Ете ме и мене, после не толку долго време. По некое непишано правило, најчесто пишувам во раните утрински часови, бидејќи тогаш се чувствувам најсвежо и сум добро расположена. Еден месец одмор не ми беше доволен, па си го продолжив и ја искористив првава недела од фебруари за дополнителен одмор, па се надевам дека од наредната недела ќе бидам мотивирана за работа и ќе успеам да се вратам во нормала. Деновите ми поминуваат во читање и гледање филмови, дружење и кафе муабети, чат пат и по малку љубов. Се чувствувам исполнето. Далеку од тоа дека се` ми е совршено . Ми фалат уште многу работи, но научив да уживам во она што го имам и доволно ми е за среќа. Случајно или не, им паднаа маските на личностите кои цело време се врткале околу мене и ми глумеле пријателство и љубов. Огромен товар ми падна и се чувствувам многу подобро и полесно откако не се веќе дел од мојот живот. Ако гледаме вака ништо не се сменило, но се променив јас. Нормално, толку колку што може еден човек да се промени.
Пола пет, надвор мрак и сув ветер, итам кон Железничка станица. Таму саде спомени. Секое сокаче, своја приказна со потпишан ден. Ми го распарува и тоа малце што останало. По некој таксист, залутан коцкар и празни булевари. Од автобусот се симнува и патникот мој. Преполнет со торби, куфери и промени. Ете ја и мојата ренесанса. Архивирана со дата!
Сакам да кажам дека некако се соочив со мојот најголем страв и еден час докторката си работеше, јас си плачев, и кога ми текнува, не дека болеше толку многу. Во поглед на онлајн шопинг сум многу несигурна па како за тест нарачав: И од друга рака, се плашам дека полека полека ќе купам многу додатоци за коса зошто многу голем љубител сум на истите.
Кога настапувам се чуствувам како да сум првпат заљубена. Чуството е исто како кога двајца се заљубуваат и кога за првпат тој некој ќе те допре, но поголемо е. Множено со целата публика Е така се чуствувам кога пеам..
Има денови кои иако се обвиткани со превезот на сончевата светлина, не можат да ни ја затоплат душата. И најсилниот светлозен зрак го одбива рефлексното сивило што не обзема. Поставени на другата страна на надворешноста, се чувствуваме како да припаѓаме на поинаква временска зона. Стденилото што не притиска предизвикува такво невреме што и мало облаче може да се претвори во ненадејни врнежи. Грст измамени насмевки околу нас, а ние заробени во некој немир и превирања... А има и такви денови кога емотивната ерупција ја достигнува фазата на кулминација, па е посилна и од темнато небо кое само што не се излеало над нашата аура. Понесени од стихијата на расположението не ги забележуваме туѓите погледи и небитните чекори. Силна возбуда и вознемиреност ни го водат егото. Неописливо еуфорично е чувството кога долгоочекуваниот ден полека го зазема примарното место меѓу останатите. Тогаш и грмотевичната бура не може да го запре големото количество дожд од убавини во себе.
жените на форумов се од неколку причини -да научат нешто -да најдат решение за дилема -да се дружат мажињата на овој форум се -за да најдат некоја нестабилна за оброк во кревет -за лечење комплекси - геј. точка.
Хуманоста е најдобрата особина која го прави човекот голем. Бидејчи нема поголема сатисфакција од дарување некакво материјално добро некому, кому знаете дека е неопходно, и бар за момент ќе го направи среќен. Од тоа нема по раскошна храна за душата, и единствено преку такви хумани гестови почнува во нас да се населува спокој.
Нај занимливи се оние кои преку тебе ќе се дрзнат да ги лечат сопствените фрустрации (најчесто оние од сексуална природа). Да да, веруј има и такви избацени нус производи по форумов, само малку треба да ѕирнеш под рамката и ете ги, веќе ти мафтаат. И замисли си` вчера од страна на тие некои, подлегнав на детаЉна анализа. Според нивната проценка испаднав јадна, искомплексирана глупача која има за цел, (ни мање ни више) да добие титула КраЉица форума. И си викам види бугати, не сум знаела дека сум до тој степен интересантна појава, вредна за истражување, па си поласкав малку троа. На крај, си реков ако ништо друго, ме прави среќна фактот што бар малку забава внесувам во тие нивни празни монотони животи. Бидејќи остварен човек, особено на професионален план, сигурно не би тепал време по форуми, а најмалку би ја истакнувал својата стручност низ такви површни, безмислени толкувања.
