Почнав да си го мразам сопствениот град и сопствениот народ...нешто што мислев никогаш нема да ми се случи ! И тогаш се сепнувам од таквите мисли и гледам да најдам некоја светла точка, само некако се потешко и потешко ја наоѓам.
Ме боли, а незнам што. Недефинирана болка, така само си боли... Нема дијагноза, нема име, нема лек... По дифолт тужни песни, солзи и сега можам да го надминам Неруда во поезија што ми лежи на срцето, сега можам да ја напишам најубавата и најтажната поема на сите времиња... Кога најмалку сакам да бидам дома тогаш највеќе и морам да сум. Ко жив мртовец, ништо не мислам, ништо не чувствувам само извршувам должности. Секогаш правев се за другите, се што ќе побараат од мене, само да се среќни и задоволни, само да ги гледам насмеани, само да ме сакаат, но повеќе не сум способна. Повеќе несакам ништо. Секогаш бев среќна и насмеана, малите нешта ме правеа многу среќна, малите знаци на внимание, имав многу планови и желби, имав големи надежи и соништа... сега сфатив дека подобро е да немаш ништо, да оставиш само животот да те ниша натака-навака, барем нема да те скрши така... Така барем ќе научиш да бидеш флексибилен, така нема да имаш неисполнети желби, пропаднати планови и скршени надежи и соништа... Уништив се што можеше да се уништи околу мене и изгубив се вредно што имав, ги повредив сите кои што можев да ги повредам и не се ни свртев да погледнам. Несакам да ми се прости, не барам да ми се прости, не заслужувам да ми прости. Се поминува па и тоа ќе помине, само нека не го боли, нека ме боли мене за двајцата. Знаеш зошто... зошто јас не носам среќа, со мене нема среќа, јас каде што ќе згазнам поверојатно е дека земјата ќе се исуши одколку даде плод. Негоо... Што е со маживе во градов? Попалени мажишта да неможеш на раат една бизнис средба да оствариш, одма те гледаат како потенцијална љубАвница... Ама па и они не се криви што така си се навикнале, од ефтини женски кои само чекаат таква прилика -глава неможат да дигнат . Згрозена, полека го учам вистинскиот живот одкако излегов од стакленото ѕвоно. И никогаш немојте доктор за дечко или маж да зимате, слушајтееее ме, најголеми швалеришта! Немојте после да речете никој не ви кажал...
Не можам да ги разберам луѓево што пола година живеат во странство еве на пример Австрија и одма се од таа држава, каква Македонија бе, од Австрија сум. Добро па шо дека?! Ја колку години живеам до банка, па не банкарка сум?! Не.
Демек "странците" си дојдоа Направив денес торта, да си ја заблажам душата. Направив многу работи денес за кои се надевам дека ќе ми се промени животот на добро.
Четири свеќи гореле полека. Околу нив владеела тишина, па токму затоа и можел да се слушне нивниот разговор. Првата свеќа рекла: „Јас сум Мир. Луѓето не успеваат да ме сочуваат, па токму затоа и нема потреба да горам. Мислам дека е време да се изгасам.“ И таа тоа и го направила. Втората свеќа рекла: „Јас сум Вера. За жал, во најдобар случај многу луѓе имаат само површна вера и јас не ги интересирам, па токму затоа нема потреба да горам и понатаму.“ Само што го изговорила тоа, дувнал нежен ветер и ја изгасил. Третата свеќа жалосно проговорила: „Јас сум Љубов. Немам веќе сила, бидејќи луѓето често забораваат на мене.“ И во истиот момент се изгасила. Брзо потоа во собата влегло едно дете. „Што се случува?“ – прашало тоа. „Требаше да горите до крај“, рекло, плачејќи. Тогаш се слушнал гласот на четвртата свеќа: „Не грижи се, сè додека јас горам ќе можеме да ги запалиме и другите свеќи. Јас сум Надеж…“ (копирано од сајт) Ете тоа е тоа, главната компонента која не одржува во животот, Надеж.
