Ми се плаче. Не дека се случи нешто лошо. Напротив. Денес, како подмачкано си врви денот. Ретко се случува ова. Но, на крајот од денот, се чувствувам празно, напуштено, душата ми гори.
Кога ќе се потпреш само на себе и ќе сватиш дека можеш да живееш без секого,тогаш си на вистинскиот пат.
Кога ќе се потпреш само на себе и ќе сватиш дека можеш да живееш без секого,тогаш си асоцијален чудак со нагони за социопатско однесување(аууу сwатко)
Толку горчина. Бес. Едноличност. Адреналин. Разочарување. Емоција. Пад, Гнев. Многу,многу агресивен гнев. Бегање. Соочување. Тишина. Молк. Вресок. Среќа. Себична среќа. Страст. Ужасно перверзна страст, нескротлива. Зрак, еднасочен. Светол блесок.
...еден по еден сите напуштаат, порано или подоцна, го фаќаат својот пат и не им е гајле што и со кого поминале Се. Браво за храброста, ако може така да се нарече она кога веќе "немаш потреба од пријателство", До пред некој ден, на работа ме пречекуваше најмилото суштество, за кое бев сведок на неговото измачување а незнаев како да му помогнам, Всушност, веќе му беа помогнале со инекции, ама таа глетка не само мене, се уште ни е пред очи на сите. Жално... како само имале душа да го затрујат ?!! Тој (вучјакот) никогаш не залаја на некого а не пак да касне. Сега утрата не се исти, кога го нема него да се преплетува во нозете ......
Када је реч о мени,речи су сувишне. Се врнав,дојдов,ете не можам лутина да држам а ниту на зборот да си стојам,ми фалевте ептенски. Епа одамна не сум шкртнала нешто тука,а и немам баш нешто за шкртнување. Досаден живот компот,крајов на годинава баш некако најдосаден ми се виде. Лабава сум си како мев после празници, во последно време не се оптеретувам ама баш со ништо. И не,не ја чекам одвај 2015! Кој ќе полага матура,кој ќе мора да глуми озбилен и зрел човек на моменти,кој ќе мора да си тупи мозок? Е јас. Во 2015. Камо да можеше 2000та да ја чекам, со Дедо Мраз и пакетчиња...
Упорно ја читам темата: Поддршка за оние кои сакаат ... трите точки се пресудни. Нека остане како што е, после точките и ја губи онаа вистинската смисла. Поддшка!
Чудно е како може сеќавањата на некои спомени и ситуации повеќе да болат и да ти ја горат душата, отколку физичката болка...
Поарно сам на себе отколку на 100 "пријатели",кои кога ќе им се јавиш во невоља никаде ги нема,и ти завидуваат наместо да се радуваат со тебе кога треба!!!Денес нема пријател(рееетки се тие)што зборам јас,роднина не те ферма,браќа очи си вадат,не пак пријатели!Друже кад тад видечеш... А ти мила моја,извини вака дали и како имаше душа да го гледаш тоа??? да го измачуваат тоа невино душиче,а ти ако ништо друго можеше барем еден телефонски број да свртеше,како на пример Анима мунди,сигурна сум дека ќе го згрижеа и ќе немаше ваков крај кучето!!(Ова од искуство ти кажувам)Извини,ама исто како и ти да си учествувала во тоа...
Незнам што е подобро. Дали да се отворам или да преќутам. Дали да се изнавикам на глас или тивко во себе. Никој да не го слушне бесот во мене, нервозата, лутината.. Некогаш чувствувам дека премногу барам, но зарем е лошо ако тоа што го барам го заслужувам?! Секогаш ли со молчење ќе поминувам низ сите работи кои ми се случуваат? Ќе ги навикнам тие околу мене дека се` прифаќам и кон се` се согласувам, само за тие да бидат задоволни и само за да одбегнам караници. А всушност, не сум таква. Напротив, правдата и еднаквоста ги барам секогаш. Можеби и тука е целата грешка....
