Сакам да кажам...

Discussion in 'Кафе-муабети' started by k.i.m, Jan 30, 2014.

  1. S.J.Parker

    S.J.Parker Популарен член

    Joined:
    Jul 3, 2014
    Messages:
    1,086
    Likes Received:
    7,348
    Сакам да кажам нека ни е среќна новата година, да ни ги исполни најубавите желби и соништа :D а да, јас за новата година си заспав во 2 по полноќ, сабајлето ме разбуди тетката со црвеното ферари и со ужасна болка во карлицата, ама јас си имав спремено 2-3 пилули - ја поздравив како што треба :wasntme: и си ја честитав годината гушкајќи се и смеејќи се со сите најблиски па и со подалечни :P
     
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Joined:
    Dec 7, 2009
    Messages:
    6,898
    Likes Received:
    9,193
    Gender:
    Female
    За човек да има авторитет, треба да има карактер, а не да биде човек кој менува мислење, како ќе дувне ветерот.Многу почитувам и ценам луѓе кои држат до својот став, кои не отстапуваат од своето, стабилни луѓе.
     
  3. Lella

    Lella Форумски идол

    Joined:
    Jan 2, 2013
    Messages:
    5,335
    Likes Received:
    29,196
    Gender:
    Female
    Па, драги мои... Погодете кој ден е денес? ^_^
    Мојата годишнина од форумов.
    Гледам и се чудам, официјални 2 години. Иако со форумов сум од поодамна, ете токму денес е денот за частење.

    Не знам како поминало толку малку време, 2 ипол години, а се чувствувам како отсекогаш да сум била овде. Се чувствувам како драгите феминки да ги знам уште кога знам за себе.
    Ете толку време поминало откога за прв пат го кликнав копчето „Регистрирај се“, и тоа, се зачленив само онака, не знам зошто. Ми беше интересно и читав, а по некое време и јас се зачленив и започнав да пишувам, и тоа какви се не глупости пишував, до ден денес се смеам. :rofl:
    Ама така е де, речиси сите започнале така. :angel:

    Признавам, не очекував дека ќе останам толку долго тука, не ни знаев, немав никаква претстава за форумов, а сега го знам подобро од сопствената дланка и ми е неизбежен дел од секојдневието. Дефинитивно, кога и да сум имала лош ден, вие сте биле тука да ме натерате да се смеам до солзи. :inlove:

    Го развлеков постов, навистина... Зборот ми беше, да ве почастам дека ми е годишнина, а и да ви речам дека и следната година ќе бидам исто толку активна, и никој нема да може да ме натера да си заминам, а најмналку некои исфорсирани персони, како што им ја приредив драмата на феминките од четот. :wasntme: Можете да бидете сигурни дека следен пат кога ќе направам некоја слична драма, секако ќе биде само тролање исто како ова. :rofl:

    Па, тоа е тоа... Почастете ми се, и да сме живи и здрави до 101 и назад! (fingers) :sun:

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  4. poenta

    poenta Форумски идол

    Joined:
    Nov 29, 2013
    Messages:
    5,032
    Likes Received:
    36,153
    Gender:
    Female
    Сеќавањата за нашите баби и дедовци се преточени во приказни кои со голема доза на восхит и трпение сакаме да ги раскажуваме без оглед на нашата возраст. Некои од нас израснале со нив, а други ги гледале само кога ги посетувале. Љубовта која ја чувствуваме кон нив е несомнено чиста, искрена и огромна. Возрасните ги сакаат своите деца, но уште повеќе внимание им посветуваат на внуците.
    Секој миг поминат со нив е незаборавно дружење.
    Тие се вечни следбеници на нашите постапки кои не извлекуваат од неволјите и имаат "веродостојни" стории пред нашите родители. Ние сме нивната слабост, секогаш се на наша страна и не поддржуваат.
    Кога ќе ги посетиме ги готват највкусните јадења и толку се трудат да ни ги исполнат желбите само да не останеме гладни.
    Никогаш не би ни се налутиле, но дури и да се случи тоа, умеат да ни простат. Нивните правила најчесто не важат за нас, така што направените колачи може да се вкусат и пред да се послужат.
    Од нив сме ги добиле посакуваните подароци за роденден. Поздравувањето со баба и дедо не било проследено без подадена паричка. Никој не би се спуштил на детска возраст како нив кога сакаат да се забавуваат со нас. Не се срамат да бидат тоа што се.
    Поради своето богато животно искуство најчесто имаат одговор на сите прашања и ни ги даваат најискрените совети. Тие се оние што ни влеваат верба во вистинската љубов и сродните души, бидејќи неизмерно се сакаат речиси целиот свој живот.
    Претствуваат наши идоли низ животната патека без кои детството би било незамисливо празно.
    Сакајте ги, почитувајте ги и негувајте ги спомените за нив затоа што тие би се откажале од се за нас.
     
