СДК Официално сум алергична на државава , ова е трет пат како се враќам и трет пат како се исфрлам овде и само овде . Ја не знам како е ова возможно 10 days to go ...
Си ја имам јас дипломата дома, го положив мојот државен испит. Фала ти за вербата во мене, како и да е.
Чудна работа,па како можи една песна една музика еден ритам да ти разбуди некое необјасниво чувство. Некој излив на возбуда енергија.излив на оргазам во мислите. Дали јас премногу ја разбирам музиката,или на сите толку стимулирачко му делува. Цел ден ја слушам една песна,и цел си мислам дека сум на плажа со коктел во рака,а сончевите зраци го галат моето испотено тело. Да бев сама во собава,сигурна сум дека ќе танцував. А сега седам и правам некои чудни движења. Дури и седумте испити во јануари не изгледаат застрашувачки во моментов.
Денес пред татко ми спомнав дека многу ми се јаде пица и после тоа излегов набрзинка до кај другарка, а тој беше надвор не ни примети. Сега се прибрав и гледам 2 пици за мене и сестра ми, човекот сакал да ме изненади, многу ми е криво сега. Да не биде залудно изненадувањето во моментов си јадам 2 парчиња, ја прекршив диетата...
До пред една година сите збореа за таа мајчинска љубов и едноставно секогаш сум претпоставувала како е да се сака како мајка, но кога станав мајка сватив дека тоа не се замислува, туку само се доживува. На овој ден лани, во 14:05h ја добиав најубавата улога во животот = станав мајка. Во тој момент немаше поубаво чувство, станав најбогата на свет. Не постоеше нешто на светот што би можело да ја замени таа среќа и радост собрана во 51cm и 3150gr. По толку години на нашата љубов се роди најубавото срценце кое денес за мене претставува се, злато за кое навистина би го дала својот живот. Биди ми жив здрав среќен и весел секогаш мамино злато Изминатите 365 дена беа најслатките денови од мојот живот, иако беа пропратени со најслатките маки на една мајка Никола среќен роденден....те сакаат тато и мама!
Немам навика да ти претурам по собата,не претурам ,не барам ништо,Само понекогаш ја земам твојата кутија за спомени и ѕиркам во онаа тетратка со клуч.Порано заедно ја гледавме и се смеевме.Се смеам на цртежот со две смајлиња кои седат во клупа а над нив срценца,твојата буква и буквата на твојата симпатија.Се сеќавам колку беше среќна кога ве ставила учителката да седите во иста клупа,и кога те прашав зошто е тоа толку важно,ги преврте очите и рече-Мамо ма,ние сме заљубени... Како бргу поминува времето.Те гледам додека одиш,се враќаш,ја гледам групата со твоите другарки,понекогаш мора да го завртам погледот да не заплачам,не знам зошто.Дали од среќа што си таква а моја,дали од страв дека времето пролетува.Ти го кажав тоа сношти кога те испраќав.А не ти кажав дека некогаш знаеш да бидеш страшно безобразна и да ме извадиш од кожа.Не ти кажав дека го сакав и твоето црвенило на образите кога ти спомнев за некого а сега само љубопитно прашуваш кој,како,зошто. И од каде толку пријатели кои ти честитаат роденден на фб,а мене ми е строго забрането да коментирам?! Други времиња се сега ми треба време да се навикнам.
Убаво снежно утро и блескави детски очиња со црвени обравчиња.Тоа го гледам низ мојов прозорец,а некако душава ми се стегнала.И,да Ви кажам веќе ми се лоши од снежни фб статуси. Колку сме тажно изгубени и несреќни ли што мора секој од нас да го сподели секое свое доживување таму.
