Note to self: немој да пиеш зелен чај пред спиење. И намести си го креветот насабајле, така ќе имаш многу попродуктивен ден.
Дали е грев или чудно што веќе долго време сопствената држава не ја чувствувам како своја? Најсериозно. Мислев дека е пролазно и дека е некој кризен период што си доаѓа со годините, ама не е. И по малку како да се срамам да ви кажам, збунета сум, жал ми е, вистински ми е жал што така се чувствувам, на моменти дури и вина има во мене. А реални да бидеме земјава заслужила вакво чувство ама не е сеедно. И вистината е дека не можам гласно ова да го изговорам, кнедла ми стои во грлото која не можам да ја проголтам, а повторно не знам зошто. И не, не е ова поврзано со ситуацијата во државата, не мислете дека индиректно сакам да мрчам за сметките, ниските плати, безработицата, тоа не е ништо ново, ако тоа била главната причина уште одамна ќе го имав овој товар. И не е клише, среќата е во малите нешта. Среќа е кога спијам до него, среќа е кога мачорот ја користи мојата нога како перниче, среќа е кога ќе го гушнам, среќа е кога си ставаме надимаци кои само ние ги знаеме, среќа е кога се договараме на кого ќе ни личат клинците, среќа е кога разговараме само со поглед, среќа е кога моите се среќни, среќа е кога ја зафркаваме мајка ми, среќа е кога мачорот е задоволен од храната па со полно меше се оближува и бања еден саат, среќа е кога ќе го видам него насмеан, поголема среќа од тоа нема за мене. Мамо, тато, фала ви што ме научивте да се радувам на вистинските нешта. Ништо друго не сакам во животот, само здравје за мене и моите најблиски, искрена насмевка на неговото лице, а јас да сум причината за истата и две, три негови мини копии.
Прв пат во овие 20 години - интервју за работа. Бум - работата добиена. Немаше посреќна од мене. А среќата да биде уште поголема придонесе тоа што можев на најблиските да се пофалам и да ги израдувам. My family, најдобриот другар и секако најсаканиот мој.
Се молат несигурни мажи да не си ја гланцаат несигурноста со мене бидејќи на погрешна врата чукаат. Со пичку материну со све сум јас. Тоа што ве осквернавиле жени со сомнителен морал, не го поправа ни господ, а ни па влажна марамица, ќе ве молам застанете во редот на психовци додека си го гушкам прекрасниов во мене. Оке? Свашта значи... Не знаел како, па ме кани во сто саатот на пиво, демек ништо битно, чак што више и безобразно, викаш аривидерчи брате, не си здрав, оу извини, до тебе е, ти си неарна. Не братче, ти си незрел, а и јас не сум крива што цел живот излегуваш со разуздани жени кои по принцип висат на чивило за се и секого. Како бе очекувате промена во животот ако правите исти работи постојано, не ве разбирам? Тоа важи во сите насоки, кон вашите роднини, родители, другари и потенцијални девојки. За работа не ми се ни прави муабети, оти луѓево од тоа нивно амбициозно живеење во таа насока, кое е пуста празнотија и благе везе нема со реалноста, освен убав костум за пред народ...се заборавија кои се. Е така... не мора да патиш од виша вредност за да сакаш убав и пристоен однос од луѓето околу вас. И да, ду метрс, не е никому ништо. Многу кажува! А уште повеќе кажува за жените што толерираат ваков однос, па дури и им ласка. Језиви.
Басните се совршен начин за опишување на наравот човечки, а изгледот и однесувањето на растенијата и животните сосема оправдано може да го споредуваме со нашиот изглед и однесување. Едноставно, далечни роднини сме и премногу сме слични на моменти. Кактусот на Каренина од пред некоја страна ме инспирираше, вели „...делуваат грубо, а не знаат дека кактусите ги имаат некои од најубавите цветови“. Токму такви се и луѓето, еден цвет во годината на груб човек изгледа како сензација, едно овенато ливче во годината на лалето ја претвара таа личност во „си се сменил“. Секогаш, ама без исклучок, оние луѓе кои по природа се добри, насмеани, расположени и секогаш во наше присуство нè расположуваат, се доживеани како луѓе кои се обврзани тоа да го прават, па кога еднаш ќе бидат начекани намуртени, нерасположени или лути, веднаш кон нив се гледа со други очи и се доживуваат како луѓе за кои сме направиле погрешна проценка. Само едно покажување заби од човек кој вообичаено е пријатен и пријателски расположен, може да го обележи понатаму како лицемерен, превртлив, лажен. Од друга страна, оние луѓе кои постојано наоѓаат замерки, се лутат, себични се, арогантни и генерално лоши и постојано од околината се познати како такви, доволно е да направат само еден гест на пријателство и кон нив веднаш се менува односот и луѓето помислуваат „па и не бил толку лош“ и секој следен, вообичаен лошотилак се доживува како „таков е тој, ама сепак е добра душа“. Ниту едните, ниту другите типови на луѓе една постапка не ги прави поинакви. Една ластовичка не прави пролет, исто како што еден цвет не ги поништува боцките на кактусот, тој сè уште ќе боцка како и секогаш и треба да се пазиме од него.
Сдк и сдк не е тоа што беше Завршија сите можни празници, одмори и денови на џаболебарење... Патем... Таму кај вас високо со коњак златна лажица на свилена перница душата ми остана на свилена перница...
