Можеби нема да се сеќаваш на личноста со која за прв пат ќе се држиш за рака, но ќе се сеќаваш на онаа чиви раце панично си ги барал во најголемата темнина, и ќе се сетиш на тоа како лесно си го скротувал сопствениот страв гледајќи ги вашите раце како се допираат, а на тебе ти се чинело дека деловите од тебе кои се допираат до него патуваат низ илјадници светлосни години и конечно наоѓаат топлина, прстите ти се тресат, и за момент се потсетуваш на тоа колку си бил несигурен пред целосно да и се препуштиш на убавината во чувството кога некој те пушта во своето битие. А јас? Јас сакам повторно да имам некого кому ќе му се навраќам. Сакам да си ги отворам чувствата и да бидам луда, вљубена, патетична и наивна. Љубовните врски не ми се приоритет, но моментално посакувам да ми бидат. Бар на момент. Само колку да се потсетам себеси дека сепак имам седумнаесет години и дека морам да се одморам од целата таа емотивна воздржаност и сите тие длабоки размислувања и потиснати емоции. Да пронајдам некого кој ќе ја љуби таа моја дива страна, кој ќе слуша добра музика со мене, кому воопшто нема да му бидат важни туѓите мислења кога ќе посакам да танцувам и пеам среде плоштад одејќи покрај него... И потоа повторно да се вратам на старата верзија од себе. На она кое што навистина сум. Само во среќна, ублажена и уште поисполнета верзија.
Не знам дали е до спотот или е до дечкиве...ама договорот ми е - ај направи тело ко Мартин, а јас како некоја што сакаш може? Еј ама да не се депилираш!!! Ете до толку е... убав е спотов, ептен!
Превземено Гревови сте затоа што, ставате слики од нокти после маникир. Секоја девојка што живее во урбана средина треба да има средени нокти, кратки, долги, со гел, без гел, обоени… значи средени. Не е за фалење ако си ги средиш ноктите, мора да биде така! Гревови сте затоа што, сте стигнале до Ниш и сте го сликале јадењето у Мекдоналдс. Да се разбереме, пола бездомници у цивилизиран свет се хранат у Мекдоналдс. Тоа што ние го немаме, не го прави Мекдоналдс атракција, туку нас гревови. Гревови сте затоа што, прајте селфи по вециња. Едноставно, гадно е! Од злато да е, веце е. Толку! Гревови сте затоа што, се чекирате на кафе. Да не беше чекинот, ќе помислев дека никад не сте го пробале овој магичен напиток. Ако веќе го имате тоа психолошко растројство и неодолива потреба да си го изложувате јавно животот, барем правете го тоа со стил и правете го од места кои што ги посетувате рутински. Една да се најдеше да се чекира у театар секоја среда, ќе ја оженев до сега, за у Броз знам дека сите сте биле. Гревови сте затоа што, кога ќе отворите врата од полн локал, упорно влегувате, се буткате како говеда и ви требаат најмалце 20 мин да земете пијачка. Внатре не игра мечка на дајре, внатре не е Џеј Зи, се е исто како и во повеќето локали, тие се луѓето, тие се диџеите/бендовите, само ротираат по градов. Најдете си го вашето место, каде што ќе бидете конфорни и среќни сами со себе, тој што сака да ве види ќе ве најде! Гревови сте затоа што, не можете да смислите една просто проширена реченица сами, копирате статуси, слики, за пусти лајкови. Ако нешто ви се допаѓа, измислено е копче „Шер“ или барем потпишете го авторот од поштовање. Гревови сте затоа што, замарате по фејзбуци, месинџери, вајбери, а кога ќе ја сретнете у живо, немате муда да бекнете, заобиколувате, бегате како од оган и посматрате од страна. За да можете утредента да им кажете на другарите дека е курва! Гревови сте затоа што, мислите дека можете во се да се мешате, на секој натпревар да судите, на секој дијагноза да му дадете. Глејте си курот свој и посреќни ќе бидете
... А најголеми гревови се оние коишто повеќе време поминуваат анализирајќи ги туѓите животи и навики на сметка на времето што ќе го потрошат за себеспознание и дистанцирање од сите работи коишто причинуваат незадоволство.