    Annath, eliesaab, vinozito1 and 20 others like this.
  5. free girl

    free girl Истакнат член

    Joined:
    Dec 17, 2014
    Messages:
    30
    Likes Received:
    53
    Gender:
    Female
    свака ти час за ова,али денеска мн ретко се поштуваат старите лица...мн ја сакав бабами и кога почина мислам дека еден дел од мене умре..до ден денеска ми недостига и плакам кога ке ми текне на неа..ми останаа спомените со неа,убавите зборови,љубовта која ми ја даваше и НИКОГАШ нема да ја заборавам.
     
  6. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Joined:
    Apr 10, 2012
    Messages:
    1,875
    Likes Received:
    7,381
    повторно имам потреба да сакам и да бидам сакана.се да заборавам.да почнам од почеток.
     
    Teodora* and Serafima like this.
  7. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Joined:
    Nov 25, 2013
    Messages:
    3,057
    Likes Received:
    69,255
    Од денеска официjално сум за цела година постара од вчера. Не дека годините за мене имаат некакво значење, туку спомените на минатите родендени, на луѓето и местата ми се враќаат назад. Сите се убави, ама баш поради тоа и тажни, зошто иако не ги сметам годините за показател на мудрост, тие ме потсетуваат дека тоа што било никогаш нема да се врати.

    Дувнав 24 свеќи, замислив желба...

    Маjка ми утрово ми го честиташе роденденот виртуелно... И колку и да ми е убава сегашноста, баш поради спомените од убавото детство, ваквите празнични денови ме прават тажна...
     
  8. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Joined:
    May 7, 2010
    Messages:
    6,488
    Likes Received:
    24,077
    Значи многу, ама многу се нервирам кога ќе ми рече некој „па остај го куче е...„. Било да се работи за храна, чување дома/надвор или пак ако некој ја оставил вратата од двор отворена, јас се потресувам одма и коментарот е „па што има везе кај ќе оди куче е, и да го згази кола што има везе куче е, голема работа„. Абе луѓе одвратни сте, посебно од некој близок роднина ваков коментар ми е крај! Па од сега им објаснив убаво дека мене кучето ми е побитно од 90% од луѓето што ги знам и го сакам многу повеќе од нив така да пријатно!
    И да не е така сепак за живот се работи, што има врска дали е човек, куче или риба сите истиот воздух го дишеме и сите истото право на убав и среќен живот го имаме.
    До кога ќе си мислат луѓето дека нивниот живот вреди повеќе од животот на едно животно? До кога ќе сметаат дека имаат повеќе право на оваа земја одколку едно животно? Ко божем ние луѓето требаше најпаметни и најсвесни од цел животиснки свет да имаме ама слабо... Можам да кажам дека најсебични сме, ништо друго.
     
  9. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Joined:
    Mar 9, 2012
    Messages:
    4,997
    Likes Received:
    96,216
    Gender:
    Female
    @mims-89, дојдов на темава за истото да го кажам! Само што читав за жена од Белград која за време на новогодишните празници го оставила кучето врзано надвор во двор со огромен кожен ремен да не може да мрдне и да се засолни, на -15 степени и снег и мраз, БЕЗ храна и вода (водата што ја имало нормално замрзнала) и кучето починало од студ. Која бавна и тешка смрт е тоа бре, абе не се дава секому да чува куче или било какво милениче! Си се топлела госпожата дома на кауч додека кучето немилосрдно премрзнало до смрт, бавно и полека додека не испуштило душа... Срце мило, бил преубав питбул, си поплакав од жал и мака... Ах бе, ах бееее... Не се' што гази на земјава заслужува да живее, а најмалку таквите луѓе како гореспоменатата дотична особа. Ми се повраќа, ми се гади и ми се блуе од гадови без трошка емпатија и љубов кон миленичињата. Очигледно истите им служат само за сликање по фејсбуци и покажување пред народ. Срам да им е, нека им се врати дупло, ете толку!
     
