Наречете ме глупа и извинување ако се најде некој засегнат, негација за било каква љубов не треба да пости. АМА! Стварно не можам да разберам љубов на работно место... со кој памет влегуваат луѓево во такви работи, не знам... стварно не знам. Имам познаничка која гледам сега на фб дека е во врска со колега... А колегата па и го знам од друга страна како соработник. И двајцата буквално очајно бараа партнери, годините ги газеа (ако 26-7 уопште се сметаат за години во кои те гази нешто) и чувствуваа притисок од околината. Конкретно за девојкава знам дека сите другарки и имаа дечковци. Уствари, каде е тука љубовта? Поминуваш 8 часа од работното време со некого кој знаеш како изгледа гол. По мојата дефиниција - колеги се сите оние кои не смееш да знаеш како изгледаат голи и кога чепкаат нос, во ред? А истото важи и за клиенти...освен ако работата не ви е од таква природа, мислам кхм...знаете. И воопшто не разбирам дружење со колеги и колешки како да сте во средно. Секој викенд во кафанче, во дискотека... Кој како сака нека рече ама се губи професионалноста во сето тоа. Ако некој константно почне да прави грешки или да ескивира во работењето незгодно им е да си кажат, па се оговараат...
Доколку не се свестат од МТВ, следи окупација на зградата! Ако сме толку демократски развиена земја, зошто граѓаните се игнорираат на јавниот сервис? МРТ мораме да си ја вратиме назад, на старата адреса, кај народот, кај тие што ја плаќаат.. Револуцијата почнува,ајде сите заедно! #СлободаЗаМРТ https://www.facebook.com/slobodnamrt Само да потсетам дека според законот јавниот сервис - МРТ за време на изборите има должност подеднакво да ги застапува со временска покриеност сите политички субјекти - партии. Моето искуство за време на последните избори беше дека просторот за владеачката партија е неколку пати поголем од просторот за сите останати партии и дека јавниот сервис е во служба на власта. И да се разбереме, не сум јас против едните и за другите. Јавниот сервис има централна и многу важна улога да биде објективен, надпартиски и пред се демократски, а тоа во моментов ни од далеку не е.
Кога маката ке не освести што треба да јадеме .Се додека сме здрави јадеме се и сешто ,човек тешко да се убеди здаво да се храни ,зарем се чека полеста да пристигне па да се освестиме? http://nmd.mk/selectedarticle.aspx?cid=9687&scID=2134&l=63
Мислете си вие дека форумот не влијае. Еве на пример постот за несаканите девојки допрел до некого... и баш ми е драго, иако го игнорира, се лути и така натака, вистината ќе остане вистина. Ќе останете само обични дотерани девојки со напрчени усни... кои тажно си ја бришат шминката пред спиење прашувајќи се - дали вредам? дали сум доволно убава? дали ме посакува некој? Имајте убав викенд!!!
Епа по толку многу петоци 13ти, дефинитивно, оваа дата ќе си ја прогласам за среќна. Секогаш ми се случуваат прекрасни работи на Петок 13ти. Така и денес. Најпрво едно прекрасно големо изненадување, тетка ми од Италија, а потоа и уште едно преубаво изненадување, подарокот од ДМ, и за крај јас бев таа која приреди изненадување, овојпат бев во улога на курир и пренесов едно ланче во форма на срце од сваровски, заедно со кутија чоколадни бонбончиња, кое допатува од Италија до домот на девојката на која беше наменето. Зарем има нешто поубаво од насмевки и солзи радосници? П.С. Ги знаете оние мрзливи поспани утра, кога слушалките ви се замотани како лично ѓаволот да ги мота, и се занимавате со нив 5 минути, како капак на се’ и мобилниот решил проклето да не работи, и на крај нервозно ги пикнуваш слушалките во некој џеб, давајќи им прилика уште толку да се замотаат и тргнуваш нервозно сфаќајќи дека доцниш? - Епа, денес, за мене не беше такво утро. На здравје!
Да се пожалам јас, цел ден ме боли глава. Не помогнаа ни кафињата, ни кафетинот. Ваљда пак ми паднал притисокот кој и онака е низок. Ајде и благо каснав ко демек да ќе ме опраи тоа,ама јок џабе. Можеби сум и неодговорна за свое здравје, ама ич не ми се иде на лекар да се проверам за честиве главоболки. Туку да не прочитав овде дека денес е петок 13 најверојатно немаше ни да ми текне. Од секогаш ми бил интересен денов, а зошто не знам.
Денеска е точно месец како заврши една работа, во која ја имав вложено душава. И после еден месец..сеуште носам грутка во гради и ме мава немир кога ќе ми текне на тоа....а ми текнува доста често...пречесто... Сакам само да помине... само тоа... аман веќе... нека помине !!! Привршувам со прелистување на материјалот за последниот испит за семестаров..утре... Погледот ми го привлече мачката...сеуште со книгава во рака бледо ја посматрам, игра со нејзината омилена играчка, едно плишано меченце кое некогаш беше привезок на клучот од мајка ми, ама додека не и го дадовме не се откажа од него..го крадеше цело време... и еве ја, сама си го фрла и рипа по него, а потоа зазема победнички став..као којзнае што да напраила... Нејзината шашавост ме смее и расположува... Ќе бев посреќна и да можеше уште да ме замени на испит утре... ама, да не претерувам
Само мене ли ми пречат сочно- прегласно звучните бакнежи на филм? Чмат-чмут-муц-шмуц. Има и начин и интензитет и технологија за да се долови сe`.... Секоја чест на оние коишто ги бива се` тоа фино да го искомбинираат.
Значи аман веќе со овие припрости размислувања, денес на гости имав другарка со нејзиното 5 месечно бебе , си седевме убаво и потоа дојде една подалечна стрина да седи со мајка ми, замина што замина другарка ми и оваа стрината ми вика како се дружиш со девојки кои имаат бебе и се во брак, ти што чекаш, ни дете ни маж , време ти е , плус и не одиш на работа , на другарка ти и е гајле се среди , леле луѓе ми идеше да ја задавам , ми прави проблеми дома ја рцка Мајка ми , им ја полни главата ,ми застана гррутка во грло , не реков ништо , си заминав во соба. И да , еден ден и јас ќе се омажам , ке имам дете и работа , а до тогаш , само нека ме рцне уште еднаш ваква кокошка ќе си го добие фајнали
Во животот не постои човек што е среден,како некои што милсат ако стапиш во брак и годово се среди , да се среди или ја дозацапа работата ,секој си знае ,ама ова се среди некои љуѓе незнам како го замислуваат
Знам дека бракот не е гаранција за среќа и нешто доживотно, единствено е убаво чуството да имаш дете и да си исполнет на некој начин, ама овие припрости луѓе со глупави коментари од такт ме вадат, леле жива ќе ме изедат верувај, секој што ќе дојде ајде не се мажиш ? реков нема веќе попуштање фино ќе ги тит..
А да отвориме една тема во Врски со наслов Совети и мислења во врска со лајкови, коментари и смајлиња на фејсбук?! Во секое второ мислење се толкува лајк. Озбилно до таму стигнаа младиве? Spoiler: совет Лајк значи лев клик на маусот! Сакаат да ми го земат последниот дел од центарот на градот, што за мене е култен. ГТЦ ќе стане БТЦ (Барокен трговски центар). Страшно. Страв ќе ми биде да се прошетам низ центарот. Може ќе се изгубам во сите тие "убавини".