Ајде денес со заебанциите за празникот. Како да не ни беше доста години уназад. Духовито или помалку духовито, нешто не е ок ако сте направиле обид за шега на име на празников, а сте завршиле основно. Уствари пост не е пост, ако не се искомплицира драматично уз инфилтрирање на политика. Уште сум во неверување од психолошките анализи на Мирка за бодиленгуиџот... Убаво би било да го изанализира нејзиниот имиџ да види до кај е-што е... Каква држава сме...бреј.
СДК ... заокружувам јубилејна година со Форум Фемина, ... 5 Па нека ни се множат! (се надевам) Во тоа име ... За сите
Сакам да кажам многу работи ама нема да кажам нешто многу. Ви кажувам ЗДРАВО НА СИТЕ! Јас сум Пријателот, нов член. Се надевам ќе се дружиме и ќе праиме забава. Веројатно, иако форумов е ФЕМИНА, добредојдени се и мажите. Нека преовладуваат жените, љубов до сите! п.с: Штета што има само еден фонд. (неголема штета.)
Во животот се е лекција, она што треба човек да го направи најдобро за себе е да си ја гледа сопствената работа, се останато е минливо, пропратно.Порано се чудев кога ќе слушнев дека секој човек има своја мисија, која треба да ја реализира, не верував толку во тоа, сега ми стана јасно.Ништо веќе не ме чуди, не ме изненадува.Смешно ми е колку само животот знае да биде проклето ироничен и се може да му застане на пат на човека, доколку тргнал да ја реализира својата цел, сопки колку сакаш. А колку повеќе знае да биде не згоден животот, толку повеќе ти се зацврстува карактерот, убавини.
Овој ден како да има некоја задача да ме срамни до земја. Едни добри 90% од луѓето со кои разговарав денеска беа со намуртени лица, нерасположени за музика и смеење. Но, оние 10%, т.е. три личности ми го направија денот. Исто така, си отворив едно од ливчињата, кое вели: " No matter how you feel, get up, dress up, show up and never give up." И така, го продолжувам денот со и си кулирам. Ниту тој, ниту таа, ниту па останатите кое се обидуа да ме срамнат до земја денеска не вредат за нервозите и залудно потрошеното време на нив. Го зграбувам овој ден со сета негова позитива.
Цел ден го поминав во кујна, си готвев за мене, па за сестра ми и си се релаксирав. Деновиве сум на режим, па после ќе идам да си купам здрава храна да имам за цел месец. Денов е убав, гледам сончеви зраци во собава, но јас нема да го искористам за шетање. Сакам да одморам мозок малку од гужви и да си ја средам собата слушајќи музика. На крај од денот ќе се избањам и ќе си уживам во некоја добра книга со чај. Цел ден ќе си го поминам во пижами и со бушава коса, онака опуштено, не се замарам со никој и ништо. Денов е мој.
Ко што љубов може, ништо друго не може. Ни гнев, ни зло. Исто како некој во вена со инјекција да ти ставил цела вселена, оргазмично, трепетливо чувство. Кој беше кажал дека во жената вселената се наоѓа внатре, а во мажот надвор? Е, тој истиот гарант знае како идејата и вселенната се чукнуваат и водат љубов. Еротика е тоа. И да, а ако преминеме на тема нељубов., има такви некои бивши човеци околу мене што ме оптеретуваат со нивнотот постоење на слаб организам, и како што мачките и другите животни се лижаат, овие така со самољубие си ја лижат сопствената мизерија. Јас таква ко емотивен сунѓер трчкам се околу мене да впијам, божем сета убавина, али ја нема во секој лик или во секоја книга. По потреба таа што ја носам во мојот универзум ќе ја извадам да ја препознаам во друг. А не дека сум и најарна, си знам.
Од мене толку од негативната енергија, сега се ми е розово, еве 20 дена. Ми се свиѓа, заљубена до уши. Го сакам.... ете, денес без некоја причина добив меченце, добив прошетка и мотивација за утрешното полагање муце мое си ти <3
На права жена ножните ноктиња и зиме и се налакирани. Има една женска, од почеток на декември ја среќавам во еден локал во градот, очигледно и на двете ни се допаѓа местото, ама едно не ми е јасно, ја гледам цело време со различни луѓе, а иста книга носи со себе... обавезително надвор од ташната, на ачик истакната... Ќе ве убие тоа хипстерајот бе, и книги почнавте да носите како моден детаљ. И не, не беше као два тома Толстој, цирка 300 страни. Сакав да ја прашам да не е квантна физика...
Среќичка во вреќичка си имам денес. По некоја случајност пред половина час се најдов во книжара. Срцето ми зачука за книги. Не можев да му кажам не. Си одбрав две. "Три метри над небото" и "Шепнувачот". Сестра ми ме гледа чудно и ме прашува:" Од кога ти толку заинтересираност во книги?" Како од кога? Очигледно е дека не ме познава воопшто. Цел живот имам желба да си направам голема домашна библиотека. Не, не, ваква прилика не се испушта. Од сега, на секоја посета во друг град ќе наминувам во книжара и ќе си земам барем по една книга. Па тоа е задоволство. Не, не е физичко, не е како чоколада, пица или нова блуза. Но, тоа е духовно исполнување. Жедта за истражување на нови светови, нови фантазии ми е се` поголема. Мислев дека како ќе си надоаѓаат годините, така ќе ми се намалува желбата за волшебен збор. Но, грешка сум била. Желбата е се` поголема и поголема. Од ден на ден се` повеќе се заљубувам во книгите.