Ептен глупава и некреативна професија си одбрав, се спував пред компјутер, дупка направив во секој стол, на секој кревет, ако почнам на земја да седнам ќе пропаднам мислам до доле. Штракни таму, штракни ваму, отвори фемина, пролистај, ајде гаси, па успат и 30498304 речници ќе си ги исклучам, ајдеее, одново барај, кај бев, што бев, додека најдам, ми здосадило. Па пак отвори фемина, малце фејсбук, некој туторијал на јутјуб, да бе, ајде оди поработи пак... бреј... Ќе тргам маки вака цел живот, требаше даскалска школа да се пишам, и така сум грловита, ќе се дерев по дечурлаана. Кога сме веќе на тема дечурлаана, сакала марка блузон да имала. Не се трпи веќе, три дена пека за тоа. Море дете, ќе ти дадам ја тебе марка блузон, да го влечеш по паркети и по клупи, да ми беше ќерка, ќе и ја дадев мотиката, оди покопај малце, па заработи три бона, ја те частам после блузон од пет ако треба. Не бре, се' е распекмезено, а до 18 години ќе не' продаде и ќе си купи кола, евентуално ќе не исели да не и сметаме по дома... Ја на 11 години појадував сарајле со урда и чаша млеко, ич не ми беше убаво ама оти баба ми секој ден ми го грееше сарајлето и ми топлеше млеко, го јадев и и викав фала. Овие што ги гледам, абре јаде, да ти се одјаде, тоа голта, залакот назад му иде. Па ќе речам, мотиката малце, ќе се врати апетитот одма, од зјапање во екран не ти се пријадува сарајлиња со урда, гравови и чуда. Денеска барем беше симпатично времето, да пиеш топло кафе или чајче некаде надвор, покриен со ќебенцата што ти ги нудат... Сонценце те пече, ти кулираш, топ. Нема смисла уште од посабајле винце да си цврцнеш, тогаш мислам стварно многу работи ти се израмнуваат, нејсе. Конечно си докрасив како што мислев. Лани не ми беше дојдено до китење и празниците ми поминаа необележано. За разлика, годинава во прилично добро расположение, си украсив до миле волје... Се мислам уште некој пар сијалички да купам, да ми светкаат и да ме расположуваат. Ајде нека дојде петок и да разманам со обврски, да здивнам троа.
години... Секоја година вешто подгледнувам наназад. Се сеќавам...Се трудам да не ги заборавам убавите моменти, луѓето кои ми ја одбележале годината. Но не ги заборавам и лошите денови, денови кои едвај чекав да поминат, но, и луѓето кои направиле да се чувствувам уште по огорчено набре малку ми бил денот лош. .. А зошто вешто???... Години.... И не дека е поради годините, и не дека веќе остаревме, едноставно околностите во кои живееме направија да го разбираме секого. Сечија лутина, огорченост, омраза но и вљубеност. Сите созреваме, но не созреваме сите исто. Некои станавме по толерантни, по истрајни, по смирени...Други станаа поагрсивни, со изразито остар јазик. И каде сум јас ???... Некои ќе рече, имаше одлично работно место, и што ти требаше тоа...Некои ќе праша што чекаш, ...Некои ќе се зачуди, зошто не си среќен,...Некои ќе те одмине....А некои ќе се сити на се што имаш и на се што немаш.... Години... Години во кои вешто се запрашуваш кој си и до каде си... Години... Единственото мерило за тоа Кој си ти.
Кога ќе умрам, сакам да жалат што ме немаат со нив, а не да ме жалат оти не сум ги видела убавините во животот. А додека живеам, сакам да сакаат да се дружам со нив за да ги видат убавините во животот
Драга батерфлај не брзај да судиш и обвинуваш,покрај кучето беа неговите газди кои беа повикале ветрринар и му. дале 4 инекции, јас тоа го видов за време пауза и веке било доцна рекоа незнам што си замислила, ама иззбрза за некој штто има вдомено 3 учични мачиња и најдено дом за 2 кутренца оставени покрај железничка пруга.....
Не можам да опишам со каква мака утрово станав од кревет. Дури и ми се плакаше од што беше топличко и убаво, а јас треба да станам. Ама доаѓа распуст, спиење, јадење и компјутер, серии и филмови, јутуб... уживанции. I can't wait. Се чувствувам изморена, батеријата ми е при крај. Тоа време од месецот е and I'm craving chocolate.
Se izvinuvam @Ivy89 ako e taka,mozebi i jas se izbrzav i ne te procitav ubavo,ama se nadevam ke mi prostis,ne bese namerno
Цела година (па, во ред, да речеме цел распуст или така некако) ќе рикнев од досада и не знаев што да правам со себе, а сега во една недела како можеше се’ да се натрупа. Wonderful... Универзумот навистина си поигрува со мене. (Најмалку) 3 тестови, уште толку испрашувања, 3 цртежи ликовно, лектира за пишување и како да имам еден куп време за ова, па и си доаѓаат тетка ми од Италија и другарка ми од Шведска. И сето тоа во само 7 дена, поточно во 5. И јас не сум китка за мирисање, се’ натрупав за утре, и цртежи и лектира, и тестот и испрашувања и се’. А секако и треба да „поседам“ со другарка ми околу пола саат или барем 15 минути да и’ посакам среќен пат, бидејќи 2 дена патување, и не се малку. Е неделава, богами, нема да има мач спиење, мач фемина и мач книги... Ќе морам од сето тоа да се тргнам и на работа, на труд. Не дека не знаев, знаев јас, па отсекогаш било така, последната недела гледај да преживееш некако, да друго ич не му ја мисли. И така, се пријавувам дека, како што знаете веќе, неделава нема да ме има често, да не се секирате. А јас ќе се справам со хаУсов, нема да ми штети да се стегнам малку. Имајте убава вечер...