  10. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Staff Member

    Joined:
    Nov 1, 2010
    Messages:
    2,109
    Likes Received:
    20,046
    Gender:
    Female
    [​IMG]

    Јас Да ве поздравам за прв пат оваа година. Јас цел ден го преспав денес, и сега сум ко утепана. Ни кафе ме освестува ни ништо.
    Оваа година ми тргна со одење по гости, но нека е за арно само. Денес сум дома не ме карајте.
    Имајте убава вечер
     
    Anabelle.Amorette likes this.
  11. MiloMalo

    MiloMalo Популарен член

    Joined:
    Aug 5, 2011
    Messages:
    898
    Likes Received:
    2,937
    Gender:
    Female
    СКД две работи. Или да исчезнам, или да ме штипне некој и да ми каже разбуди се, тоа беше само лош сон...
    И посакувам коа ќе се разбудам да си бидам 5-6 годинки. Добро, три работи.
     
    Last edited: Jan 3, 2015
    eliesaab likes this.
  12. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Joined:
    Jul 7, 2010
    Messages:
    1,714
    Likes Received:
    5,093
    Gender:
    Female
    Очајот вреска од вашата безволност за живот која во обид да ја победите се фаќате за исто очајни сламки како негација на работите кои толку ги величите.
    Живеете во изузија, аура од лаги, меур кој со еден допир на чувствата во лабилен момент на осаменост ќе се распрсне и тогаш што ?! Вистината е дека повеќето работи по кои плукате би сакале да ги живеете на момент. Обидот да ги оцрните е само неуспешна алатка која ја користите да ги камуфлирате вистинските чувства пред себеси и останатите. Работете на случајот да бидете среќни наместо од завист да го критикувате оној кој го живее животот кој го сакате за себеси.

    -----------------------------------------------------------------
    Нема да пишувам долги елегии и есеи со пропратни новогодишни честитки до членовите на форумов и нивното потесно семејство. Мене временска рамка не ме ограничува/ла во амбициозноста на моите цели, но мислам дека е редно да направам мрзлива ретроспектива (во позитивна конотација, прифатливо... може да се каже)
    Минатата година научив дека не сум венчана за работното место. Кога ја сакаш работата која ја работиш тензијата се смалува и ти чува истрајност во моменти кога сакаш да пратиш се по ѓаволите, затоа што редовна плата нема никаде. Ќе мора да се навикнеш. И создава корисни навики, како штедење. Не бев свесна која пара ја трошев на непотребни и непланирани ситници. Големата слика е секогаш шокантна ако не имате увид на трошоците. Со правилно планирање ќе биде пријатна за гледање.

    Индивидуалната среќа е приватна работа. Тоа е мое лично гледиште и баш немам некој начин да го образложам ова освен оној едноставниот - Негувајте ја врската со себеси. Вашата среќа не зависи од туѓата и не секогаш е поврзана со друга личност. Понекогаш е многу себична. До некаде ќе морам да признаам дека е точна фразата - Опседнати сте со тоа да најдете некој кој ве сака затоа што не можете да се сакате себеси.

    Престанете да ги правите работите кои не ви причинуваат задоволство- веднаш. (..и така постов заличи на колумна на нискобуџетен сајт ) Лоша книга на половина, врска која често ви го расипува расположението, љубовна, пријателска.

    Луѓето се менуваат, но некои од нив секогаш ќе останат исти во ваши очи. Затоа што ја гледате плиткоста во ненадејната трасформација од очај да станат допадливи и да ги корегираат (прикријат) мааните во нивното однесување и фалинките во карактерот. Никогаш нема да бидеш нова ти, секогаш може да бидеш подобра ти. Престани да се однесуваш биполарно. Само, престани. Вознемирувачко е и смешно.
     
    Madam-A, calliope, sparklie and 13 others like this.
  13. crimson

    crimson Форумски идол

    Joined:
    Dec 14, 2011
    Messages:
    4,052
    Likes Received:
    52,532
    Gender:
    Female
    Нема ни да се потрудам да се качам на вага.
    СДК дека од утре ќе вежбам пак редовно, и ќе внимавам колку јадам. Нема смисла веќе ова, мече ќе станам.
     
  14. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Joined:
    Dec 7, 2009
    Messages:
    6,898
    Likes Received:
    9,193
    Gender:
    Female
    Арно велам, не ме фатиле мајките па да пратам некого по ѓаволите... Смешим се, ли се смешим :D Чуството е кога им ги знаеш задните намери на луѓето, тек тогаш појавува се, па ги тинтраш, ги тинтраш, ги оставаш раатски да поиграт, па ко ќе ти згазнат на нерв, ќе треба да прекинат со орото и да не им текне на оро да се фатат :D
     
    Someonespecial and julie77 like this.
  15. SpoiledBaby

    SpoiledBaby Истакнат член

    Joined:
    Apr 10, 2010
    Messages:
    890
    Likes Received:
    305
    Аххх...таа љубомора ко танка тантела преку очите ставена...преку неа гледаш се и знаеш се...ама сепак нешто ти ги делумно покрива очите...
     
    marama likes this.
  16. Reachel

    Reachel Популарен член

    Joined:
    Apr 26, 2014
    Messages:
    257
    Likes Received:
    1,903
    Gender:
    Female
    Мамо знаеш ли како сум исчистила,се е на свое место,да ти е мерак да го гледаш... десктопот мамо,десктопот!
     
