Хаххаа, леле, добро е, не сум била единствена. Мојов само ме кара што загледувам луѓе (читајте женски) по улица, а јас само се обидувам да се оправдам - сакам да видам како изгледаат од глава до пети, од напред и назад. Добро еее. Инаку сакам да кажам дека човечево ми е идол. Вакво нешто ни треба и на нас: За оние кои не го познаваат: Ова е José Alberto "Pepe" Mujica Cordano кој беше претседател на Уругвај до неодамна. Инаку познат е како најсиромашниот претседател, бидејќи донираше 90% од својата плата на сиромасите и помали претприемници.
Не рекле џабе ИТРО СЕЛАНЧЕ...низ сито и решето има поминато и ке те купи и продаде а нема да осетиш Џабе асфалт кога први на орото се горенаведениве. П.С. Извинете на тие што нема да го сватат ова.
Вчера разгледував фотографии од дрва кои добиле интересни форми заради силните ветришта. Целосно го смениле обликот, ама сè додека се држат за коренот, опстојуваат и раззеленуваат секоја пролет. Омилено ми беше ова И си мислам - вака и нас животот нè обликува. Никој не останува ист после некоја бура што ќе ја преживее.
Љубовта,благословот од најблиските,убавите зборови,искрените насмевки се вистинските нешта кои ми го исполнуваат секој ден и прават животот да ми биде поубав
Луѓе кои своите животни трагедии ги споделуваат на социјални мрежи... Како ли ние кои со нашите загуби се справуваме интимно преболуваме? Дали сте нормални и сериозни луѓе? Загуба на човек е толку интимно и тешко... толку длабоко и трауматично, а вие пишувате статус на фб? И тоа го пишувате затоа што сте ометани во вашето секојдневие? Дали бевте загрижени за човекот додека умираше? Ми се повраќа... Кога се соочував со такви работи немав сила да изустам збор, а не па да напишам статус од 10 реда на фб. И не, не сме сите различни за вакви работи. Тага е тага, жалост е жалост, те ничкосуваат, се она кое што имаш да го кажеш потоа доаѓа денови и денови после тоа... а не веднаш, за три-четири часа... Секој кој изгубил барем еден човек во својот живот знае...знае како оди тоа. И не девојко, не можам да мислам дека си добар човек кога ќе споделиш хуман статус, а си пишала твит/статус - градат трговски во Аеродром за да имаат каде да искачаат оние од Белимбегово и слични ми ти предуховити сељандурски статуси. Контрадикторност до бесконечноста. Не, твојот статус за болното детенце од леукемија не те вади дека си сочувствителна, туку обична простакуша која не може да поднесува луѓе, туку се лепи само на слаби луѓе. Дегенското однесување према луѓето на кои не им треба помош многу повеќе кажува, отколку за оние кои се слаби и немоќни. Познавам ваква категорија на луѓе и просто ми е мистична и интересна како појава, која патологија е тоа... Поседуваат само сочувство према послаби. Не е као или со хуманист или не си? Како тоа мислиш селективно, а сите останати за тебе се сељандури од Припор и не знам какви ми ти навредливи споредби и статуси?
.....deka nekoi luge se skroz bez oset I zal. Iako ostvaruvaat prihod da dojde red da baras obleka od humanitarna grupA na fb. Pa kako ne I'm e sram, tie barem Moze da si dozvolat maicka od 200 den,za razlika od nekoi sto nemaat takva prilika. I'm ja odzemaat pomosta na onie koi I'm e Navistina potrebna. Sebicni luge... Zamislete uste barale od zena so malo bebe da I'm gi nosi do doma. Kaj zenata od se srce donira ustee da bides bez kultura I zal.... Sirota zena po zensko so bepce I'm gi nosela do doma...mi se cini samo tuka ima vakva prostotija. Sramota!!!
Сега се тресам како лист во есен поради матурата, чувствувам голема вознемиреност и страв а во главата ми пројде мисла дека ова е само почеток. Тродупло учење и тешкоти ме следуваат на факс. Овие средношколски денови со боринче ќе ги барам ама ај.
