Честит Бадник на сите. Само благосостојба да ве следи... Јас годинава искрено не сакам кај мене да се падне паричето. Бидејќи како најмал член во семејството ми ја местеле кога сум била мала. Признавам, тогаш воопшто не приметував, ама и многу се радував. Ама лани приметив, ми ја наместија. Всушност, последниве години не ми ја местеја, ама лани се виде паричето, и дедо ми, уште ме смета како мала, ми го даде мене тоа парче. Секако, само искривено се насмевнав, зарем навистина мислат дека не сум приметила? А правилно, требаше на баба ми да биде тоа парче, а ете оваа година, ја правеа операција. Среќата не се дава. Кај кој е - кај тој е. Многу сум против местењево парички, кога јас ќе имам дете еден ден, нема да му ја местам. Како и да е, сакав да кажам, едвај чекам да седнеме на трпезата. Да го носиме лепчето до вратата, да го викаме дедо Боже. Потоа тој мирис, мешавина од риба, лимон и ориз. Потоа мандарини, портокали, ореви, мојата најголема љубов. И за крај баклава, која јас многу и не ја обожавам, премногу е блага некако, шознам. Денес решив да постам, иако не сум по тоа многу. Ама не ни има разлика многу, и онака не сум по многу мрсни работи, освен млеко. Ама еден ден и не е многу, постот некако те прави да се чувствуваш подобро, покорисно... Па тоа е тоа... Посакувам на сите што ќе им се падне паричката да имаат бериќетна и среќна година, а секако и на другите, имајте весела и исполнета Бадникова вечер, и не им ги местете паричките на децата. Spoiler: П.С. Да не заборавите после, да се залетате во СДК да пишувате кај кого паднала паричката, да не ги мачиме модераторите пак. Пишувајте во оваа тема.
Честит Бадник, за многу години нека ни е! Само среќа нека ве прати сите, не е битно кај кого ќе се падне паричката. Не знам зашто и како, ама на Бадниковата трпеза, гравчето ми е највкусно, лепчете , ептен е фамилијарно, ги обожавам овие денови, кога сме сите дома фамилијатно, заедно. Викаат за Бадник и Божик кај и да си, дома да си. Среќни празници!
Каква Нова Година ,какви глупоштини Бадник се празнува,Божиќ се празнува друго не признавам За многу години
Да ви го честитам празникот! Овој Бадник и Божиќ нека донесе на вас и вашето семејство пред се здравје, среќа, берикет и успеси! За многу години нека е, да сте ми живи и здрави. Живели!
Би сакала да им го честитам празникот Бадник на сите членови на форумов кои го слават денес. Ви посакувам среќна и бериќетна година, без разлика дали ќе ви се падне паричката. Јас оваа година сум малку поголема среќлија, па паричката се најде во моето парче од лепчето.
Ima i drugi.Kaj mene doma na Badnik se pravelo lepce so paricka. Kaj mm na Vasilica, pa sega aj demek mas se slusalo, pravam na Vasilica. Deteto znae deka nekade posle NG e toa i samo prasuva.
Јас отсекогаш сум сметала дека ова со барањево париче е пагански обичај и не треба да има никаква врска со Божиќ. Информиран е некој точно околу ова? Барав по интернет, ама не најдов ништо конкретно.
Ako me prasuvas mene, ne si tropnala na prava vrata. Nemam poima od nisto. Stalno doznavam na kraj, bilo praznik?
@senza.parole Таман работа. Ни јас не знам како е правилно и дали воопшто постои погрешно, ама ме заинтересира од кај му се корените на адетов.
@Hipica, јас да редактирам ми се избриша мислењето. И мене ме интересира, нека сподели некој. Едит* Кај нас дома фамилијарно и за Бадник и за Василица.
Јас да ви се пофалам денес цел ден бев зафатена и спремав за Бадник.И за прв пат јас го сукав зелникот.Убав излезе, ко за прв пат, со тенки кори ќе го сликнам ако имам време да ви го покажам.Моите цело време се вртат околу мене целите среќни, татко ми на глава ќе застане од радост.Така е кога си едно дете во фамилијата, за се ти се радуваат.Ние малку покасно ќе седнеме на трпезата,годинава така се погоди.Среќен ви празник на сите.
Нова коледарска песна ...Коледе леде, владата се ни зеде, ништо не ни даде, што ли ќе се јаде, искинато џебче, пара ни за лебче, масата празна, на неа само вазна, со бадниково гранче у празно станче, што ли ќе се прави, како да се слави, Божиќ ќе се чека у постела мека !!! За многу години,среќни празници пријатели
Мислам дека вртењето лепче за Василица е Српски обичај, барем така мене ми кажувале. А и ние дома практикуваме како вас - и денес и за Василица.
Секоја година мрчам како паричката не паднала кај мене многу мнооооогу години, отакако престанаа да ми ја местат. А кај мене дома традиционално паричка на трпеза иаме 2 пати, и за Бадник и за Василица...ама мене паричкава не ме симпатишала вероватно. Откако изгубив надеж и престанав да ја очекувам.... вечерва после толку години паричката е моја!!! Изглеа им здосади моето мрчење па годинава ми ја наместија пак, друго објаснување неам!! Како и да е....се радувам како мало дете, и ова комотно може да ме држи наредните 10 години без неа. За многу години денов, најсреќни да сте! <3
Се важи ли ако не ја сликаш трпезата за на ФБ или исто како да не си вечерал?! Само јас ли сметам дека тоа е крајно интимен чин?! Читам и коментари: "Многу убава трпеза". Мајко мила, мене срам би ме убило. Биваше ли да бидам толкав изрод и само мене да ми е сеедно дали ќе се падне во мене или не?! Ама навистина ми е сеедно луѓе. Дали сум нормална? М? И што дека две години ми падна со ред, кога ми беа за никаде. Или не беше па тоа од паричката? Нели она среќа носеше, или како беше?
Колку само среќа се крие во семејната празнична магија на овој период од годината... Едноставно ваквите денови имаат посебно место од сите обични датуми кои ги превртуваме и менуваме на календарот. Не може да ме одмине онаа широка насмевка проследена со носталгија по оние посебни спомени во детството, предизвикана од веселите детски гласчиња и коледарските песни со кои се будиш и кои ти го стоплуваат срцето. Денови посветени на собирање на семејството, збир од ситници и обичаи кои внесуваат семејна топлина во секое ќоше од домот и ти разлеваат насмевка на лицето. Тоа се оние моменти во кои звукот на ѕвонливата смеа на најблиските те потсетува колку всушност си богата... А да, паричката со назнака за 2015 која веќе по вечерата заврши сместена во домашната колекција на мама (која патем традиционално ги чува и тоа со евиденција за секоја година кај кого се паднала )... со пауза од три години, поштено и регуларно се падна кај мене. Баш памтам како лани мама не` зафркаваше со тато дека после неколку години кај него, сега е ред на мене, што си се менуваме со ксметот... и ете ја! На сите вас драги мои, ви посакувам прекрасна вечер помината со најблиските, зачинета со многу насмевки, и каде и да се паднале паричките - цела година нека ви носат среќа и вам и на вашите сакани. Честит Бадник и Божиќ!
Па зар постои НЕУБАВА трпеза? Секоја трпеза е убава. Та за Бадник се работи, не за натпревар „Вешта жена“. Макар и само леб и пиперки да има на масата, трпезата повторно ќе биде убава и посебна затоа што е празнична. Бесилка за сите силувачи на социјалните мрежи!!!