Мене па смешни ми се таквите ко тебе.Што се замараат со тоа коj што прави ,како да искачаш само поради тоа....секоjj втор пост тука ти е таков.И нз што е чудно да видиш каj насс да се пушии на улица
@mia993 Pa I ti se zamaras so toa so sum napisala I kakvi mi se postovite..Ne tuku citiraj bez potreba i da psuvame off topik, toa si e moe mislenje I moj post I temava e sakam da kazam I nema potreba od citiranje..Ako se soglasuvas ima kopce mi se dopaga, ako ne skrolaj
Ви се случило ли некогаш од страв да ве боли стомакот со денови, да не можете да спиете, тоа е нешто што ве разјадува од внатре и не ви дава мир, постојано ви е во мислите, ве прогонува, не ви дава да бидете среќни, секој убав миг ви го претвара во прашањето а што ако не биде во ред со мене нешто? Еве мене ми се случува и се обидувам да се изборам со тој страв се до моментот кога треба да добијам одговор дали тоа било само стравување без потреба или стравот бил претсказател на она лошо што треба да се случи. Сакам да кажам дека многу луѓе како мене доживуваат таков страв, но секој се бори со тоа на свој начин, но секако во тие моменти ни е потребна голема поддршка за да успееме да го пребродиме тоа што ни се случува, затоа секогаш треба да подадеме рака за помош, поддршка и пријателство.
Кога би ми рекол некој да се опишам себе си со еден збор, веројатно би го искористила зборот оксиморон. Да, тоа сум јас. Оксиморон во движење. Мразам промена, а сепак брзо се заситувам и малку ми треба за нешто да ми стане досадно (што одма си бара промена од некој вид). Сакам организираност, сакам сѐ да биде на свое место, а сепак не ми смета кога собата ми е хаос по месец дена. Обожавам долги прошетки, пешачење, трчање, а сепак мрза сум кога треба да отидам до другата соба полнач да си земам. Мразам ладно време, снег, дожд, а сепак би сакала да живеам на некое повисоко планинско место. And so on, and so on... А можда и си има улога вагата како мој хороскопски знак. Малку тежнеам кон едната страна, па малку повеќе кон другата, и така до недоглед. Пост без никаква цел, resembling my life.
По некое време човек апсолутно отрпнува од луѓе кои немаат свој живот.Почнува да го сфаќа тоа као нормално нешто и да не го интересира дали некој збори за него дали не збори.Абе има една филозофија и да напраиш нешто и да не напраиш нешто љубоморните и завидни луѓе пак ќе имаат што да кажат.Затоа терај си го својот живот.Ама до толку да се нема свој живот и свое јас еј.Абе и да се посер#ш и да сликаш и они истото би го напраиле.Значи до толку се нема памет .Aма ако мене убаво ми е.Си живеам баш онака како што сакам и никој не ме спречува
Се вратив од Лондон со ново и здраво срце, огромна благодарност до сите феминки кои сите овие 3 месеци ме поддржуваа и бодреа. Верувајте во Бог и во себе, и никогаш не се предавајте. На крајот вие ќе бидете победници
Често се прашувам , што толку има возвишено во неговото величество Кралот Алкохол? Зошто човекот морал да го пронајде? Колку се убави овошките,кога цветаат ,кога зреаат првите плодови, свежи,сочни, мирисливи....но потоа тие се гмечат,им се собираат мушичќи,вријат.на крај изложени на оган пуштаат отров. Исто како човекот. Дури е млад,ведар,полн со живот....е како штотуку набрана овошка. Но потоа тој старее,мислите го гмечат,му се собираат грижи,врие одвнатре и на крај посегнува по најсладкиот отров. Тој го труе,но е сладок.Толку сладок,што во срцето нема место за ништо друго. Загосподарува. Неговата круна полека се создава.Зема помалку, за да биде неосетно и подмолно. Не зема само од едно место, туку од каде што ќе стигне. Се му е достапно,зошто тоа се однапред освоени територии. Се украсува секој ден. Круната ја украсува со невини солзи. Толку се гордее со неа, како да е вечна. Но еден ден солзите ќе пресушат.Украсот ќе го снема. Од овошката се создава отров, од отровот само вечна темнина запечатена со студен камен. Отровот никогаш повторно нема да биде овошка. Зошто на човекот се му е дадено?
Мислам дека моментално сѐ би дала за да имам една огромна плишана мечка и да си легнам на неа. Ни да ја гушкам,ни да ми стои како потсетник дека ми била подарок. Само да си полежам на неа некое време.
Имам толку многу работи да кажам, но денес ќе ги прескокнам бидејќи од текстот подолу на сликава останав запрепастена. Ова е учебник по македонски јазик за второ одделение. Па како после да имаме писмена младина?! Океј е, тие се сеуште мали за да сфатат, но нема да биде лошо правилно да се напише текстот. А и останатиот дел кога го читам сфаќам дека има уште неправилности, па не сум баш воодушевена. Што знам...
Кај мене се` било до психа, па и секретот во нос. Со Селма се расплакав и си липтам уште. Па и тој мене така ме испраќаше. И тоа, јас на пример на глобално ниво растам.
