Jaс го осетив оној во петокот во 3 сабајле со епицентар во Албанија. Имаше нов? Edit: Баш чудно како не сум го осетила, сигурно сум била во движење. Magnitude ML 3.7 Region FYR OF MACEDONIA Date time 2015-02-08 17:40:05.5 UTC Location 41.98 N ; 21.03 E Depth 1 km Distances 33 km W of Skopje, FYR of FYR of Macedonia / pop: 474,889 / local time: 18:40:05.5 2015-02-08 3 km W of Желино, FYR of FYR of Macedonia / pop: 25,422 / local time: 18:40:05.5 2015-02-08 1 km N of Strimnica, FYR of FYR of Macedonia / pop: 1,831 / local time: 18:40:05.5 2015-02-08
Поooooмоооош!!! Сакав да сменам слика ама не се допаднав, па сега не можам да си ја најдам старата. Кој ќе ја најде следува награда!!!!
^ Фала и на тебе и на луничка, и таа ја најде, се чудам како јас веќе пола саат ја барам. Наградата е да стискам лајкови и да давам коментари во стилот -леле мила колку убаво напишано, и јас мислам така, срцка си и слично Друго не ми текнува
Дај и мене нека ми фрлат 10.000 евра и јас некој убав збор да кажам за премиерот пред заминување, чунки никој не кажува лош збор кога човек заминува на пат. Уште ѓупката што го фали не излезе на телевизија да каже нешто убаво за него.
Кога има нагла температурна разлика, е штетно за организмот, брзо спој се со друг организам за да се заштитиш од штетните надворешни влијанија. Ништо, само сдк
Никогаш нема да го прежалам. Годините си поминуваат ама тие не се мерило за заборав. Те памтам, иако не си тука. Болката е иста како кога замина од овој свет.
Неможам да си се изначудам на самата себе си. Опседната сум со кучиња! Ми вели дечко ми, кога ќе сум видела на улица кученце, сум заборавала на него. Ми вика јас си стоам како засадено дрво, таа го брка кучето за да го погали. И пред некој ден, навистина се осетив дека сум таква. Гледате феминки, ме искараа сега. А јас си планирав еден ден дека ќе ги земам сите бездомни кучиња кај мене да ги гледам. И тие се душички како нас, why not?
Што знам... како сакате сфатете го ова ама... Навистина ми е жал за девојчиња/девојки кои никогаш не добиле вистинско внимание од вистински момак односно маж. Никогаш кои не направиле интелектуален разговор со маж, никогаш не им била бакната раката, чисто како гест. Такви на кои не им требало одбрана, но биле одбранети во вистински момент. И такви кои никогаш немале шанса да се излактаат со прав џентлмен и да станат најдобри пријатели. Такви кои имаат машки другари со кои заеднички успеваат, кафето е продуктивен разговор за идеи,а не празно трачарење и заебанции, со евтини досетки, а другаров се што сака е да ја... Жал ми е за девојки кои други девојки ги сметаат за потенцијална опасност и такви кои расипуваат пријателства заради подобриот физички изглед на другарката... да и тоа сум го видела. Жал ми е за девојки кои немаат однесување за да бидат дами. Што е дама? Дама не е само атрактивен и празен изглед, дури и евтин. Жал ми е за тие кои горат за љубов, а не знаат како да се постават и да ја добијат, затоа што нивниот свет е таков, површен. Жал ми е за девојки кои никогаш не почувствувале како е да те сакаат од дното на душата, а не почувствувале ни љубов што ги исполнува и прави свои. Такви што никогаш не биле поканети на танц. Да, старомодно, ама да, танц е. Такви на кои никогаш никој не им рекол - ти мене не ме смируваш, ти мене ме здивуваш. Такви кои никогаш немале пратнер каде што неморале да се докажат за да бидат сакани, едноставно се сакани... Такви кои немале партнер каде можат да бидат свои, жестоко да си го бранат ставот ако треба. Жал ми е за девојки без изградена личност, која е почитувана, а не угнетена. За такви кои вредноста си ја вагаат буквално на вага за телесна тежина, чие