Во Скопје ни С од СНЕГ. Пресреќна сум! Кои трауми ги имам со тие снеџишта до ноленици. Па нечистени улици. Па или е полуистопен поплави по улици или цела вода замрзнала од што се подистопил нога на улица не се става. Таксистите пребираат не возам до ваму , не возам до таму нечисто е, замрзнато е. Тапкај на -20 до училиште во 7 наутро. Затоа снег само на слики е супер
Da ne dosagam uste poveke vo temata za foriumdjika na gosdimnata,dokdov tuka da podosagam malce. So se cudite oti nagradata bila se ili parfem ili casovnik? Po firmite rabotnik na godinata izbraat pa eden sloboden den ne mu davaat. Nagradata e samo obelezje,nesto radi red,zaradi uspomen dur dojde slesdniot izbor.Zatoa se vika iznenaduvanje.Dur vie si pomislivte redno e da smenat tie ke ve iznenadat so nemenuvanje. Uteha za nenomiranite,i tie sto nemaat pravo na istoto.Vie mozete slobodno da ja falite femina i za vreme na izbori a toa da ne se smeta za agitiranje. Feminke sta cu ja bez tobom vo ovie cetiri zida?
Не ми се јасни луѓе што се пикат кај што не им е место. Сите гледам станале модели, манекени/ки и блогерки.Да бидеме реални убавината не им е наклонета на сите.Секој си има своја убавина ама секој и нема комерцијална убавина на секому да се допадне.Некој може има харизма,некој добра душа,некој е ведар позитивен, сето тоа е убавина ама не значи дека е за модна писта.Секој треба да си е свесен каде му е местото. И после ќе служат за смеа и чудење и демек луѓево љубоморни се, а они сите лепотици и сите успешни. А за македонскиве квази блогерки да не коментирам.Абе креативност у раскош ! Па уште кога ќе ги видам есеите на Macedonian fashion bloggers за 2 парталчиња што секој може да ги склопи... А најинтересни ми се оние што од петни жили се потрудиле да се нешто као различни и свои и тоа вришти во комбинацијата и се гледа дека никде не го облекле освен за сликање.Од блогескиве реално имам една омилена и уште неколку што мислам дека се за таму , друго све ми се wannabe , ама тешко... Може ќе звучам и злобно и дискриминирачки ама крајно дегутантно ми е неубави луѓе да ми се шетаат по писти и да ми се појавуваат на фотосесии кај што треба да ми продадат нешто.Како што крајно дегутантно ми е убави луѓе што немаат грам мозок да призавршат факултет и да треба да ме оправаат за нешто. И тие ми се смешни , демек као ем убава ем паметна...мхм да... И уште нешто на дневен ред-двојните стандарди. Од една страна на диети сите, толку време и пари се фрлаат на слабеење, вежбање, ова она , а од друга страна манекенкиве не се репер за лепота, демек нив ги средуваат,шминкаат, фотошопираат, на ништо не личеле.Кога обични девојки ќе се изберат за Мис одма се скока со коментари колку се ружни вакви такви , а од друга страна моделите на Викторија Сикрет не чинеле пошто пресовршени ги правеле да изгледаат и преставувале не реален поим за убавина.Па добро де професија им е тоа,многу јасно дека во работен опис им е дека така треба да изгледаат, треба да си нереализиран и искомплексиран да дозволиш некоја си таму што има цел тим позади неа да прави да се чувствуваш лошо заради себе.Впрочем и не треба да дозволите било кој да прави да се чувствувате лошо заради себе. Имам запознаено и луѓе коишто имаат просечна убавина ама натпросечна харизма и интелигенција и таквите се покажале како прекрасни личности. Имам запознаено и лепотици од кои здивот ти застанува и им се восхитувам на лепотата и им се чудам на паметот.Едноставно секој со својата убавина и ум на свое место
