Мажи- од 7 до 77 се наоѓаат се дружат на фудбалче, маалски собиранки, кафани, натпревари спортски, скари и секакви видови случувања, се дружат без разлика на години, статус, љубовно стање, години и било кои разлики. Жени- се делиме и групираме според возраст, образование, љубовен статус, место ма живеење, нијанса на пудра... Таква е вистината...
Сдк... Колку е убаво чувството кога гледаш, чувствуваш искреност и љубов околу себе. Кога тие доблести ги читаш во нечии очи . Кога нивниот зрак те топли толку силно. Постојат... Постојат тие луѓе. Луѓе бисери. Чија искреност зрачи и многу повеќе од убавината на тоа мало зрно бесценетост .
Се заљубувам бе ало. Знаете како знам? Правам подобра верзија од себе... Се преиспитувам и се прашувам, ало, каде по пат се изгубив? Пролетно ветерче во душата, со мирис на црешов цвет!!! Се испозаљубив како средношколка! Си дојдов до заклучок и почнав да плачам... од среќа!
oд увек ми билo симпaтичнo кoгa луѓевo ќе си ги крстат миленичињaтa сo регулaр чoвечки имињa... oн излегoл дa се шетa сo Зoрaн... преслaткo.
Среќата ја барам во малите нешта, и ја наоѓам. Денес излегов да се прошетам малку, ја посетив другарка ми. На враќање, слушам нешто тропка зад мене, гази на каменчињата. Си помислив дека тоа е од моите чевли, но кога се свртив назад, видов едно црнко кученце. Тоа куче е на соседите, го чуваат, но очигледно не доволно, и не како што треба. Се израдував и јас што го видов, а се израдува и тоа. Цел пат го викав да доаѓа по мене, и за чудо одеше до мојата нога. Јас пристигнав дома, пристигна и тоа. Го повикав во двор, го сликав, и потоа пак го пуштив. Се врати дома, го знае целиот пат. Ми го развесели целиот ден, навистина. Ме израдува, не очекував дека ќе се појави. Следен пат ќе му однесам јадење, да ме сака уште повеќе. Тоа беше светлината во денешниов ден.
Менструација ден 1: Не ме допирај Менструација ден 2: Гушни ме Менструација ден 3:Не ми прави муабет Менструација ден 4:Зошто не ми правиш муабет Менструација ден 5:Никогаш не ме разбираш
СДК работите доаѓаат тогаш кога најмалце очекуваме. Цело време мислев на тоа, очекував многу нешта и таман коа престанав да мислам пак се појави во мојот живот
Јас со душа чекам да пукне сонцево, а се лажам со помислата дека пак ќе е како некогаш кога возевме велосипед со другарките и слушавме 5-6 песни,се тие, неколку дена, додека не се најде од кај некој да се препрати од телефонот на едната што прва имаше за тогаш нај јак телефон со камера и те ствари, па толку и собираше само неколку песни... Беше Wanna Be ама и ќе остане хит на Спајс Грлс
Zosto postoi zavista ? Zosto na nekogo mu preci srekata na nekoj svoj blizok ? Kakvo e cuvstvoto da rasipuvas se so zloba ? Zosto ne se site luge isti I da si gledaat svoja rabota ? Koj im dava za pravo da komentiraat necij izbor I da davaat svoe mislenje koga nikoj ne go bara ? Kako covek da se spravi so seta taa zavist I ljubomora ? Otkade tolkava kolicina zloba vo tolki malo srce? Tolku sum izfrustrirana od luge koi se pravat pametni I samo se obiduvaat da potcenat nekogo a zaboravile koi se I od kade dosle..Svoite nedostatoci I ona sto im fali vo nivniot zivot im bode oci koga ke go vidat kaj nekoj drug..abe prosto ne mozam da poveruvam! Ama ako kucinjata laat, karvanot si minuva...