Их бре дечиштана што ги гледам да ви кажам, се запрепастив, да да, дечишта се, не се ни деца, а уште помалку и дечиња! Да фане човек да ги искубе за тоа косичето, таму под увцето, кај што боли, иииииииј на мекичкото. Па да земе едно влажно марамче и тоа веѓите инстаграмски и муцињата кајлиџенерски да им ги избрише, да им ги затрие, како стакло да трие, е така! Дури и да си потплукне на палчето додека трие, ууууу! И да фане за увото и дома да ги однесе, телефонот од 400 евра да им го фрли низ џам, по можност во некоја река, да им даде една чинија компир-манџа да сркаат со вчерашен леб, да им истури чаша млеко во уста и да ги повие, пут под ноге во кревет. Што е бре ова, што е бре ова, леле, па уште ги стегнале цицките погоре од моите, натртиле тесна фармерка да пука, машкине сите искубени, исчупкани, а па некои битно чупани, кубени и со брадички, и леткаат како пеперутки со рачињата.... Море ни газот уште не можете легално да го избришете, што е бре ова. Господе Боже, арно си седев дома и си куцав.... Постов е резултат на тоа што одамна немав видено толку средношколци на едно место, искрено се запрепастив.
Ах бре, животов е толку суров, што еден ден те има, друг ден може да те нема. Како ли е можно ова? -Не можам да го сварам ова т.е прифатам Иако не се дружевме многу, не е лесно да ја прифатим реалноста што веќе те нема меѓу нас
Најголема грешка шо ја праи еден дечко, е да мисли дека ќе ја ебе некоја - само затоа шо некој друг ја е*ел...
Живееме со некое рутинско темпо кое се повеќе има улога на вграден механизам во телесниот столб на пулсирање. Заглавени во сопственото секојдневие, лесно забораваме дека во светот се случуваат многу нешта надвор од нашиот мал видик. Свесно допуштаме погледот да застане во правец на виножитото во просторот што создава емотивна глетка после извесно количество дожд. Спектарот од бои и дожд се како броевите, претходник и следбеник. И среќата знае да не исфрли од сончевата рамнина меѓу ридови по текот на брзата река и да не стави на тест на издржливост кога најмалку сме подготвени да испливаме на површината. Некои животни правила не опоменуваат дека мора да ги научиме затоа што ни се потребни секогаш кога ни се заканува некакво неизбежно проклетство да зачекориме настрана од патот на среќата. Кажувајте да или кажувајте не, но никогаш не ги премолчувајте нештата што се поврзани со вашата среќа. Почесто слушајте го мозокот, бидејќи срцето некогаш ни дава поспани одговори. Смејте се и кога ви е тешко за да го кренете товарот со поголема леснотија. Секој е доблесен на свој начин, особено ако го поседува најголемото богатство, здравјето. Не простувајте лесно, луѓето се свесни за секоја постапка. Нивните зборови не ги примајте како погрешни знаци, сите знаат што прават. Верувајте во позната фраза, не постои втора можност за прв впечаток. Единствено, дајте си шанса на самите себе. Бидете среќни затоа што никој нема да го изгуби сонот доколку ви се случува спротивното.
