но сигурно исто како и изумира и искрената љубов..
MoonshineAnne знаеш зашто се луѓето лицемерни и неискрени? Затоа што се плашат од сопственото јас,се плашат да се покажат во вистинското светло,се плашат да не бидат повредени,мислат ако си ги кријат чуствата и емоциите и бидат нешто сосема друго ке бидат посреќни,и ке живеат во светот на бајките,таканаречен совршен свет за нив само познат,чудно нели а пак има разочарани.
Некои својата (да ја наречеме така) зрелост ја искажуваат преку „Леле, остави ги, деца“ или „П'ф, деца...“ Не би одела подалеку бидејќи некој може да се пронајде, па мислењето да биде прогласено за навредливо, па да биде избришано...
Аа сега Дрим ќе ве тепа вас,срам да ви е,од каде знаете дека не ви ги читаат мислењата?Вие не игнорирате нечии постови?Доколку немате лајкови на мислењето не значи дека не ви ги читаат мислењата.Може некои ги скролаат детските мислењата,но генерално не е така,па и искрено некогаш сме сигурно напорни,деца бе луѓе деца. Ајде уживајте,не туку си ги напнувајте главите со тоа имаме многу за учење(барем јас :geek,а исто одделение сме така да и вие имате за учење. Одам да учам...
Се сеќавам пред 2 години, беше четврток. Се враќав од училиште нервозна, а мајка ми ме пречека со огромна насмевка на лицето. На масата во дневна имаше колачи, а мајка ми ми подаде од нив. Ја прашав кој е поводот за ова, а таа рече само „Стана тетка!“. Вртев низ куќа, се смеев, гласно викав од среќа. Следниот ден на училиште гордо ги честев сите мои другарчиња со колачи. И така си минуваше времето, па дојде денешниов ден. Денес тоа мало ангелче прави 2 годинки Летово ја учев да изговори тета, ама не можеше. Пред 2 дена на скајп тоа малечко сонценце ме нарече тета Колку брзо порасна. Биди ми живо и здраво уште 100 години, теткино ангелче
Убаво е кога знаеш дека си опкружен со луѓе кои ти ја нудат својата љубов не очекувајќи ништо за возврат....самата помисла те прави среќен и навистина уживаш во тоа....