Дека се шетаат боси насекаде знаев, по маркети, трговски, кафичи.... очекував, не ми е веќе чудно, дури и јас почнав ако видам убава, одржувана трева да одам боса (предупредување - не да штрапате боси ако не знаете чија е тревата и кој ја одржува). Па и по пижами, па и по папучки, како легнала така станала, па на работа тргнала, нели расчистивме дека перењето не е баш најјака страна на овој дел од планетава, па си лизнува ако и капне нешто на блузата, шо е тоа салфетка и кај се купува, си го чеша цицето додека јаде, епа ја чеша сега, шо да прави, испадни си ако ти смета некој да си го чеша цицето додека јадеш..... Абе се' знаев, еве, психички спремна дојдов, со отворен ум, без предрасуди, веќе игнорирам ждригање и прдење и пување, почнаа сега и без врата да затворат да се сексаат, прекрасен звук пред да си легнеш, ај да не имитирам, јасно ви е. Си ставаш затки во ушите и ако сака и нека се породи тука додека е. Е не им е срам за ништо, оти тоа било нормална човечка реакција и нормален инстинкт (во џунглата, можеби).... Ама дека кога во собата има други луѓе си лежат како на гинеколошки стол, а притоа се без панталони, со мнооооогу утната величина на гаќи за таа машала машала снага, ќе си се чешкаат за ваџејџејто, онака кежуал, како тоа да ти е ножето, стварно не знаев. И си кулира типката, дечко никогаш немала, јасно ви е и тоа што значи нели...... мада што не треба да имаш дечко за да ти бидат јасни основни правила на хигиена. И се вртиш лево, се вртиш десно, нема кај да се свртиш, значи јас не го гледав, оно мене ме гледаше. ОНО-то не ни е во женски род, не знам, се истрауматизирав. Па ко за беља, мене одма ми дојде на памет песната - Рааааааааспукалааааааааааа, распукалааа Шар Планинаааааааа.... ајјјјјјј леле.... кога писнав да се смеам, не можам да им објаснам зошто оти нели, ништо не се случи, се' е нормално, викам смешна е песнава на македонски. Ја си пеам, она си потпевнува со мене. Работава, сите смеат и ја смеам, кога оно, мене смеат. На моменти ми е жал, на моменти ми се смешни, стварно се трудам да им објаснам некои работи, дефинитивно името си е заслужено за овој дел на светов. Ииииииииии колку работи знаеш, е од кај знаеш на пример како да си ги наредиш работите во шкафот? Им викам, стојам зад филозофијата, какви ви се фиоките, таков ви е животот. И се гледаат, збунети, аааааааа, моите се уредни, викам да... Другава па ми вика, аааааааа моиве види, викам тебе не би да сум ти во кожа. Нешто како тие што живеат затрупани во ѓубре и ги вадат со кран на реалити шоус. А како се менува тоалетната на тоа стапчето да се врти..... Ееееееее, тука, е тука е одговорот на сите прашања за постоењето на универзумот, токму во тоа стапчето. Тоа кога ќе го смениш добиваш магична моќ на човек со нормално IQ. Па после трауми, им дадоа да работат и од сабајле, и од навечер, ама ти ништо не знаеш нив колку им е тешко и колку им се спие, па требало да ги толерираат повеќе, они биле уште мали. Слушам и се крстам. А не сте мали за да пафкате позади по шумине? И викам слушај, ја да сум ти шефот, тогаш и тогаш ти е работно време, 5 минути пред почеток на работно време да си најадена, наспиена, свежа, одморена, уредна, чешлана, бањата, испрдена, изждригана, искакана, измочана, што бутур нека ти е, ама од тогаш и тогаш почнуваш и стварно почнуваш без да се жалиш. Амаааааааааааа јас имам здравствени проблеми, не можеш така да ми викаш, леле ама си строга, оти сите големи се лоши... Да бе, ако локањето 3 литра кока кола и јадењето дупли порции е здравствен проблем, јас сум Тарзан од џунглата, мило ми е. Абе имаш проблем реши си го, ама кога некој не бил никаде, пораснат во е ваква ненормална околина, нема другарки, од дома веќе ти мрчат дека си 18+ и време е да си го береш гајлето, ќе бараш внимание некако да привлечеш, а немаш со што, и еве, ќе бидеш (не)свесен циркузант. И мака ми е бе, има луѓе што стварно сакаат да работат и немаат прилика оти ваквите морони се ,,толерираат,,. морееееееее...... Сакаш работа, повели, системот е таков. Не работиш, чао пријатно, епа да, стварно ние големиве човеци сме многу лоши. п.с. Се кладам дека не сте знаеле дека диеталната кока-кола и водата биле исто.
