Koга ке сфати човек колку пари има потрошено за модерна облека на која другата година местото и е во губре ,тоа е пусти пара ,секое фрлање на парче облека свакаш дека живеење на духовен живот во безвременска облека вреди повеќе од се.
Фемина ми вели дека 3години сум тука, иако повеќе од една не сум :/ Еден форум, еден град, една држава...сите некако си заминуваме од истите, бараме повеќе, да се надоградиме, да успееме. Тоа што останува е, не ти недостасува градот, не ти недостасува државата, ниту форумот, туку баш луѓето. Па кога ќе се сетам на фемина, мислам на многу од вас, и кога мислам на вас искрено ве замислувам со сите желби што ги имавте, исполнети и среќни. Дури и на битерсвит малиот повеќе сигурно не е нудист Јас? Добро сум, сеуште сум немажена, за жал на баба ми Вие? Бидете добри како што ве мислам ♥ кратко е, но... ми се спие жалам, а фемина само ме потсети
Леле...ми фалиш @kravce со твојата кравичка (таа беше твојот прв аватар, ако не се лажам) добредојде назад...се надевам нема брзо да не напуштиш
Е ме нервираат децава кои се впуштаат во сексуални односи без да се информираат. Оф, оф, оф.. Абе јас и на родителите би им вовела задолжителни часови како да ги информираат своите деца и да им зборуваат за сексот. Аман више со глупи прашања и мислења.. Да се пиело апче за ден потоа како витамини? Да не се користи контрацепција и после да се удирало глава од ѕид? Абее, дајте едицирајте сеее!!!
Често знам да си ги спомнам бабите и дедовците, особено оние со кои израснав и од кои имам најсвежи спомени. Заборавам датуми, а заборавам и дека времето си лета. Па цела вечер си мислам на него и си се чудам кога поминаа цели 14 години... Секогаш ќе го памтам по убави работи. И сега ми доаѓаат солзи на очи кога ќе си помислам на тоа колку тежок му бил животот и што сѐ успеал да направи иако почнал од нула. Цела добрина на светов му беше собрана во душата. Луѓе кои не ги ни познавам, ќе ми речат: Дедо ти колку многу ми помогнал, никогаш нема да го заборавам. А еден од спомените од него ми е кога го гледав додека работи. Ќе се потпрев со рацете и главата на маса и ќе го гледав како нервозно шкрта по листовите. Многу се лутеше кога студентите пишуваа глупости на испит и секогаш викаше дека ако не знаат, подобро ништо да не пишуваат. Па ќе му речев: Дедо, ај биди добар и на сите напиши им петки. А тој: Па некои со ова знаење, само петки можат да добијат. И ќе ми се насмееше додека ги креваше очилата, зашто не сакаше да го памтам како намуртен и строг. Си мислам каде ќе беше денес да не го сотреше болеста. Ми се тресе душата само што си помислувам на него, а солзите сами си течат... И си мислам, човек не може да умре ако направил толку добрина по која денес сите го паметиме. Живее низ неговите дела.
Не можам да ги разберам луѓето кои во еден момент се добри со тебе, а веќе во друг момент постапуваат толку лошо што веќе не можеш да ги препознаеш. Јас сфаќам дека расположението на сите ни се менува 365 пати во секунда. Јас сум чист пример за тоа. Ама никогаш не сум дозволила моето лошо расположение да го пренесувам на други или пак нервозата да ја истурам на некој кој најмалку го заслужил тоа. Настрана тоа, јас моментално се наоѓам во еден таков период, кога се` ми фали, се` ми смета, се` ме нервира. И покрај тоа успевам некако да се контролирам и да не направам нешто за кое подоцна ќе ми биде криво, а трпението ми е при крај. Бројам до десет пред да донесам некоја непромислена одлука и да заебам се`, а од друга страна срце не ме трпи да превземам нешто и да ја разрешам дилемата која ме мачи. А се плашам. Се плашам од негативен одговор, одбегнување на темата и глумење дека се` е во ред. Се надевам дека ќе успеам да останам смирена и дека ќе ми помине нервозава која ме мачи веќе неколку дена. Времето само ќе покаже дали и како треба да реагирам.