Колку малку треба некогаш, некој залутан тон од твојата некогаш омилена песна, мирис на некое цвеќе за кое те врзува нешто, да се вратиш во минатото, детството, младоста. Почнуваат спомени да се нижат како на филмска лента, да прераскажуваш дијалози, одново доживуваш настани. Затвораш очи и ги доживуваш истите чувства како некогаш, насмевки, солзи и наеднаш низ мислите ти пролетува прашањето "што ќе беше ако беше?" За многу работи во животот сум се запрашала дали сум постапила исправно, дали сум можела да донесам поинаква одлука, дали сум имала подобро решение? И сето тоа како резултат на мојата колебливост, одмерување, анализирање.Ете тоа е добра особина на вагата, знаеш дека си претерал кога едниот тас падне. Имало бури, имало психичко незадоволство првенствено од себе, имало моменти што не сум ги доживеала најубаво, ама кога би имала можност да бирам, пак би сакала вака да го проживеам животот. Со сите настани, добри и лоши и со истите луѓе кои ми значат најмногу во животот. И не се каам за ништо што не поминало онака како што сум очекувала, се во животот се случува со некаква причина. Кога и да е, ќе ја видиме потребата од тоа.
Ти не си нешто што поминува за неколку моменти. Не си ниту предмет за еднократна употреба. Замини си. Иако длабоко во себе повторно се бориш и се надеваш, понекогаш се задоволуваш и со малите трошки. Престани. Ти не си само нечија опција која е неважна во иднината. Без разлика на позицијата во моментот, мора да мислиш и на иднината. Не заслужуваш некој кој не знае да те цени, да те чува и да се бори за тебе. Никогаш да не заборавиме кои сме, што сме и што заслужуваме. Никогаш да не се задоволиме со помалку од она што заслужуваме...
Сите ме прашват како сум ослабела,дали сум на диета или повеќе вежбам,не не е до вежбањето мили мои диетата се вика НЕРВИ и ТАТКОМИ ако некој сака брзо експресно да ослаби чоекот со 2те раце ќе му го пуштам дома резултатот е загарантиран... А јас еве јас незнам уште колку ноќи ќе заспивам со солзи и уште колку време ќе треба да го чекам тоа што го чекам,се надевам дека господ ќе ми даде сила да издржам све до крај...Се надевам...
Има луѓе што ми се помалку важни од новите фармерки. Не сум материјалистка, жими се‘. Ама има и луѓе што ми се поважни од доручекот наутро. And I never miss my breakfast
Капче за годишница? Сериозно? Вао.. Нејкум скапи подароци, трошења, ама можел и малку поише да се потруди. Како ни малку да не ме познава. Или пак нешто сака да ми каже со употреблививе подароци во последно време.. I'm in shock..
Се додека имате кој да ве нервира во животот добро е, лошо е кога неможе веќе никој да ве изнервира, односно кога немате некој да ве изнарвира...
Супер се чувствувам и тоа трае веќе неколку месеци. Си го сменив на своја иницијатива начинот на живот целосно. Спијам доволно,оптимално по 8 часа,се будам и си развив многу убави навики да пијам доволно течности,да јадам здраво и умерено и да вежбам. Посветувам многу време на дружење со квалитетни луѓе. Околу мене сега се само луѓе за кои кога ќе си го поставам прашањето дали ми носат радост,одговарам потврдно. Многу пријателства зајакнав и запознав многу нови луѓе, Порано слободното време го трошев залудно,а сега сум многу подобро организирана и секоја секунда ми е корисно потрошена. Со факултетот ми оди супер,учам,ама не сум воопшто под стрес и со задоволство поминувам низ процесот на осознавање нови работи и надоградување во областа што ја имам избрано. Се што ми смета го сечам одма и не се навраќам на тоа. Не ме допираат навреди,коментари,ниту мислења на луѓе и баш живеам како што сакам. Стекнав убава навика да си запишувам по 10 работи секој ден за кои се чувствувам благодарно што ги имам. И така секогаш си легнувам релаксирана и среќна. Не викам дека е постојано тоа чувство што ме држи,ама е така една општа благосостојба и здравје. А,да и имам нова,опасно кратка фризура. Ептен нетипична за мене. И ја обожавам. Пред некое време,во темава прочитав препорака од @crimson,мислам за една апликација Headspace,што те води низ 10минутна медитација секој ден. Обавезно пробајте ја и фала crimson,ми се подобри ептен квалитетот на денот со неа.