Незнам дали само мене може еден сон да ми влијае цел ден на расположение и да ми се вртат фаци пред очи, кога станува збор за драги личности со кои си бил близок но заради Х причини сега ретко да се запрашате само како си и што има ново. И не само денес,и утре и задутре, така неколку денови по ред ќе ми ги поседува мислите таа особа, а не сакам жими се.... И како некои луѓе умеат да бидат тоооолку напорни, а јас кротко само траам и молчам додека не ми се спојат жичките. Па бре каде ви е разбирањето? Ако вам се ви е сервирано секогаш, јас незнам тоа како изгледа и несакам да знам, сама ќе си сервирам! Е така!
Последен пат кога видов совршен џентлмен беше пред неколку години во филм, и тоа нему му било платено да глуми, а Бог знае каков е во реалноста. Имам прашање: Каде се џентлмените? Се кријат негде, зафатени се или се во мнооогу мал број?
Расеаност и ненаспаност левел: ме прашува другарка на фб нешто за филозофија дали чувам скрипти, а мене зборчето на момент ми се чита стриптиз... Е ај зборете ми сеа за Марфи киксови со погрешно пишување и читање зборчиња и за „не знам кај ми е главата“ паника... May the force be with us!
Убав денов, убо све ми е . (малку матурава ме мачи, али шо не било па и матурата ) Иначе новото кај мене дојде... Повелете да ве честам
Само процедурално: Твитон беше за трговскиот покрај аеродром (Александар В.) што ќе го прават Бугариштата, така да држи вода она за белимбеговци. ЈБГ, а цело време ти беше локал за црпење мотиви Пукла је веза, а?
Навистина, или јас сум премногу дружељубива и не чинам или до луѓево е? Седиме на кафе и праам муабет со другиве и им кажувам за еден курс што ќе се одржи летово од страна на една организација, и добив повратен одговор: 'Леле,па тие членовите како ме нервираат ' Глупости' Ма какви глупости.... Битно ќе научиш нешто ново и нови луѓе околу тебе. А,не само јас и дечко ми и толку и со уште еден пар ќе излегуваме... Пак ќе речам... Можи е до мене.
Овој пролетен дожд неможам да ви опишам колку го обожавам. Мирисот на дрвцата, звукот, глетката ме релаксира длабоко ми допира до секоја клетка на телото. Аххх мераци невидени!
Апел до сите возачи!!! Кога ќе ја слушнете сирената, не превртувајте очи, тргнете се на страна со вашето е*ано возило!!! Едноставно качете се на тротоар, појдете напред, направете нешто! Ротацијата не е ставена ради- реда, таа означува дека возилото чија сирена и ротација е пуштена има предност пред вас и вашите потреби. Без разлика дали е тоа брзата помош, пожарна или полиција, во прашање е човечки живот, а тие неколку минути се и те како значајни. Денес бев сведок на некултурата на еден куп возачи (на крстосницата кај Соборен храм), кои и покрај упорноста на возачот на амбулантното возило да се пробие низ шпицот (кој патем е последица на протестите пред Влада) ми изгледаа и глуви а и слепи... На своја кожа почувствував што значи "животот му висеше на конец", колку е битна навремената реакција на лекарите. Навистина сум згрозена и вчудоневидена од индиферентноста на сите што око не им трепнува... Целата се наежив во тој момент, навистина жалосно...
Ти најверојатно нема да можеш да влезеш во тој трговски, нели, поради чистата центарско-градска крв каде е невозможно некој со твоето пречисто потекло на граѓани од 1200 година, трговски каде смрдеата на македонскиот селанец е неподнослива. Иако срце ми кажива дека ќе бидеш помеѓи првите. Бугаришта и белимбеговци, дно на општеството за луѓето со сина крв нели? „Со поклон ги изговарам овие зборови без поглед насочен кон бесокот на твите небосно сини очи и руса коса, непотемнети поради твоете Александриско непосељачено потекло.“ Ако имаш црн прамен и коса, тоа е поради грешка на Бог, пресветла бидејќи сакал да те огрди поради убавината и пресветлоста твоја да не го помрачат него. Не епоради потеклото твое на црни луѓе. Не коментирам за подбуцнувањето кон Лилит, знам и свесна сум дека ти си за појадок за неа, ништо сериозно. Не верувам дури ни дека би реагирала со агол на окото за ваков невкусен одговор од тебе, пресветла божице на граѓанството во светот, особено на Балканот. Мразам потценување на луѓе оти се родиле во Белимбегово, искажани од нечовечност и трпеливост на поразличните. Еве, јас сум градско дете, не со една, не со две, со три генерации градски луѓе пред мене,, и со гордост ќе одам во тој трговски и ке пијам пиво со Белимбеговци, Ајватовци, и од сите села. Оти имаат човечност во себе, за разлика од „граѓаните“. ПС Јадеш јајца од Белимбегово или у град си чуваш кокошки?
