http://www.imdb.com/title/tt2593392/?ref_=nv_sr_1 Who are we without our memory? It's painful to feel that what you have to give, is not needed, that there's no one there to receive your gifts. In our past, in all our stories, in other cultures, elderhood had something to give and there was always someone out there who needed what elders had to give. Is this true in our new world? Го препорачувам на сите, можеби некому и ќе му помогне. Ви посакувам убав ден!
Дојдов да ви кажам нешто а и да се пофалам Денеска ми е роденден Колку бргу минуваат годините да не ти се верува,ама не се жалам ич секоја година си има своја убавина. Немам некоја посебна желба која што сакам да ми се оствари за роденденот само си посакувам да сум здрава и среќна како до сега,да ми се живи и здрави сите околу мене а се друго ќе биде кога тогаш,со малку труд и верба работите одат кон подобро
Имам многу мои причини зошто да се радувам деновиве, ама ете не можам, не ми дава кога ќе се свртам околу мене. Општава ситуација ме убива. Се осеќа лошата енергија во воздухот, гуши. Среде пролет сите темен облак над глава носат. Како никој повеќе да не е способен да поверува во подобро утре. Скептичност, песимизам и кренати раце, оставено работите сами да си го земат текот. Одбивам да верувам во тоа, не ми дава темпераментот, воспитувањето, волјата за живот. Одбивам да си стојам молкум и да си го набљудувам животот од страна како да е некој лош хорор филм. Верувам во промени, верувам во исполнети цели, верувам дека сме многу поспособни од тоа што си мислиме...но верувам и дека константното движење по линија на помал отпор нема да донесе ништо од тоа. И уште ова, ми го започна убаво денот.
Зошто со мене никој не сака да дебатира? А толку многу прашања поставив во темата Бобите на Заев и ниту еден не ме удостои да ми одговори, цитира па и навреди. А денес сум толку позитивно настроена за дебата... Инаку, едвај чекам да се пронајде креаторот на прелепуваните телефонски разговори. Милчо кажа дека веднаш ќе го вработи. Ајде бе Влада најди го....Може со негова помош со Оскар ќе се закитиме
Секој нов ден, пред нас е изборот дали ќе им обрнеме внимание на баналните нешта кои не' иритираат, или на малите работи кои не' прават среќни... Дали намуртено ќе го пречекаме утрото поради некој час помалку излежување, или веднаш ќе почнеме со полни гради да ја вдишуваме утринската свежина. Дали ќе дозволиме редовните обврски да ни го прогласат за лош работниот ден, или сепак да помислиме на некоја ситна награда која ќе си ја дадеме после завршената работа. И најважно од се', од сите карактери кои ќе ги сретнеме, познати или непознати - дали ќе обрнеме внимание на кукањето, намуртеноста и остри коментари на се' и сешто поради нервоза, или на насмевките, по некој културен поздрав и гест и позитивните вибрации. Наше е да избереме правилно чија и каква енергија ќе апсорбираме и продолжиме да шириме... Добар ви ден!
Ја обожавам оваа виртуелна хистерија. Да хистерија, секој со секого се сакаме, се допаѓаме и хвалоспеваме, се до моментот додека да се скараме, или да си контрираме и нападнеме, искритикуваме. Тогаш паѓаат маските и оди онаа вистинската војна, јас против тебе, ти или јас кој е кој, кој е подобар. Зашто очигледно поцврсти ни се тастатурите и прстите него егата, за жал инаку немаше да има ништо од тоа.
Неговата работна маса е секогаш добро средена, затоа секогаш купениот букет го ставам кај него, а не на мојата која е лом, со книги кои никогаш ќе нема да ги одржам во ред. (А, и прилично сум сигурна дека самите шетаат за да ме нервират). Седам на неговото биро и малку, случајно, ама ептен случајно го раштркав со секакви мои друнгулии, а тој, пред некоја минута почна да ми го средува просторот. (и крена раце, секогаш се откажува). Е, вака постоиме, вака се сакаме. Секој паметен што ќе ни влезе дома одма ќе знае какви сме. Него, заглавувам во спомени. Ама си викам, секако цело време живееме во минато. И ова зборот "минато" што сега вие го прочитавте е веќе минато за вас и само ехото негово го чувствувате. Еве ви песна, убава е, уживајте Tako tesko se u nama, lomi daljina koja kida
Ми недoстигaш. Сaкaм дa си тукa, пoкрaј мене, дa те гушнaм и никoгaш пoвеќе дa не те пуштaм. Нaшaтa среќa дa ни биде пoвaжнa oд се'..