СДК за вита линија, требит в-е-ж-б-а-њ-е , душа да си извадиш, да папсаш темелно, толку, а не цел ден јадење, по 100 пати.Едноставно, ако човек јаде цел ден и нонстоп е оптоварен организмот со храна, нема шанси за линија, тоа како човек да земе од сабајле до вечер да работи, без прекин, ќе папса, мора на самиот организам да му се даде време измеѓу оброци, да може ја свари храната, а не реклами као со јадење до вита линија Ај тоа, па сум приметила и за други работи, ко ќе фати некој да те убедува, абе ќе те удави ако треба, за нешта што не се логични, а слични како што реков за јадењето.Понекогаш си мислам, дали стварно наседнуваат луѓево на секакви реклами
Мајка ми е опседната со купување новогодишни пакетчиња. Секој ден на враќање од работа ни носи по едно, а ние смеејќи се ги ставаме под елката и им се радуваме како мали деца. А татко ми, го променил распоредот на предметите во мојата соба. Изненадена бев. Ми годи промената и ме радува. Се чувствувам како да сум на друго место, во друга соба. Откако тато заврши работа, ја досредив и сега уште и фали малку новогодишен амбиент. Наредниве денови ќе се обидам да украсам малку. Деновиве, дома се чувствува празничната еуфорија. Сите се зафатени со спремање, купување, па планови за подготовки... Непроценливо е чувството на топлина и сигурност во својот дом и љубовта од своите родители. Ништо и никој не може да ги замени. Туку, мене ме обзема некое посебно чувство. Сакам да се заљубам, иако знам дека и љубовта со себе си носи свои проблеми и грижи. Сакам да имам некој до мене кој ќе ме прави среќна и исполнета. Некој кој ќе се грижи за мене, некој на кого ќе му бидам важна, кој знам дека ме мисли, дека му требам. Кој поместува планини за да биде со мене, кој се бори против се` . Некој, кој никогаш нема да дозволи да помислам на лоши работи и да се посомневам во неговата љубов. И баш во сите овие празници ми треба некој со кој ќе ја споделам среќата. Со кој ќе бидам цело време. Им го кажувам ова на другарките и ми се чудат. До вчера велев дека не сакам никогаш повеќе да се заљубам и да бидам со некој, а сега ме мавна сосема друг филм.
Денов ми е ужасно долг. Баш коа сум ненаспана ко никогаш до сега ми излегоа триста работи. Ама добро, никој не ми е крив што понекогаш не знам да кажам не. Кратко резиме: учев цела ноќ, околу 6 ипол сабајлево си легнав да одморам 15тина минути - не заспав, после пола саат - трчав по автобус на минус 6 степени, отидов на полагање, се вратив дома, спиев два саати, отидов на кафе низ град, шетав низ Боемска улица - чисто за да осетам новогодишна еуфорија, се вратив дома пак, искочив на журка, пиев многу јегер, се отрезнив, јадев од Силбо , фемина трета смена и на крај конечно, кревет. Патем, положив и среќна, весела потонувам во сон. Arrivederci!
Аууу... Ова да ти било sexiness overload. Опасно запалива материја... абе некои млади сесри срце може да ги стрефи. Преубав е... и спотот е врх врхова. Преубаво изведено. Само зошто јас некаде прочитав дека ова бил Стефан, а не Мартин.
Пак се сетив на едно минато време и на студените зими. Температурите беа некаде опколу -10. Тогаш возев Yugo, денес се поретко се среќаваат по улиците затоа што тогаш бевме богати, а денес е сиромаштија па се возат возила за кои некои од нас не можат ни да сонуваат. Најинтересно е што сите кукаат, а едно семејство во просек има 3 возила и не било какви. Не ми беше тоа муабетот друго сакам да кажам. Станувам наутро во замрзнатата соба се спремам за на работа. Излегувам, а надвор капни замрзни. Го чистам мразот од тоа шофершајбните, влегувам во кола и брмммммм, брррррм брррррррррррм, бррррррррррм брм, бр, м. Толку, капут. Ми текнува дека немам антифриз ставено, а водата најверојатно замрзнала. Трчам по тоа комшитее како разулавена. Комшијааааааа кабли имаш лиииииииииии. Имам комшике каков ти треба за антена или за струја Не бре комшија за акомулатор. ЕЕеее само такви кабли немам. Нејсе тропаш по сите комшиски врати и наоѓаш кај некојси комшија па пусто сега и кола треба да најдеш за да го покренеш моторот. Кола во комшилук ни за лек барем не со добар акомулатор. Немаше телефони од овие модерниве за да повикаш пријател да ти се најде во невоља. Ја раздолжив многу. На крајот сваќаш дека си премрзнат, ама сепак чувствуваш топлина во душата од една непредвидена авантура. Ништо не ми преостана ги запалив чизмите и патот под нозе накај автобуска, ретко и такси имаше. Пристигам на работа со 2 часа задоцнување, а таму озерени лица ме чекаат со топол чај. Денес тоа нема да го сретнеш, веднаш ќе ти кажат затвори ја вратата од надворешната страна. Е тоа беа времиња. Едит: Сакав да кажам само дека и времето се измени како и луѓето.
