Дефинитивно се заразив со DIY stuff. Ама баш ми дојде инспирација за вакво нешто... Се разбуди креативноста вечерва
Помина само 10 дена а чуствувам како да поминал цел месец далеку од моето семејство.... Утрешниот ден ми е како голем празник дури и трема ме фаќа знаејќи дека со душа ме чекаат да се вратам дома и да ме видат. Веќе ќе бидам гостинка во нивниот дом како што ми вели сестра ми. Јас пак ќе кажам и сите знаеме дека дома си е дома. Иако веќе си имам свој нов дом потребно ми е време да се навикнам
Мразам негативна енергија, посебно од млади луѓе. Само да се кукало и да се викало и да се жалело. За таквите сум недостапна. Значи работите многу едноставно функционираат во модерниот свет. Сурово, ама едноставно. Всушност, колку побрзо се помириш дека е така, толку подобро за тебе. Сакаш пари? Ќе одиш ќе работиш. Може нема да бидеш Доналд Трамп, ама ќе имаш нешто СВОЕ како за почеток. Нема да бараш за цигари и за кафе и за улошки. Сакаш да завршиш факултет? Ќе седнеш и ќе учиш. Епа средно завршивме одамна. Препиши на крај краева ама не ми објаснувај дека е невозможно затоа што еве го гледам крајот. Да да, знаеме, никој друг во светот досега не завршил, ти првиот ќе бидеш, тежок маченик. Сакаш дечко? Ќе испаднеш и ќе се средиш и ќе се замешаш со луѓе и ќе си фатиш. Жалам, ама дека сте добра душа не ви пишува на челото, поверојатно е дека ќе ти го забележи карминот. Сакаш добри пријатели? Ќе си ги признаеш мааните и ќе станеш поотворен спрема туѓите, а толерантноста ќе си ја земеш за најдобра пријателка. Сакаш добри односи дома? Ќе се потрудиш да даваш малку повеќе од тоа што го земаш. И родителите имаат душа и срамота е, да земаш и да земаш и да земаш без осет за тоа што го враќаш! А да знаете само колку малку бараат за возврат. Сакаш да успееш? Ќе се трудиш бе брат, ќе се трудиш, ќе имаш цел, не се родивме синови и ќерки на министри, епа ајде, тоа е, така оди во животот! Неблагодарни створења, срамота за нив, а греота за нивните дома. Еве јавно кажувам, да ме линчувате, ако некој ден одгледам некое вакво створење, да ми лежи, да ми јаде, да ми штрака на компјутер и да ми троши пари. А да ме отепате, и ако го одгледам вакво, да не знае барем еднаш да ми каже ФАЛА за сето тоа. Постов е резултат на ПМС, диета и мојата улога на бесплатно советувалиште и исповедувалиште. А јас немам ли бе проблеми, мамата? Кога сте ме слушнале да ви кукам и да се жалам и да препаѓам? И бев безобразна и си кажав што мислам, и ме гледаа вака и ич не ми е гајле. Епа дами и господо, сакате во Европа, во Европа се функционира така.
Кога гледам проста маса, глуп народ, ефтини девојки, машки што буквално се прљаат со истите такви...искрено ми иде да им се исповраќам или пред нив или над нив.
Во свет полн уметнички души, ванаби боеми и поети, ликови што се доживуваат ко комплексни и уникатни и користат лити фрази чие значење не го знаат, се радувам кога ќе наидам на нешто едноставно. Лик бре. Едноставен. Што ќе се изрази со најпростата дефиниција на нештото. Го боли душата, му скурчило, не „Дупката во внатрешноста на центарот на моето тело беше исполнета со планински магли натежнати над планината што е моето срце, додека килотите полека ми се исполнуваа со горчлив нектар - последица од нечовечноста на одредени персони.“ Каде, секако, килотите се (повторно) неговите гради, а горчливиот нектар се негативните чувства што го обземаат. У реду е, Шекспир. Или по другиве форуми што гледам ликови што на тема кај што има да дробиш до 101, тие лупнале некоја песна само, па ти као мозгај што тоа доловува за него... Мислим, употреби повремено метафори, алегории, епитети, хиперболи и што не, али постојаното силување на истите ги прави луѓево да мислат дека така треба, па дури мислам и дека отупавувам што не сфаќам што се работи во некоја не-разумем-ни-сам-себе песна од 94 реда со максимум 3 збора во ред и ентер на најбезвезното место. Слабо ме држи меморијата да се сетам на наслов, ама во основно имаше во учебникот по македонски песна за обетки чија подреденост на стихови правеше форма на обетки...и тоа беше импресивно, кратко и јасно, не ова бодењево очи и вадењето што понеразбирливи бисери. И стандардите се менуваат кон понејасно. Секоја понова генерација мисли дека таа несфатена т.н. поезија е врвот, па се споредуваат себеси и саканите со еднорози полни вошки, мрсули во прав шеќер, а врвот е дека кожата ѝ мирисала на цимет/јаболко/морска трева/нешто егзотично. Бар пофино ќе е да ѝ/му признаете дека косата му/ѝ мириса на спржениот кромид од ручек. Домаќински е, ако ништо друго.