Може сум една од ретките која се‘ уште развива фотографии. Секако, не сама, туку во фото-студио. И секако, не развивам филм, туку ми ги вадат од УСБ. Проклетството на 21-ви век. Немав извадено сигурно половина година, па денес реков - РЕДНО Е. Кога ги донесов дома, зедов да ги наместам во албум, но сфатив дека веќе нема место. Ќе мора нов да купувам. Обожавам албуми полни фотографии. Си ги зедов сите што ги имам, се скупчив на креветот и се вратив назад. Назад, на возбудливи патувања, со луѓе кои веќе не постојат во мојов живот. Спомени ли се, спомени...
Се прашувам што стана со луѓево,сите се некако ладни,сурови како да нема ништо човечно во нив.Додека потајно верував дека тоа е прикриено длабоко во нив,две ситуации ме наведоа повторно да го мислам тоа. И двете се случки во автобус. Прва ситуација се качува мајка со болно дете,која секој ден го носи во посебно училиште.Верувам позната на многумина затоа што често можеш да наидеш на неа во тој автобус.Во автобусот имаше едно слободно место,а на другото седи млад дечко(можеби средно),мајката го замоли да се помести на другото седиште за да седне детето и да биде поблиску до неа.И сега овој наместо да стане,да и отстапи место на мајката која цело време беше над детето,стоеше на скалите,му даваше сокче,вода,му ја соблекуваше блузата за да не се поти и сл,тој си продолжи да седи.Добро ајде за него,но во автобусот имаше и други млади лица(читај наша возраст)кои беа на другуите седишта близу до тоа, но ќе направеа некоја добрина,доволно беше и само да се понудат.Јас во случајов не можев,затоа што бев многу поназад седната а и мајката сакаше да си биде до детето.И за да биде трагедијата уште поголема станува една постара жена и му вели на дечкото да се премести на неговото седиште само за да седне мајкава,а он пак послуша и се упати кон седиштето, додека жената остана да стои.Брука,мене ми беше срам да го гледам ова искрено.Во ова видов и друга страна,ние имаме предрасуди кон тие деца сеуште големи,па и кон мајките,затоа што ако малце сочувствувавме,ако малце помислевме како и е на таа мајка со пропаднати очи, местото ќе беше веднаш отстапено.Мене како иден дефектолог ова ме погоди и тоа како. Втора ситуација-бремена жена.Денес во автобус се качи една бремена жена.Се качи на горниот спрат со уште една жена во средни години,немаше место.Жената и вика може ќе стане некој,а она срамежливо, нема потреба добро ми е,додека стоше горе на скалите и не би рекла дека беше многу бебедна.,но никој ни да слушне.Седев некаде на средина и без размислување станав.Сликата што ме порази е што имаше доста млади кои можеа веднаш да изрипаат кога видоа дека се работи за бремена жена.Можеби за некој ова е глупост ќе си речете што тресам,но за мене не е.Нема нозете да не заболат ако отстапиме место,ем ќе направиме добрина.И јас бев цел ден на факултет и само што седнав требаше да станам,затоа што ме уби туѓиот срма,но не жалам воопшто,се почуствував многу добро.И пензионериве во голема мера сметаат и го злоупотребуваат бесплатниот превоз,но има некои категории луѓе каде што веднаш треба да ја покажеме човечноста,ако ја имаме. .
Многу добро знаеш дека не паметам датуми, ама овај остана врежан во мене. Самата си ги потона своите соништа а со тоа и моите. Сега имам се се што ми требаше за да ја исполнам твојата долго очекувана желба, имам се но што ми вреди. Знаеш колку е тешко да ја гледаш твојата иднина на чекор од тебе а да не можеш да ја допреш да ја погледнеш во очи. ЗНАЕШ.
Има многу нешта кои сакам да ги кажам, но се плашам да не повредам некого со нив. Затоа ги закопав во себе, и им дозволив да ме повредуваат мене. Сега за сега не ме притискаат многу, не се жалам.
Верувам дека постојат скромни машки и верувам дека еден ден ќе најдам таков. Соодветен. Се надевам во блиска иднина ќе заспијам во нечии прегратки. Имајте убава вечер.
Биди добар ќе ти се врати со добро?Не, те лажат! Ако правиш добро, едниствено тој на кој што му правиш добро, добро му е....Другите ги боли к-- .... К-- боли, за тоа што ти! постоиш.... К-- боли за тоа како постоиш.... За кого, за што... И од денес ме боли К-- ...за к--от што го немам!.. за да добиеш и ти к-- по чело, што го заслужуваш многу К-- месеци од дамна. И следен к-- пат кога ќе ти текне на мене. Не к-- ме контактирај за твојот К-- КЕЈФ!