Не знам за вас ама мене крајно ме иритира кога некоја накитена фуфица "а ла Мели Ракичевиќ стил" ја зедов за пример неа, бидејќи знам многу како неа , само во посиромашно издание е истите овие кога ке речат како се модерни , современи и еманципирани жени , и затоа не готвеле, цел живот им готвеле мајките и кога ќе се омажеле ќе си имале готвачка,па и најголемите милионери што имаат готвачи, ги бидува за нешто ,не се до толку закочени како што си мислат дотичниве, е од ваквите ми се повраќа, да не знаеш да готвиш не е современост , туку неспособност драги мои( не дека знам се да готвам или често готвам, ама знам да се снајдам) ете така, не им посакувам ништо лошо ама дај нека размислат пред да отворат уста.Не е се во тоа да си како кловн нашминкан за по дома и да имаш орелски долги нокти , со малку организираност се бидува Инаку да го напишам ова ме инспирира еден разговор што го слушнав , пред неколку дена бев со друштво во ресторан , и се зборуваше за готвење , и едната моја подалечна пријателка да ја наречам почна да се занесува нешто , и мажот и вика , не злато ти не си модерна жена , ти си неспособна ...целосно ја замолчи
Работам пред компјутер, пишувам, преведувам, пијам кафе и повремено погледнувам долу десно на екранот, да видам дали времето ме гази, или јас него. Веќе дошло полноќ, а изминативе неколку дена ми поминаа дур да трепнам. Мислам дека имам некоја машина во главата која паралелно прави неколку работи, а јас само механички ги следам наредбите. Легнувам врз кревет и си мислам - дали инспирацијата има мерна единица? Отворам google и завршувам со читање на статии за IS и психолошки објаснувања за тоа како се мери инспирацијата. Мене периодов ми е на нула. Се обидувам да се сетам која ми била последната напишана песна, последната фотографија, последниот цртеж... а и на форумов некако поретко пишувам. Се прашувам дали инспирацијата е потрошен материјал. Се надевам дека е. Бар така си се тешам дека уште ја имам, само што периодов ја трошам за поинакви цели. Зјапав 20тина минути во празниов простор мислејќи како да го склопам она што ми е во глава. Сакав да кажам - кога сме пред некоја важна одлука, кога се двоумиме, често бараме знаци од Универзумот мислејќи дека судбината ја препуштаме во негови раце. Ама всушност одлуката ја носиме самите, зашто ние самите бираме кои знаци ќе ги гледаме. Или што би рекол Тед од HIMYM: You can ask the universe all signs you want but ultimately we only see what we want to see when we're ready to see it.
А кога сказалките на часовникот ќе ти го покажат времето кое вообичаено ти значи почеток на очекување на сонот, останувајќи сама со своите мисли, чистата совест и внатрешната хармонија се најмеката перница... Смирените односи со личност што ти значи во животот. Простувањето на некоја мала грешка, кое ослободувајќи те од лутината, ти ги прави мислите како ведрото мартовско небо. Исполнетоста на денот што го оставаш зад себе, со часови минати со вистински личности во долги и пријатни разговори, преку кои сфаќаш дека околу тебе имаш луѓе кои секогаш се тука за тебе. Насмевките предизвикани на лица претходно обземени од нервоза и тага, советите и дадената помош со кои си ја заменила нечија грижа со олеснување. И сите мали незабележливи делчиња кои ја чинат сложувалката на позитивната енергија... Добра ноќ!
Сдк, сакам луѓе со чиста душа. Сакам позитивни насмеани лица, сакам парфем кој ги буди сите сетила... Пролетта во мене буди желба да трае подолго, вистинско уживање за очите и душата. Пролетта е мое најомилено годишно време, а летото го сакам затоа што уживам покрај море уз нивна гитара Ди ги слушам моите три весели брата на обали Будвиног сплава Носталгија
За мене врв на пропуст во надворешниот изглед кај една жена е деформирана висока потпетица. Колку да изгледа одмерено во целина, погледот ми се задржува на недостатокот. И не можам да ја разберам таквата занемарливост некој да си допушти премногу воочлива грешка во драгоцено потрошено време за убав изглед. Одржувањето на обувките бара соодветен третман како што тоа го правиме со облеката и козметиката. Секоја негрижа е повпечатлива од целокупниот вложен труд. Обувките со висока потпетица изгледаат софистицирано за секоја припадничка на женскиот пол што умее да ги носи сигурно, самоуверено, без чувство како да гледате порцелански предмет на некој излог. Стилот е нешто што се слева во едно со личноста и не поднесува грешки во создавањето. Чевли, чизми, санадали... Не е важно што ќе изберете. Само кога ќе одлучите од повисоко да ги забележите другите минувачи, а звукот ќе оддава впечаток на грациозност, треба да знаете дека се што ви преостанува е елегантен и одмерен чекор.
СДК - ме фаќа носталгија за студентски живот. Тегнење со куферот од автобус, преку семафори, до твојот влез. Па не работи лифтот и за среќа наидува финиот комшија, оној со моторот, да ти помогне. Влегуваш во станот кој е претопен во твоја сопствена дома, мириса на омекнувач за алишта испрани од четвртокот. Итање низ факултетските ходници, дрвената потпетица од чизмите тропа по линолеумскиот под и предизвикува таква бучава што твоите колеги знаат кој доцни Хаотично фаќаш белешки и паралелно си пишуваш некоја постмодерна бесмислена поема за розевите облаци надвор. Кафе-пауза со колешките, рекапитулација на викендот. Четврток во Миднајт, Швепс и латино, играње до болење нозе. Кикирики од Рекорд, помфрит од Пинк Пантер, кафе во Хепи, пица во Ред Кафе. Повремени вожњи со 5ка и 22ка и слегување една станица подолу затоа што не ти бил тука паметот. Бркање автобуси на редовна база. Трошење на последните 30 денари на сечен леб, истиот намачкан со ајвар. Комат да имаш - тоа е луксуз.