мерило за нивната вредност е нивниот физички изглед и е прв и единствен критериум за постоење. Жал ми е за оние кои никогаш немале партнер кој со гордост едвај чекал да ги запознае со сите и при тоа се гордеел со нив и нивните достигнувања, а пред се нивната личноста и тие кои никогаш немале партнер со кој се гордееле со целото свое постоење... Макар завршило тоа и неславно. Жал ми е бе за девојки што не сакаат да се испрљаат, жал ми е за девојки кои го изгубиле детето во себе заради својата измислена фем фаталност, жал ми е и за такви што на направиле ништо поинакво во својот живот во последниве 2 години, а за културна надградба, интелектуална или академска не ни сакам да дискутирам... Замислете... тогаш сте и поженствени и поголеми дами од вашата замишљотина дека 5 кг шминка и готолтија привлекува. Жал ми е за девојки чии свет се врати околу нивниот изглед, селфија во огледало, розеви кармини намачкани до под нос, напучени усни. Никогаш не почувствувале како е да си право женско, никогаш не биле испочитувани од темето на главата до ножните прстиња. Жал ми е за девојки кои ако не постоеа социјалните мрежи, огледалата и телефоните... би биле тажно депресивни и непотврдени зошто не доживеале ништо од горенаведеното. Жал ми е бе што сте грди... еве вака отворено. И физички со се вашите кармини и комплекси за тенки усни, мали очи, лоши веѓи, лош нос. И знаете зошто? Зошто за вас е пресудно да мислите дека вредите само заради вашиот физички изглед, а тоа носи до она - духовно сте празни... како да ви кажам, ама таа е спрегата... таа е! Сте заборавиле кои сте навистина, сте се закопале во вашата шминка што не ја вади ни евтино влажно марамче од непознат производител со висок процент на избелувач во него. Жал ми е за девојки кои животни искуства се темелат само на излегувања по дискотеки и кафичи, одмори летни/зимски заради имиџ, а не доживување и толку... а и реда ради завршен факултет... Такви никогаш не се сакани од вистински мажи и навистина ми е жал за тоа. И има уште многу работи за кои навистина, навистина жал ми е... А што фали на тоа само да имаш душа и да си свој... Жал ми е што никогаш не сте го почувствувале бесконечното удобство во она што сте. Што не сте биле гушнати од таков каков што посакувате цел живот, а бога ми и што не сте се испокарале со истиот и сте го имале во целост, само за вас. Да, некому љубовта му доаѓа подоцна, ама ако си вечен несреќник во истата... до тебе е. Исто така до тебе е ако си опседната со твојот изглед и постојано си жедна за потврда... а впрочем не само што често и неправилните црти го кажуваат спротивното, па ни внатрешноста е празна... Кои сте вие кога ќе го симнете гипсот од лицето? Кои сте вие кога сте сами? Дали мислите дека некој би ве сакал и почитувал кога би ве гледал како се однесувате самите кон себе кога сте сами? Дали мислите дека би се заљубил во вас вистински кога би ве гледал како си ја храните душата, кога би ви ги гледал вашите ритуали и кога сте во тренерки? Не....а? Тогаш навистина длабоко ми е жал за вас.
^ Никогаш не е касно @lunicka , ама не знам зошто мислам дека не е вистина ова кое си го напишала, верувам дека си подзаборавила некој спомен... Дури и да е така, имаш ќерка, научи ја да го бара сето ова од себе пред се. Да не заборави која е за да биде сакана и почитувана заради тоа што е таа, а не заради некој профил за атрактивност кој често е нездрав...
Се сложувам со твоите постови. На крај краишта се е во перцепцијата...како ние се гледаме/доживуваме себе си и како го анализираме начинот на кој не гледаат/доживуваат останатите. Јас често знам да речам она што за многу девојки е комплимент за мене би било навреда...