Понекогаш тишината е погласна дури и од дишењето! Молчиш од страв, затоа што зборот има сила на торнадо - да разори, да разруши и парчоса се! Тогаш се повлекуваш сам со себе, сам пред себе, сам во себе. Мируваш и тихуваш. Ги потиснуваш и замолчуваш дури и мислите кои проаѓаат низ глава, затоа што не им е ни време ни место сега и тука. А постои ли вистинско време?! Како тоа да не ми е сојузник, туку најголем непријател! Прави да се чувствувам виновно и безпомошно. Ништо не ми се случило баш тогаш кога ќе сум посакала - ни кога сум љубела, сум верувала, сум се борела... Нештата доаѓале подоцна, никогаш во за мене вистинското време. И постојано она чувство дека доцнм, како да ме прати во чекор. А тоа, морам да признаам - ме вади од памет! Но, од друга страна - постои ли вистинско време?! Мммм?! Who knows?!
Луѓе и нелуѓе Ова е најстарата и воедно највистинита класификација на луѓето.Една моја блиска личност во право е кога вели дека нашите предци иако немале образование биле далеку помудри од нас и нивните мудрости се највистинити. И таа моја блиска личност е една од ретките видови во денешницата.Помага,а не бара ништо за возврат.И кога гледам дека некои нелуѓе тоа го злоупотребуваат ми доаѓа да вриштам. Алоо,неписмени го малтретирате човеков за да ви даде телефонски број од некоја фирма,а в раце имате најскап телефон со неограничен интернет.А,мојава добринчина се труди и вечно е достапен и расположен да помогни. Вели,Бог нека е со мене и Тој ме предодредил да помагам.Дај Боже да е така.....
Луѓето се ненаситни. Бараат, земаат, не размислуваат. А, кога ќе снема, оп, што да се прави. Треба да се мисли на време, а не кога времето изминало. Живеам денес, но размислувам и за утре.
СДК исфрустрирани луѓе кои лечат комплекси врз другите за да покажат виша вредност теба да се лишат од планетата. Фала пријатно.
Традиција стана недела дена пред Нова Година, да излезе некој проблем аман веќе таман си планираш нешто и оп.. плановите се рушат како кула од карти Не е фер!!
Знам дека има посебна тема за Екстерното тестирање на студентите ( или како што милуваат да го наречат Државен испит ) овде ќе се изјаснам. Затоа што ова не се однесува само на студентите. Се однесува на цела држава. Ова е СРАМ. Срам за целата држава и нејзината "демократија". Зарем воопшто не им значи мислењето на народот? Како сите да се безгласни букви. Не сакаат ни да слушнат а камо ли да го испочитуваат мислењето на народот. Па благодарение на него тие се на влас. Ама ако... ако се продолжи во овој правец можеби ќе се свестат сите па кога ќе дојдат наредните избори (без разлика какви се) ќе се запрашаат за кого ќе го дадат својот глас.
Ептен ме нервираат мои врсници кои уште од осумнаесет години сфаќаат се’ озбилно,и ај што се досадни како „три недели запек да си имал па една недела од шоља да не станеш’’ пролив,туку пробуваат и тебе да те направат таков,и само те какаат нешто кога си правиш глупости од кои ти е убаво на душичката. Да бе,уште ми е мерак да пеам по автобуси,да скокам по ходници,да слушам музика и да играм на час или на пракса,да се смеам како стадо овци,да се брукам и да си уживам Дозволете си понекогаш да си бидете дете,како не ви скисна од тоа да пазите што ќе речат другите и од тоа да не се избрукате. Јас сум си весела, а вие ојте в дуп! Ето тако
Не еден туку десет државни испити треба да полагате сите вие поборници и противници на воведувањето на државниот испити кои прво и прво не си го знаете сопствениот мајчин јазик и вечно си пишувате сватив наместо сфатив, кој за множина наместо кои, итн. Бадијала магистратури, бадијала докторати, бадијала лаење против воведување на државен испит и ширење пропаганди на социјалните мрежи колку било важно воведувањето на истиот!