Моментот кога имаш еден куп материјали за читање... знаеш дека немаш време за губење дека мораш да побрзаш со пишување, и наместо тоа си леташ некаде со паметот, и си фантазираш за него. Ха, чаре?! Тоа сум јас периодов растргната помеѓу две битни работи. Ама знам дека се ќе биде во ред, ја имам потребната подршка иако на моменти знам да шизнам кога сум во пмс. Уфф, тоа сум јас нема, нема, ништо или се наеднаш интензивно ми се случува. Да ви се пофалам друго ново е што сум се поправила 2кг. Сега сум конечно таманка. Почесто смејте се, ајде добра ноќ и многу љубов до Вас. ^^ И да Ве потсетам дека кога сте среќни дека сте најубави!
22 годишен дечко, а мајка му оди со него за пополнување документи и бркање работи по шалтери. А тој како муле дреме до неа и чека таа да трча, прашува и да му го напише името. Има ли нешто полошо? Мене ми е ова смешно да ви кажам. Ама не е тој крив, мајка му е крива што го направила неспособен дебил кој без неа не знае ни мрсулите да си ги избрише, буквално. Како родителите што можат да си ги направат децата неспособни, никој не може. И после жена му негова ќе ја читаме во соодветната тема (на сите нас позната ) како маж и' не може да се одвои од сукњата на мама. Епа затоа треба отварање очи и уши на време, а не како една поранешна другарка што велеше дека битно имал типот кола од 6 000 евра, куќа и јак телефон. А што со мама уште и до тоалет оди, мање битно. Ама ако, за таквите како неа ми е многу мило и драго што завршуваат на крај со такви неспособни снобчиња. Тражили сте - гледајте.
Тогаш инстаграм ќе стане и за тоа што и првично беше наменет. За уметнички фотографии со слаба камера (релативно) од вашиот мобилен и вашите вештини, креативен живот и инспиративни моменти. До душа... ако се земе дека можеби сте флора и фауна, без памет, ќе ви ги оправдаме и сите селфиња кои се претежно секоја ебана слика која ја постирате.И не, ич не ви се познава дека не се прифаќате себе си...па правите, еве на, видете, убава сум, сликана сама во огледало, со доцртаната напучена усна изгледам скроз природно. Навежбана,најогирана и наиграна...офкам, се ме боли, ама па сум среќна. Кој вели дека физичка активност не бистри мисли? Само треба да си ја најдете правата... а не ако не ви е по ќејф да се зумбате, да орбитрекувате, да кикфитувате (дали е ова уствари спорт?!), да инсенитувате... и некаде измеѓу да се откажете затоа што... не ви е забавно и ве фрустрира и чекате резултати кои не се заради вас (иако се лажете) туку за да бидете прифатени од некого. А одлуката ви паѓа секогаш кога сте поизложени на отфрлање, судење, расудување и кога се чувствувате најнесакани, а не најзадоволни од себе си. Лека гајс. Си ју.
Денеска кога гледав постови на фејсбук и вести на телевизија за протестите на средношколците навистина се почувствував среќна дека сум завршила средно образование лани. Среќа во несреќа, па и ние имавме две години екстерно тестирање и трет предмет екстерен за матура и без врска матура, но барем завршивме со тој дел... А, денес слушам задолжително математика за матурантите и навистина ги жалам. Не е секое дете надарено за математика, иако се сложувам дека математиката е до некаде основа на секоја наука. А, јас среќна и задоволна дека успеав да научам тоа што денес ми беше зацртано на "распоредот". Многу е убаво тоа чувство, кога мирно и спокојно ќе си легнеш во постелата, задоволен дека нешто продуктивно си сработил. Ме фати некој период за учење, до тмурното време изгледа е Имајте добра ноќ феминки и бидете секогаш среќни и задоволни со себе, бидејќи единствениот начин да бидеш среќен денес е да не обрнуваш внимание на ситниците кои го нарушуваат секојдневното животно спокојство!
Сега ќе одам да си легнам до едно од децата. Вечерва на ред е ќерка ми. Знаете некогаш се чувствувам како јас да сум зависна од нив а не тие од мене. Нели децата бараат да спијат со родителите? Е во мојов случај јас им се пикам во детските креветчиња. Обожавам да им го вдишувам здивот. Душички мои.
Еве ме еден ден пред да дознаам што се случува со моето тело, сите тие испитувања ме збунуваат и ме прават кревка, а неизвесноста убива навистина е тешко да чекаш, зошто секој час ти изгледа како една цела година да поминала. Сега повеќе од секогаш сакам да родам сопствени деца, да ги гледам како растат и да бидам достоинствена мајка и баба. Сакам да кажам семсјтвото е единствената вистинска работа која мора да ја направиме во животот, и нема никогаш да се покаеме за тоа.
Многу ме нервираат тазе исселениве по белиот свет, кога нас што сме останале во државава и се трудиме да постигнеме нешто тука не потценуваат и прават неспосбни. Па срамота било да земаш пари од родителите за школување, срамота било на 18+ да живееш со твоите, срамота било на 18+ да немаш твој стан кола и 5000е џепарлак. Дај бе не ме замарајте, 3 дена у странство и сте заборавиле зошто сте избегале таму.