  17. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Joined:
    May 30, 2014
    Messages:
    5,230
    Likes Received:
    13,244
    Gender:
    Female
    New Year, New Me.
    Епа, оди некако. :)
    Колку нешта се сменија годинава, а само што започна.
    Најпрво, конечно се одлучив да ставам фотографија на фејсбук. И тоа го доживеав. :D И имам лајк од симпатијата! :inlove: :rofl:
    Па после дојде и првиот бакнеж. Добро, тоа беше на 31 Декември, ама небитно. :D
    Па се решив да почнам нови филмчиња да гледам, па решив повеќе да читам книги и уште што ли се не ме снајде.
    Секако, и кола ќе ме згазеше.(facepalm) Не дека е нешто ново, ама еве, баш денес првпат ми се случи оваа година. Баш на трети. Ме изневери бројчево. :o А така ли ти на мене братче? :P
    А најважно, решив годинава да бидам позитивна личност! Е така да се знае. :)8)
    Треба да се слави за последново. :D:party:
     
  18. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Joined:
    Nov 26, 2010
    Messages:
    2,952
    Likes Received:
    1,752
    добро бе господе што толку лошо ти имам згрешено да ми ставиш лик на патот како оној во кој бев затрескана пред 15 години-и патем скоро го видов
    оф леле господе што ми се случува :x
     
  19. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Joined:
    Mar 23, 2012
    Messages:
    1,187
    Likes Received:
    2,413
    Gender:
    Female
    Знам дека доцнам со честитката, ама за тоа дојдов. Да не ја тупам како и обично што правам, фемина среќна Нова '15 и се најубаво на сите, ви посакувам највеќе здравје, здравјето е најбитно, среќа и насмевки и секако љубов. Мој совет е да го оставите минатото зад вас. Јас тоа го направив. Се ослободив од работите што најмногу ми сметаа. Дури и ѝ простив на личноста што детството ми го уништи. 10 години поминаа и се сеќавам како да беше вчера. Ја викнав на страна и ја потсетив на се, како ми се смееше што бев дебела, ми се измеваше додека јадев, заради неа никој не си играше со мене, ми ги зимаа играчките и ми ја отвараа вратата во ВЦ, како заради неа само плачев, а дома им правев филмови дека плачам за трето. Можеби за некој ова е апсурдно, ама најверојатно не знаете што значи за едно дете да го доживее тоа и кои трауми се. До пред некое време имав последици од тоа, ме беше страв пак да не бидам исмевана и имав големо пореметување во исхраната заради тоа. Ја потсетив на кармата, што добро ја заебала, затоа што јас ослабнав, а таа е тројна од мене. И на крај ѝ простив. Заради мене. Да не ме јаде мене црвот, неа нека ја јаде. Не сакам да се полнам со омраза. Така и со неколку други личности расчистив. Не сакам да свртам нова страна. Ќе почнам нова книга.
    Да кажам, иако никој не ме праша на дочекот на новата, поминав супер и после тоа супер, мамурно :$:drunk: :D За жал 2015 ја почнав со грешка. А како по обичај не се каам, затоа што беше грешка од типот бакнеж. Ама многу сум глупава. Мислев дека му се допаѓам, а тој сега ми се понаша како ништо да не се случило :headbang::headbang::headbang: Уште една грешка. Пробав цигаре (facepalm)(facepalm) Беше само димче, за прв пат во мојот живот, ама кокошка сум, не требаше воопшто. Втората вечер кога славевме, сабајлето кога сите спиеја јас размислував што правам со животот. И мајке ми, појма немам што правам со жовотот(facepalm) И тогаш бев многу депресивна, затоа што најверојатно никогаш не престанав. Во 2015 требаше да бидам нова личност, а мене пак ме влечат некој стари лоши, многу лоши навики. Пак ме исполнува празнина. Многу лошо ја почнав оваа година, со грешки. Само се надевам дека ми е проклета фаза и дека ќе ми помине. Можеби само ми недостига теретаната?:^) Од лани не сум била :D
    И пак ја отупив, за ќотек сум ептен :devil: Среќна Нова на сите :hug::hug::hug::hug::hug::hug::hug:
     