Џингел белс, џингел белс џингел олл де веј...кој ти џингел иди учи говедо едно испити имаш!!! Е неџе тако, испити се одложени барем после празници на раат да прославиме нека пукнат!! Подолго време ме немаше гледам многу нешта се променале, прво и основно профилниве слики на поголемиов дел од феминкиве...абе феминки што ставате профилни слики од коцкесто стегнати момци по гаѓи, знаете ли дека ние феминковциве тука се шекнуваме си помислуваме дека извршивме инвазија врз форумов, од женски постана машки започнуваме да мислиме за воведување на ФОРУМСКИ ФЕМИНОВИСТИЧКИ ИСПИТ, скратено ФФИ.Прашања многу лесни погоди ги илјадите нијанси на розева боја со примеси на бела и што ја знам сива...амииии што знам неам пофторено али затоа го знам да го покажам ова, може да ме пуштите ? Шала на страна, конечно стигна периодот каде што пукам од радости, абе скокам како мало дете до небо само од сношти малку да припазам како залетувам за одскок зашто снеже има а јас сеуште идам на летни гуми, т.е. патики па да скршам глава. И се промена нешто годинава? Па некои работи да некои не,еве веќе по 21-ви пат чекам да ме грабна вонземјани но нив ги нема, сеуште редам елката и скокам околу неа како религиозен индијанец кој бара од боговите дожд, сеуште не ставам на елката светилки ама пак затоа успешно втора година по ред светилките во колата вода рекорди... Но оваа година имам едно што ништо од ова гореспоменатово не можи да го пополни, љубов дечки љубов душичка до тебе која те грее, те разбира, знае да те изнервира, извади од такт заради банална работа, направи да испцујаш се живо што мрда, за на крај само да те погледне и насмее топличко онака а тебе сместа те мава некој вид на амнезија и забораваш на се претходно, идеш и скокаш од радост. Убав ви ден !!!!
СДК... Не можеме да контролираме што ни се случува, но можеме да ја исконтролираме реакцијата. Кога подигнувањето на гласот ќе го замениме со моќта на зборовите на чекор сме да го совладаме сомнежот.
Аурата е неверојатна работа - ти можеш да бидеш каков сакаш, да се претставуваш и во најдобро светло пред оние кои не те знаат, а сепак да те издаде уште во првиот момент од твоето појавување. Понекогаш се чувствувам како детектор на таквите кои свесно или несвесно си придаваат карактеристики кои нивната појава не ги познава, несебично ги издава и ме предупредува на време да се тргнам од таквите. Зашто никој нема потреба од фолиранти во животов, па зошто јас да имам работа со некој таков ? Си правам флешбекови во глава и навистина, ова не може да биде поточно. Некои кои играат лукаво и несебично го рекламираат својот совршен карактер и морал, но, само пред оние кои мислат дека би останале импресионирани од ваквиот акт. Паметњаковци на векот, да бев тетка ќе ги штипнев така по образите во стил „смотаницата на тете“. Џабе предавањето од етика, на кое ти очигледно не си присуствувала во средно, а и џабе трудот, кога уште со самата твоја појава во позадина вришти она „расипана до срж“. Направи ми два муабета и само ќе ми помогнеш да си ја потврдам претпоставката, не ми е потребно многу. Како тотална спротивност на ова, добрите души едноставно не можеш да ги промашиш, им ја чувствуваш позитивата од само еден единствен поглед, без разлика колку се расположени или не во моментот. Имам еден професор, за кој еве годинава се убедив дека навистина има душа чиста како најфин кристал. Седнува пред тебе, те погледнува, вади насмевка од душа која изгледа толку искрено и хармонично и во целост ја чувствуваш таа сила, енергија, не знам како да ја наречам, ама се чувствуваш толку среќно и смирено, иако можеби таму некаде во глава твојот свет се распаѓа и не ти е до насмевки. Или пак онаа ситна женичка која секое утро кога ќе ме види, ми ја држи вратата од лифтот додека со моите работи се обидувам успешно да се соберам и да се симнам надоле. И притоа ми се смешка со детски очи и ми вели да не очајувам и дека еден ден ќе сфатам дека вредело да ги имам тие подочници, а јас опиена од преголемата доза на смиреност и позитивност, слушам како од делириум и ми доаѓа да ја гушнам и да си ги искажам маките поврзани или не со моите огромни темни кругови под очите ... Не е возможно, некој кој со својата појава буквално предизвикува експлозија од позитивизам и топлина која како да сака да ти каже „смири се, на сигурно си, можеш да сметаш на мене“, да има злобна душа полна црнила. Едноставно - злобната душа не зрачи на тој начин и тоа е тоа, ако некому не му чини ова - жал ми е, но ... дис ис ит.