Памтам кога бевме мали, кај баба ми имаше еден комшија се викаше Миле. Тој Миле порано бил поп. Не поминуваше ниту една посета на баба без да му се запее на дедо Миле под прозор : Визба стара и гитарааааааааа, рокенрол експлозија, а во бендот гајда свири дедо Миле поп во пензијааа !!!! Жал ми е што денешните песнички ја немаат таа убавина како тогашните. Е ај спореди Врска си нема.
Она кога некој ќе ви подари честитка или вие ќе подарите честитка со искрени желби за новиот почеток. Има некоја посебна магија во честитките, наместо СМС пораките.
Цел ден само учење и учење...ми прсна главата. Едвај го чекам петок, времето кога мојот мозок ќе оди на пасење.
Во вторник, во училиште имаме новогодишен панаѓур, па секој треба да направи по нешто, дали некои колачи, некои новогодишни честитки...јас реков дека ќе правам новогодишни честитки, но немав баш некои идеи, но кретивноста на @AnaKarenina многу ми помогна. И пишав ЛП, ми објасни како да направам 2 честитки, од најлесните, па еве го крајниот резултат. Не се убави како нејзините, а и ракописот малце ми ги расипува, но битно се потрудив да направам нешто, сепак трудот се исплати. И тука јавно да си кажам и симнувам капа на Ана Каренина, за нејзината креативност.
Во некој замислен, дааалечен паралелен универзум можда и за мене подолг рок за извршување одредени обврски значи правилно распоредување на истите со нормална брзина на работа и количество на стрес. Ама тоа што сигурно знам е дека во овој нашиов, кога некој ќе ми даде повеќе време на располагање - секогаш во замислениот речник у главата ќе си го преведувам како „те предизвикувам највеќе што можеш сите обврски да ги набуткаш во пет до дванаесет (тука замислете си го столчево како фигуративна илустрација)“. Секако тука следи одговор у don't underestimate my powers стил, стресови со ветување дека нема да ти се повтори, до следечи пут и пак repeat... Long live procrastination!
@Someonespecial Абе ако сам чоек не си даде оддишка, професорите сигурно нема да те остаат да здивнеш. Барем јас така се тешев додека бев ученичка и студентка. Сега не се ни тешам, пошо веќе не ја ни сметам прокрастинацијата за вина. Мудро си ја преќутувам. Живело пет до 12, времето у коешто се решаваат најклучните работи.
Девојки, како сте? Се спремате ли за "најлудата" ноќ во годината? Мене ми се скрши филмот, оти како и секогаш нема организација. А баш сакав да сменам малку по повод празникот нели, ама кога се остава се во 5 до 12, фала Богу дека нема ништо да излезе. Елката ми е накитена, башка и нова ми е оваа. Старата беше колку мене, скоро 24 години, па време и беше да ја смениме. Украсите се поставени по дома, светилките вклучени, сјае целиот стан! Само штета што единствено мајка ми е дома. Јас овде, татко ми пак се врати во странцијата, брат ми во Ск, и нема кој да го шири празничниот дух. Оваа зима сум носталгична, и се нешто ме тера на плачки. А можеби и не е до маглата надвор, туку во празнината која ми ја гори душата секојдневно. Еден куп прашања ми се појавуваат, а одговори немам, или не сакам да ги пронајдам... Се надевам дека подобра година ме чека после 31ви декември... п.с. Еве ми ја елката!
Бројам денови. Уште 15 дена . Толку им беше ја спукаа и вчера и денес . Морам да седам во ладново да не ги слушам како рикаат . И да се тресам од нервоза секои десет минути . Што ми требаше да идам у сред зима . Има 8 месеца у годинава кога скопјево не се гушам од мугла и можам да шетам . Море што ми требаше да идам уопште . Ебаго. Земјава... Боже молим те да не морам пак да идам у земјава никад да не се вратам
Која недела следува .... ако преживеам оваа недела уште 100 год. Ќе живем (нешто што велам за секоја најтешка недела со тестови и испитување). But Hey! I don't give a damn.
Би раскажувала за него сега, утре, задутре дури и ако поминат многу години, би се сеќавала на првиот поглед како и сега што паметам. Високо згодно момче со широка насмевка и големи крупни очи кои светкаа на многу посебен начин додека ме гледаа мене и сега се посебни но тогаш .. ахх дали некогаш би заборавила на тој прв поглед. Навистина беше љубов на прв поглед. Некои ќе кажат деца сте уште не сте ја почувствувале вистинската љубов, но не е така. Тој ми беше прв во се, го чувствувам како своето срце, неизмерна љубов, дури и да не бидеме заедно некогаш, би се сеќавала со насмевка на него. Зарем некогаш би го заборавила после толлку поминати работи? Има една мисла која секогаш му ја кажувам а вели.. "Те caкав и те сакам, па ако е тоа грев го молам Алах никогаш да не ми ги прости гревовите" - Мошин Ибн ал Ансари Навистина го сакам и не би можела да замислам да сум без него, засекогаш да сме заедно би сакала јас
Ех, колку се радувам кога треба некому да купам подарок. Со другарка ми секоја година си купуваме подарок. Онака во некоја кутија повеќе мали работи кои многу значат. И не, не е важно колку со колку пари е купен подарокот, важно е вниманието и посветеноста на она што го подаруваме. Минатата година спакував повеќе мали работи во една ќеса и некако многу празен ми се чинеше подарокот, па си седнав, од интернет пронајдов кратки смешни текстови, па ги напишав на листови, па ги расфрлав низ ќесата, сама направив gift tag, го закачив. Оваа година ќе го направам истото, всушност ќе се обидам да бидам покреативна. Другарка ми секогаш се радува на нешто што е DIY. Израдувајте ги саканите, подарете им нешто за кое знаете дека ќе им значи.
Само да се поздравам Недостигате по малку. Малку повеќе,уствари. За три дена ми е Божиќ,па сакав на сите да ви ги честитам празнициве и новата година. Многу среќа,здравје и сите желби нека ви станат реалност.
@AziskaStrslenka ,нека ти е среќен празникот! И немој да си мрднала овде,биди активна! На тој што му сметаш фино лепо нема да те чита,а ти пишувај почесто и на чет да доаѓаш! Знаеш дека недостасуваш многу на форумов. Edit: Ќе почнам потписи да собирам од форумџииве,така да cи знаеш!
Одев предалеку. Сакав да искусам што повеќе возбуда, да го допрам и врвот и дното, да уживам и во двете крајности, животот да си го направам една интересна драмска претстава. Кулминацијата ја преживеав, но перипетијата ме сруши. Природата се движи ретроградно во мојата среќа. Но, не ми е жал.
Сакам да кажам дека љубовта е нешто многу големо, што ни од илјадници милји неможе да се сокрие и да не се препознае. Вчера имав прилика да присуствувам на настан каде насетив многу љубов топли природни луѓе со чувства со енергија во нив. Тоа влева надеж, препиши им на младост препиши им на лудост... Малку сум само целата во прашалници зошто почнав да се воодушевувам на луѓе полни со енергија кога и јас самата бев една од нив..веќе не се чувствувам така а немам поим зашто. Се се тешам дека е некоја преодна фаза на зреење, но несакам да станам од оние саркастичните девојки што делуваат како се да знјаат изморени и истрошени...Камо малку позитива, без се ќе издржам но оној мој смешко дух несакам да го изгубам. Се грижам многу.