    Annath, Lella, Daleron and 8 others like this.
  20. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Joined:
    Apr 22, 2010
    Messages:
    4,711
    Likes Received:
    59,982
    Не се научија и не се научија. :puke: Кај што си го вадиш лебот, нема да плукаш по тој што ти го меси. Да госпоѓо, повелете госпоѓо, благодарам, ви посакувам убава вечер, пријатен ден - веќе не ни очекувам. Да, да, со госпоѓо, може сум венчана ама тој е странец и не знае и ќе ми се обраќа со госпоѓо. Едно добровечер и пријатно е и повеќе од доволно. Ма, мори, бе, дома кај мајка ти, оти така те воспитала де, не за друго. Кој е паметен а кој е глупав, исто дома, на работа не. Не ме изнервира воопшто постапката, ме нервира простото кај народов, сите нервозни и исфрустрирани.

    Сите кукаат се нема пари и ради тоа е нервозата, бре бре бре, мајката, никој нејќе да работи, сите да лежат, а идам од преполн ресторан и преполна дискотека. Бујрум бре мотиката, бујрум, не учиш школо, не правиш ништо, дремеш, се дереш, животариш, се продрснуваш, бујрум поработи, одма односот ќе ти се смени кон се' живо и диво. Епа луѓе мои мили, не ни растат париве на дрво на никој, жал ми е, не сум ни јас во тие 10% во државава што не гледаат цена на ништо и месецот им тече како мед и млеко. Напротив, одвај дотекува со сите сили. А види мајката, знам да им се насмеам на касиерките и да им речам здраво, да не штрапнам кај што чистела чистачката, да не се дерам по келнерот оти ми донел шопска наместо грчка салата. Знам оти сум била и од другата страна и знам колку може да биде деградирачки кога некој ти се прави паметен. На никој не му е сјаен секој ден, секоја планина своја тежина. Ама да дојде ред со неубаво да ми се враќа, стварно мислам дека не сум заслужила.

    И не научија и не научија, дека за улави и ненормални како нив, има поулави и поненормални како мене. :dance:Брат мене стручно лице ме обучи како да испаднам со ненормални на крај. 8)Па бујрум сега мотичето ако не ти чини ова, така така, само така се воспитуваат волови, на нива и на жешко. Како телиња им минало времето, па друг начин нема. Кога се' во животов се зима здраво за готово и за ништо никој не вика фала.

    Стварно многу лесно се швркнувам, пак изгледа се мењава тоа месечината.:|:rofl:

    Исто така ме занима, дали ние, ненормалните повторно, што не се тагнуваме, чекираме и ставаме селфиња на секој чекор, немаме социјален живот или што? Можно е и телефони да немаме. Леле, сигурно и интернет немаме.:?: Леле од пештера ви пишувам. Ние, греота, не испаѓаме и не постоиме во општеството, напротив, го препуштаме на социјално активните. Па се продрснавте со слики бре, денот ми почиња и ми завршува со вас... Више на кого не направив анфалоу, 20 души ќе ми останат и пак глупости гледам. Поминимално пријатели во живот не сум имала, сите ги испердашив на сите можни социјални мрежи и пак срања во боја ако пуштам интернет. Кога ќе го видам дак фејсот, ноктињата, телефончето, ЛИЛААААААААа, па јадењето, па пиењето, па новите алишта, па позајмените алишта, па ајде борбена екипа лајкови, па дајте и гомното сликајте си го веќе, да го видиме крајниот резултат од вашите целодневни активности, на крај краева?:envy:

    Исхејтав што исхејтав, а ем ја примив дневната доза на вино, плус баш си бев фино расположена, имам сведоци. Шта је ту је. Наводно утре ќе ме учат на битни работи во животов, посовреме, таман кога ќе му ја дувнам од тука, спремничка да си бидам. Дувнувањето, поради неодамнешни активности, веќе се одвива во полна пареа, со план А, Б и Ц. На тема диета.... Газот пак ми се проширил, Господе зарем и таму ќе почне да ми оди???:bug: Беше што беше вечерва, ајде, јадење пиење, си ќутам. Јадам утре тоа што јадам, прослави бутури, понеделник пак по ручеци сум, вторник Бадник, среда Божиќ и отворам сезона на НЕЈАДЕЊЕ. И гуша ми расте бе и гуша, леле, кризно, опасно, може и халуцинирам, ама се си мислам дека убаво ми потпркнува. Машала. Ај сега добра ноќ.:devil::smoke:

    Ќе пропушам уште малце.:smoke::smoke::smoke::smoke::smoke: