Дали само мене ми се причинува или навистина почна и тука се да е за едно срцнување на пост? ОК, на фб веќе сите знаеме дека повеќето се фејк и сите се сликаат за лајкови, а тие шо се реални се сметани за глупи и некул деца. На твитер се домакна и криво и сакато и само за фејв и ретвит сешто пишуваат. Исто случајо и со овој форум! И криво и сакато се домакна(не за сите!), се отватаат теми безврска, она била сигурна дека не го сака, ама да и потврде и некој трет дека ствано не го сакала. Се сликаат разни глупости за едно срцнување. Јас имам еден профил од поодамна (не го користам сега) и се сеќавам си имаше ред и се знаеше торолање имаше само на гламстик. Се нема го гламстик, ајде удрете на фемина, таму уште се немаат брукано. Многу од нас имат наседнато на глупи постови, за на некој да му се даде совет и шо е најправилно да направе, некој форумџики дури се` искарат и накрај сето това било лага, типкава сите ги изигрува. И ко демек типкава е најпаметна а овие глупи. Да ОК е да споделеш нешто со другите, затова е и овај форум, јадење, козметика, облека и сл., ама до толку секој ден да сликаш глупости за + едно “ми се допаѓа“? Нема врска! (Сакав само да си кажам шо ми пречи, ако некој се пронајде и нека ми се луте и нека не ме замара со коментари! ) Лека ноќ и убави сништа!
Нема да се експонирам на Фб и слично...Кажав. Ете и јас јадам,вежбам-носам горна зелена тренерка и долна црна,пијам кафе,одам во природа,излегувам со друштво,се сликам со мобилниот,ја сакам сестра ми,ги сакам моите,имам ВЦ,читам книги,поручувам,ручам,вечерам, им предавам на ученици,имаме табла,маси и моливи... Хејтајте ме слободно. Не ја сфаќам потребата да се искажува приватноста на социјалните мрежи.
СДК ... патишта, патешествија ... Годинава има доста понуди, шанси за патувања ... Каде попрво? Во животот никогаш не знаете кога ќе ви се отворат шанси и кога желбите ќе ви се исполнат. Најчесто се случува кога не сте во очекување. Важно имајте желби, имајте визии ... Еден ден можно е да се остварат.
Среќата е став! Или само од себе ќе се направиме несреќни, незадоволни, фрустрирани... Или ќе бидеме исполнети, силни, среќни... Количината на вложениот труд е иста, затоа секогаш го одбирам тоа второто!
Михајло ќе поправи впечаток ако пушти карти за на Иван Босиљчиќ. Пола форум женишта! Поим немам што пее дечкото, еве сега ќе го јутјубусувам, ама како изгледа... би одела да го гледам и да не трепкам само, а верувам дека ќе се покаже и пејачки, така сакам да мислам! Уствари знам, се потсетив, не е мој кап оф ти, ама би одела бре да го гледам, каков е бре, жуте дуње и зелене јабуке, што сака нека пее!!! И завидувам на Томашевиќ, какво мажиште си има... Маж не ми е маж ако не е музикален, може претерувам по 12049042 пат, ама МОРА или да танцува или да пее или да свири нешто, инаку го нејќум!!! Аииии сега читам кого ќе сонуваш ноќва, тој ќе го омажиш. Јас не спијам, се плашам!!!
Понекогаш се чувствувам како да стојам на перонот број три и ги гледам сите деца од моето училиште кои џагорат во возот кој заминува од железничката станица. Со спуштени раце, свесен за фактот дека тие одат на екскурзија, а јас морам да пишувам домашна работа.
Сакам да ме нацрташ, гола. Сакам да ме покажеш на светот. Еднаш де, нели ми направи скица.И убава бев. Сакам кога смешкајќи се, ги правиш, контурите на моето тело. Уствари, можеш да ми нацрташ и фустан. Тиркизен, нели тоа ми беше омилената боја. Доста ми е од твоите пејсажи, насликај ме мене. Насликај ме убава, како што ме гледаш ти.. Насликај ми ја душата во еден цвет, во полумесечина, во светлата на градот. Ти ќе ме преопoзнаеш, a ќе насликаш гнило јаболко.По мое инсистирање. А потоа ќе нацрташ лебед, убав бел голем лебед. А јас онака како што незнам ќе начкрапам уште еден помал. Да те налутам. И ќе ти кажам дека ќе имаме бебе.
За две недели ми е роденден. 22. На 12-13 години кога размислував за тие што имаат над 20 години, секогаш ми изгледаа возрасни, средени, созреани. Можеби сум созреана, за другиве две не сум толку сигурна. При секоја глупост што ќе ја направам, првото нешто што ми текнува е: јас не сум вистинска возрасна личност. Има нешто за мојот роденден што секогаш ме прави среќна, обожавам славење роденден. Ми текнува на 18ти роденден, татко ми донесе огномет, и имавме караоке журка во Маракана со другарка ми што секогаш ми прави друштво за славење родендени. Со мојот глас, не знам како не си разбегале гостите. Имавме бенд (составен од луѓе од клас со способности за свирење) и еден куп луѓе што се пријавија да пејат. Имавме чоколадна фонтана, за која се изгубив во Кисела Вода, во обид да го најдам кетерингот. Толку бев внесена, што мислам дека си замислував дека ако не успее ништо, можам да бидам организатор на журки Оваа година ми е сеедно. Би седела дома, ама знам дека ќе има некој што ќе ме извлече од дома и ќе ме натера да излезам. И како и секогаш, ќе излезам, не заради мене, туку заради тоа што на сите им е преку глава од мојата меланхоничност, враќање дома пред 12, преферирање ликови на книги и филмови од вистински луѓе. Што и да сум имала пред 4 години, а го немам сега, го сакам назад.
Среќата е во необичните случувања отпорни на трансформација. Ја барате ли наоколу? Ги препознавате ли моментите што можат да ви ги распламтат емоциите? Подготвени ли сте да и дозволите да допре до вас? Јас ги имам оние едноставни и скромни нешта што ме полнат со восхит, ми го разигруваат погледот и ми исцртуваат таква моќна крива линија на лицето што не би ја отстранил ни дождот после сонцето. Во почетокот на новиот ден означен со светлината во собата и силното отчукување на ѕидниот часовник ја дишам раната мугра. Во утринското кафе испиено во сопствено друштво кога мислите и чувствата сплотени во едно ја будат инспирацијата ја пронаоѓам среќата. Силните гушкања проследени со грст бакнежи во чело споделени со мојата внука и нејзиниот нескротлив темперамент се знак на една нераскинлава сплотеност која не можам да ја заменам со ништо повредно. Телефонските разговори со мојата мајка исполнети со типични женски разговори во кои се обидувам да и го пренесам оптимизмот што ме обзема и да и префрлам позитивна енергија за да ја оттргнам од секојдневното сивило за да знае дека сум среќна. И таа тогаш е среќна. Во неговиот поглед што заменува илјадници зборови и заедничките воздишки од глетката на зајдисонцето, го чувам она скапоцено парче што не поврзува и го одржува жарот што тлее. Мирисот на сандалово дрво во парфемот нежно ми ги гали сетилата и не ме остава спокојна ни во постела. Старите предмети што грижливо ги чувам со години и секој од нив таи среќни спомени имаат свое место во домот. Нивната подреденост ме прави своја во се што е непознато. Среќата е вплетена во упатениот поздрав до старата пријателка како знак на едно убаво време достојно за сеќавање. Будењето на растенијата во природата и создавањето беспрекорно шаренило е глетка што сакам да ме опкружува додека бавно чекорам. Прошетката низ градот и мирисот на печен костен што струи во воздухот не ме остава рамнодушна, иако костените не се мој избор. Среќата е во мирните и тивки денови што доаѓаат после силниот ветер. Во жуборот на немирната река покрај зелената наметката на дрвјата... Во трепетот на душата, енергично, одлучно, непоколебливо... П.С. Кога ќе ги почувствувате нештата што целосно ве окопирале до степен да не можете да ги ископате зборовите со кои ќе го опишете расположението, всушност сте ја пронашле среќата. Го имате чувството што секој би сакал да го доживее и да остане без здив.
Е нема човек што повеќе си го сака роденденот од мене. Едноставно си го сакам денов, мој е, прекрасен ми е, не заради тоа што сакам да сум во центар на внимание, или затоа што правам ненормални славја, туку ете, си го славам животот. И иако го дочекав на запуштен паркинг, затоа што се скинал каиш (клинаст некој), бакнежот што го добив додека стоев покрај отворена хауба, трудејќи се да разберам што е дефектот, не го менувам за ништо на светов. Никогаш. Среќна 24ка. Живели!
Како може да постои бе толку мало суштество,толку мало,толку? Прстите,незнаеш дали се прсти или чечкаличиња,очињата затворени ко од маче кога ќе се роди и неможе добро да прогледа, само одвреме навреме ќе ги отвори и ќе те погледне право во твоите ококорени и не се тргаат од него, или ќе го извади јазичето, ангел Сите се собрале околу него, да му се чудат, радост донесе. Чудо.
Нема ништо поубаво наутро да се будиш на иста перница со човекот кој го сакаш,да заспиваш со мисла за него и да се будиш со ведрина ,насмевка и среќа. Се на светот е малку во споредба со оваа убавина. Најубаво е кога имаш човек кој вистински те посакува,и заеднички сонувате за вашата иднина. Ништо не ми е потребно за да бидам среќна ,доволно ми е оваа. Оваа убавина не би ја менувала со ништо на светот. Ништо неможе да ја купи вистинската љубов,насмевката која ги буди сите делови од нашето тело,среќата која е во нас,безгрижноста и убавината која не следи секој ден. Има многу кои завидуваат и пререкуваат,таквите луѓе никогаш нема да се вистински среќни затоа што мислат дека туѓата среќа е најубава. Но не... Сопствената среќа е најубава ,онаа која самите ја имаме... за да имаме се што сакаме треба да веруваме и да бидеме позитивни се што е наше ќе дојде,со лоши мисли и негативности се е залудно. На секој среќата е тука некаде само треба самите да се потрудиме и да ја најдеме а потоа несебично да ја делиме и да ужививаме во неа.
@referentka Завчера ни дојде,најмалото,најнежнотот и најубавото суштество што некогаш сум го видела. Одвај му се гледаа прстињата,пикнати во џемперот, ама ако го допреш,знае да те стисне по малку. Главчето мало како топче за тенис му е. Новороденче последно видов пред три години,можеби затоа толку мало ми се чинеше. Неможев да и се изнагледам. Инаку,се работи за прва братучеда,па понатака ќе ја грицкам цела, и прсти и се комплет
E ова ѓто го имам е до мене...мнооогу е тазе...има прстиња-чачкалици...има се што треба да има еден чо век, ама се е микро...значи да ја јадеш и да не и се мислиш плус испушта занесни звуци, бебешки а и така мириса сака да се гали и иако е мало знае дека галењето е најубаво на свет те чепка со рачињата случајно, и те топи неможам зборови да изберам за ова