Вино, црвено, ако ме прашате мене. Срцето ми го потполнува, ручекот, најомилено задоволство на свет, бре. Еден ден се замислувам како невротично мавам со некоја чаша и црвено вино се лизга во неа и така бам, пари ми течат од сите страни, чао несреќи... (среќа дечко ми има бејби фејс па на 40 години ако бидеме заедно ќе биде убавец) , да, он од десна страна и јас викам у ПМ свету, убаво ми е. И во претходните мои животи сум пиела вино во којзнае какви се' садови и татко ми правел најслатко вино и ме мажеле за принц ради традиции а јас сум имала секси љубовник пошо демек као не сум по семејно богатство по половиот орган на градинарот сум. Е така, сродна душа низ универзумот не ме држи туку една обична чаша вино црвено.
Сакам да кажам дека секој ден главата ме боли од х причини, се нешто оди наопаку и почнува периодот на тестови а јас сум поручек и буквално немам време за ништо.
Една насмевка...Искрена....болна...долгоочекувана...Кого ли го боли повеќе? Оној кој ја упатува или оној кој е свесен дека никогаш повеќе нема искрено да се насмее?
Понеделнички се осеќам многу тапа право да ви кажам. Пред една недела имав многу убав понеделник и цела убава недела. Би била благодарна ако продолжи во таков манир и оваа. А не вака...гледам сонце, а ладно, па ме нервира и некоја чудна тивкост од сите страни, како да има некој болен. Пмс...
Koлку само музиката ни е неизбежен сопатник во секој аспект од животот, уметничка нота проткаена во било какво наше расположение... Имаш вишок на енергија - таа е тука за да ти ја подигне на уште повисоко ниво позитивната енергија со која зрачиш, без разлика дали за луди моменти во друштво или моменти на досада што резултираат со соло концерти (во издание кое не е за во јавност ). Ти лежи ли било каков проблем на душа - пак се „обраќаш“ или на некоја плејлиста со најпозитивните можни звуци... или пак мелодија која ќе ти го доомекне срцето за сите чувства да ги исфрлиш во нејзиното времетраење и со олеснување тераш понатаму како нова. Зад некои текстови пронаоѓаш парчиња од твојата душа, звуците те носат во друго време, на познати локации на кои те потсеќаат или непознати за кои сонуваш и на кои совршено би ти дошол одмор... и за таа неколкуминутна магија се исклучуваш од секаков вообичаен стрес кој те чека во реалноста. Секоја песна со своја намена, зад секоја стои посебна приказна...
Е, мајка ми е значи махер за нерви. Ќе дојде на нашето попладневно дружење кај мене во соба и пред да излезе, ќе ми пушти некој чкљ канал со тон на праг на неподносливост, ќе го однесе далечинското некаде во Бермудскиот Триаголник и ќе си отиде да си брка своја работа. Еве, досега го слушав градоначалникот на Штип, кој патем бил и билкар и уште нешто трето...ваљда астроном, којзнае...и си има емисија на Канал 5 Плус, кај што кажува како неговите му лечеле не знам што така што си го лизнувале прстот, бркнувале во сода бикарбона и му давале да шмука. После се степа дали ракот што некоја билка лечела бил баниген, мелиген...не, мелиген...не...малиган...и на крај се помири дека нема да го погоди, па заташка со нешто десетто. Ти баце, не си билкар - цреп си! Али те плаќаат...што е супер за тебе. И така, фала му на онаквото, заврши. А кој види далечинско, мое е...јавете се на 0800-555-ПОБЕГУЉА. Да сменам канал дури не почнало друго.
Во недостаток на инспирација ископав еден спомен, а не требаше. Пошо јасно и гласно во одредена точка од минатото си кажав дека никогаш веќе нема да помислам на тој момент што ќе боли, и тоа токму од таа точка до бесконечноста. Така, во недостаток на инспирација и од досада додека пешачев се сетив и јазикот си го гризнав; и сакав да си штипнам внатре во местото за меморирање да го прекинам грчот. Е, затоа сакам и не сакам да пешачам, пошо се' ти минува низ глава кога си оставен сам на себе.
...koga go sakas kako sto davenikot go saka vozduhot, koga te ubiva ako go imas vo mali kolicini, ee toa e ljubov..
Има толку интересни личности,што ти доаѓа да си ги земеш со тебе дома. Нема напнатост,мрчење осудување ни критикување. Се е сведено на смеење,и дооолг и сочен материјал за раскажување,на безброј патописи и ситуации. И по некој сеир за нашите блесави момчина. Прекрасно е да ти се погоди девојката на најблискиот другар на твоето момче. Знаејќи дека сакала или не мораш да поминуваш во тоа друштво. Ама па 3 часа непрекинато зборување,плус и двочасовен шопинг и повеќе од позитивен исход.