Претпоставувам стартот ти е фин Дузи ... , Дајет или не, важно ајс кјубс мора да има. Поздрав од Ист коуст
Секој ден додека сум на работа низ глава ми се вртат разноразни мислења, идеи, ставови и глупости кои што би сакала да ги споделам еве тука во темава, но како за беља додека стигнам дома се ми е испарено од глава, не ми текнува на ништо што сум сакала да напишам па само ќе ве поздравам. Имајте убав ден.
Нареден пат кога купувате кожни производи од Кина сетете се на кучињата од видеото http://action.peta.org.uk/ea-action/action?ea.client.id=5&ea.campaign.id=3296! Поентата не е да ги жалите само и после пола минута да ги заборавите, туку потребна е акција и бојкот на сите производи од кожа! Колку животни треба да настрадаат поради нашите желби, кои се само глупава потреба за докажување? Ми се гади од игнорантни луѓе, од фактот што иако ја дознале вистината сепак одлучуваат да ја игнорираат измислувајќи секакви бедни изговори.
Секое лето си замислував да имам сестра или другарка од др град и се сеќавав на времето кога одев на играорна, и мојот најомилен дел кога на лето доаѓаа групи и кога требаше да спијат кај нас. Јас секогаш ги избирав високите девојки кај мене дома. Кога престанав да одам на играорна почнав да си замислувам па еве дури и сега би сакала да имам некоја другарка да ми дојде дома на спиење па да ја шетам низ охрид, да одиме на плажа,да ја носам на кубалканика ,да биде различна од сите...
Го сакам! Силно, искрено, безусловно, диво, невино, детски, лудо, страсно, безкрајно.. И едвај чекам да го видам, да си го изгушкам.. Ајде Понеделник, побрзај
Денов ми стана, шта речи... Си излегувам сабајле од дома, заклучувам врата, поминувам околу десет метри и ми светнува: Ливчето за изборен предмет за следната година. Јас избрав програмирање, ама требаше родител да потпише, сосем заборавив. Си реков, ај без потпис ќе го носам, ќе се вратам ќе го земам. И тогаш ми текна: Ливчето ми е во џебот на панталоните од претходниот ден, панталоните се во корпата за перење. Се качувам горе и прекрасна глетка на терасата - панталоните се сушат на сушалната. Бркнувам во џебот, моето ливче стуткано, исперено, изнамирисано, размачкано... Веднаш почнав да паничам и ѝ се јавувам на мајка ми на работа. Таа е колега со мојот класен и му се јави и му кажа дека го земала со неа случајно. Добро, супер, отидов на школо, ја треснав ташната од клупа и седнав. По некое време сите се разбегаа останавме само јас и една другарка. Не знам од каде ни изникна таа „фасцинантна“ идеја да ги откачиме сите хамери, за догодина кога ќе се преместуваме до друга училница да си ги земеме со нас. Речено - сторено. Но после училницата ни изгледаше како од мајка родена, па само се погледнавме со другарка и решивме да ги враќаме сите на место. Од ништо си отворивме работа. Ајде оние пониските, ама за тие што стојат високо, требаше клупи и столови да местиме, а да не спомнувам дека ја искористивме катедрата. За среќа, директорката не влезе, инаку не сакам ни да помислам што би се случило. И за крај, решивме да одиме кај забавачињата и онака безгрижно и разџагорено да ја завршиме годинава, помеѓу шарени столчиња, играчки, сликовници, креди во боја и многу весели дечиња. Па чирс! Се гледаме од септември, училиште. Летото може да започне.