Моево денес е повеќе сакам да прашам него сакам да кажам, но зошто сите некако пребуквално ме сфаќаат денес и не сфаќаат мајтап? Како и да е, мразамшто сум од поручек на пракса и на часови, онака глупо ми е, за ништо немам време колку рано и да станам, дур се расонам како што треба па и од 7 да сум станала, дошло време за на училиште.
Добро бе доста ги малтретирате дечковците да идат со вас у кино на 50 shades of grey , се скапаа од жалење како мораат да идат и дека немаат избор и разно .... Скоро секое машко што има женска со кое сум правел муабет ми се жали како мора да иде , какви жртви прават за вас значи
Sreken rodenden A***ce, mozebi nekogas povtorno ke se sretneme, a moze I ne no sekogas ke po pomnam denot koga si roden !!!
Значи колку ми е смешно, кога некој се обидува да ме мота, абе не е свесен дека ќе го фатам и нема да му текне никогаш повеќе истото да го направи.Толку се проѕирни некои постапки на луѓево, тоа е чудо.Кога веќе некој се бави со тоа, барем нека го прави автентично, а не сам да се открие.Добро е и што ми признале, кога увиделе оти џабе прават така.И, се уште не ми се верува што има луѓе кои сакаат да манипулираат со други.Можеби може слични на нив да смотаат, но не и останати.
Затоа што имате пари за фасади, споменици, фонтани, бродови и триста глупости секогаш ќе бидете ИДИОТИ! Пак да гласате за нив. Почивај во мир Тамара Од твитер: Пази кај се раѓаш.
Пресмешни ми се луѓе кои вештачки се трудат да изледаат скромно и продуховено. Океј е, сите сме по малку материјалисти и сосема е нормално да го сакаш најдоброто за себе.
Тип на луѓе: Абе, ја неќам да се фалам, ама...и почнува да набројува што има направено, вклучувајќи го раѓањето и како првпат самостојно си го има избришано газот на две години. Скромно. Ми се погоди таков „чувар“ кај што полагам за возачка, и нема пауза која не ја користи да нагласи кај бил главен, биле можеби и преситуирана фамилија, колку бил полн општо познавање од сите области, дека бил дипломиран правник (ова посебно), колку пари направил, колку имошен бил, дневната му била колку еден стан од 60 квадрати, и како син му избегнувал да работи за мизерни 200 евра, па секој месец од татина сметка си вадел по 500 и си шетал само, а неќел ни да се жени. Главава - тапан. Али си направив цака знаците за опасност да ги поврзувам со „дипломиран правник“, а оние за обврски со „45,000 евра за еден ден“. Така ми иде сликата...бар корист некоја има. Фино тоа...и неќам да судам по изглед, ама некогаш стварно издава дека не си тоа што се правиш. А јас, будала, го свртев муабетот кога почна да ми кажува како бившата на син му ми била имењачка и била така мила, паметна, ау-бау...АМОРИ КОЗО ЗИМАЈ ОДМА МАЖИ СЕ И ВАДИ ПО 500 ЕВРА!!1! Теле неизживеано. А, да...си најдов симпатија бе! Симпатија...мислиш 12 ги имам и седи пред мене во клупа. Теле...
Сфатив дека луѓето во суштина се многу несигурни и постојано се натпреваруваат.Живеат постојано во страв и грч дека некој ќе ги изигра,ќе им го земе тоа што го мислат дека е нивно и затоа први напаѓаат.Сите сме до некаде исти и ако имаме на прв поглед различни проблеми ,се се сведува на исто. И да, секој е сам.Колку и да сме со некого поврзани,делиме добро и зло,нема никаква гаранција дека тоа нешто нема да се промени. Луѓето ќе ви префрлаат дека сте себични ако ги следите своите соништа и ја градите сопствената среќа.Не треба премногу да се трудите околу другите и да докажувате било што.Зашто тие истите луѓе многу повеќе грабат од животот и многу малку се обзираат на се околу себе.