Го сонував најбаналниот сон до сеа... Се будам во лудница и цело време плачам и се обидувам да се сетам како воопшто сум се нашла таму.... е до толку сум значи. Патем, ако ова го споредам со претходните соништа..можеби има и некоја поврзаност.. Некои си 2 недели сонував еден ист сон, нешто со што бев опседната преку ден и за што цело очекував да ми се деси, навечер сонував дека ми се дешава.. и така ден за ден... буквално, секој ден истото... Дали овој последен сон значи дека навистина полудувам?! (ма да во сонот не бев луда, да се разбереме) Но дали ова потсвесно ми кажува дека овој пат стварно сум претерала? ***************************** И уште нешто сакам да кажам.... е многу ми е мило што на форумов не постои опција да си го лајкнеш сопствениот коментар! Толку!
Поглупо нешто од нервозен песимист ми се само хардкор семе синапово оптимисти (кои ептен често глумат) ...
Уште еден убав ден. Утринско кафе со другарка, па уживање во читање книга во тишина. Вечер ќе се дотерам, нашминкам и одам на шетање.
Денес најдов старо Другарче, ама она забавното, за решавање некакви игрички. Ептен ми е мило кога вака ненадејно ќе најдам нешто старо кое за миг ќе ме врати години наназад. И си мислам, што ли ќе се случи за уште 5-6 години. Каде ќе бидам? Дали тогаш ќе ги барам овие времиња? Дали додека си го живеам едноличниот живот, треба да уживам во секој момент бидејќи еден ден ќе го барам? Веројатно е така. Сега не можам да го знам тоа, иако ме интересира низ што се’ ќе поминам во животот. Сепак, кога би постоела машина за патување низ времето, јас би знаела точно каде ќе одам.
Многу ми се интересни девојчињава на фејзбук кога си честитаат родендени, и некаде во рефератите ќе пишат: ,,Ги "начука" 13/14 години‘‘
Гладна сум. Ги слушам и ги мирисам компирите кои се варат во кујна; ги подредив кромидот и зачините, уште една плеј листа да си најдам. Кога готвиш ставаш многу љубов и многу кромид. Денови без обврски, не знам на која страна попрво да се одморам. Годинава ми зема таков залет што ми е страв да не се удри некаде во средината на февруари. Полека си викам, чекај си пролет да си живееш ко во хедонистичка Италија.
Нова понуда за работа се крчка. Хух! Едно научив, држи се до себе и тоа што ти мислиш, чувствуваш и гледаш. Ах...ама прво има нешто многу поважно. Да научиш кој си ти, вистинскиот ти! Ни повеќе ни помалку! И да се прифатиш и сакаш како таков. Aко сакате нешто да остварите, само запишете си го во календарот буквално - нова работа таа и таа дата, тоа и тоа на таа и таа дата... Нема шанси да не го остварите дури и да не зависи од вас ќе направите и дадете се од себе да се случи и без да чувствувате дека вложувате некој екстра напор. Денес, горда на себе! П.С. Ме интересира што е со младиве дечки. Мајка ми ја убиваат од додавање на фб, па и и пишуваат. Да ја цитирам - Види го бе, види го бе, види што ми напишал, дечко 24 години - госпоѓо вие сте искусна, можеме ли да си правиме муабет? И она на тоа му враќа - Дечко имам ќерка колку тебе, оди бркај момичиња во Охрид. Сериозно припаѓам на оштетена генерација, мајке ми. Па после да сум се мажела...оооо...
Дa,дa и ќе нaпишaт реферaт пoлн сo глупoсти и нa крaј ќе пишaт другoтo ти гo кaжaв вo chat...зaр уште имa?