Ах оваа моја чудесна земја.. Незнам дали запаѓам во депресија или нештава комплетно излегле од контрола. Камо да живеев во времето кога луѓето немале многу ама биле среќни и сложни. Барем така велат дека биле. Моментот кога седиш со друштво и сите се џарат во телефонот. Или моментот кога излегваш со другарка и по 5 минути и се јавува дечкото и цел пат си прат муабет на телефон. Па зошто излегов со тебе за да ги слушам муабетите со дечко ти. Разбирам дека се сакате и мило ми е дај боже цел живот да одите, ама неколку си сати можиш да одвојш за мене мислам не е многу. Очигледно веќе нема мерило за многу.
@Cka, поштено го иступи. Само ќе ти кажам дека си вон колосек од муабетот и од целата смисла на ситуацијата. Се работи за интерна шега и муабет кој девојката на која и глумиш застапник и јас ги тераме. Знам јас дека нема лоши зборови кон никого, ја знае и она поентата на постот.Ти со мислењево сте вишок. Поздрав. п.с. јајца од белимбегово нема веќе повеќе од 10 години
Караванот си врви , кучињата си лаат. Доаѓа една личност од животот , битисувате така некое време , после одлука моја или твоја ...се разделувате. Доаѓа друга ,и таа решава да продолжи без тебе., па трета особа иде па ти дознаваш дека сакаш нешто друго . Јас ли не знам да најдам некоја средина, или другиве нит се водат нит се терат? Како и да е "процедурата" мене систематски ме дотепува. Ова или е растење или на грешка планета сум...
Да бе касно палам, уште прееска го пријавив, укапирав. Неонка јбг. Некоаш касно палам, ама бар ми светнуе. Или друг мора да ме упали. Нема јајца?!
На први Септември сите убави деца веќе ќе ги нема, кој го фатил патот во Борис кој во Карев, а ние сиротите со другарка ми ќе ги гледаме изродине од наша генерација
Тажни чувства ме обземаат.. Просто невозможно е да сум среќна, невозможно е да мислам на нешто друго.. невозможно е.. Се плашам дека утре ќе биде предоцна.. Ужасно многу се плашам! Се давам во сопствените солзи затоа што сум скршена. Повеќе ниту јас, ниту пак таа, а ниту иднината.. ништо веќе нема да биде исто.. Не сакам да губам, не можам да поднесам да губам.. јас не знам да губам.. а ја губам.. Мислев дека бара внимание, поточно убедена бев дека таа само бара внимание. Не знам зошто ми беше толку тешко да и поверувам дека навистина не се чувствува добро? Веројатно затоа што многу пати знаеше смртно да не исплаши, а да е потполно здрава. Ах бабо.. Ах.. Не се предавај! Биди јака! Почекај ме да дојдам и да те видам.. ТЕ МОЛАМ! Вчера била сосема свесна, зборувала, покажувала емоции, сакала да не види, мене, син ми, сестра ми.. а денеска? Денеска врзана за креветот, ниту насмевка на лице, ниту солза, ниту сакала да јаде, ниту можела да стане, ниту пак збор да каже.. Шансите да преживее се речиси никакви, а и кога би се случило тоа, таа повеќе никогаш не би била иста! Не се предавај бабо! Чекај ме да дојдам, те молам чекај ме.. Те молам утре разбуди се и чекај ме! Имам толку многу да ти кажам.. Те молам Господе немој утре да биде предоцна! Те молам дај ми прилика да и го кажам се она што таа веќе го знае, но има потреба повторно да го слушне.. Те молам Господе!
Во средно и основно си знаев иди 10ти јуни,и почнува одморот. Сега со ова факултетиве се е измешано,да не можиш да се одмориш ко човек. Сега сесија после сесија.