Пресреќна сум!!! Уште само 3 дена и повторно ќе бидам до него Возбудена сум како да прв пат ќе го видам, цело животиско царство се собрало во моето тело
па према неа си ја крствав ахахахахах (i love the movie ) он топик: сакам да кажам дека официјално денес сфатив зошто ни една свекрва не би ме сакала. R.I.P. 2 литри сок на паркет.
Не можам да и верувам на луѓе што се хранат со сендвичи, непроверени јадења, од сомнителни пекари секој ден... Човек што не се грижи за себе и за тоа што го внесува ми е исто како тригодишно дете. Или не знае или не го интересира, што е подеднакво лошо. И јас сум студент и често немам време ама инвестирам во тоа да не јадам глупости. Верувале или не се враќа. Не зборам за исклучиво за тежина и за изглед туку за духовното здравје, за способноста на размислување, за енергија.
нели сегa е периoд нa мaтури и пoлумaтури, пa мoрaм дa кaжaм декa премнoгу пaти нaлетaв нa кoментaри: Не декa е нaш(a), aмa нaјубaв(a) е. Е пaрдoн. Бaш декa е вaш ви е нaјубaв. Мене кo нa пoсмaтеaч oд стрaнa не ми се свиѓа. Ај мaјки/тетки/стрини, oлaбaвете и oстaвете некa учaт децaтa зa пoлaгaњaтa пa дa oпрaвдaте се штo предвреме прoслaвевте. Фaлa мнoгу. Пријaтнo.
Навистина не ми е јасно... Како некои луѓе константно се болни кога треба да се работи нешто, а за шетање, јадење по ресторани се први Фолиранти прва лига
Го мразам ова празно чувство. Како да имам дупка во градиве, како да ми недостига некој орган одвнатре, па не може да ми функционира телото, како сите околу мене да се невидливи... Толку многу луѓе, а јас сум осамена. Добро ме тренира животов. Ај добра ноќ. И, борете се за своите соништа, да не се разбудите еден ден и да сфатите дека додека вие сте исполнувале нечии желби, сте го запоставиле сопствениот живот.
Ne zaboravajte sekoj den na svoite najmili da im kazete kolku gi sakate..Nikogas ne znaete koga ke bide predocna za toa, a nisto ne boli poveke od neizreceni zborovi.
Знаете што е најлошо? Во животот да имате празен период со изгубено време. Период во кој ништо не сте доживеале што ви останало во сеќавање, ништо не сте научиле и ништо не сте оствариле од замисленото. Е таков празен период не ви посакувам
Случајно налетуваш на слика од 9-ти сабајлето кога имавме трубачи и го игравме последното заедничко оро во школски, а во позадина го слушаш стихот „загрли, сад ме јако загрли“.. „заплачи, само јако заплачи“..
феминки помагајте ,,, каде да ја пронајдам статуата на правдатат или судскиот чекан како што се на сликата ..? или некој сличен канцелариски сувенир
Ми се врати од крајот на светот!!!!!! Се осеќам како средношколка. Мирис на лето какво што памтам од детството и за чудо - светулки во јуни во градски парк. Една ми застана на раката. Жапци и штурци. Се ѕверевме во небото како шлакнати, соѕвездија и сателити, месечина како срп, тамам да си ги ожнееме соништава. Се кикотевме како дечишта.... Вака среќна не сум била многу одамна.
Не им се лутете на луѓето кои скришум ве имитираат, а уште помалце на оние кои истовремено кажуваат дека вашето не било добро,туку нивнито.Бидејќи тие сакаат да бидат како вас, но не можат. Добро утро.
Утрово се разбудив со некоја грутка во себе. Имам чувство дека, на срцево има некоја тежина, налик карпа, која ме притиска. Дури и тешко воздишувам.. Требаше толку многу работи да направам, а јас се предадов. Сега ме убива грижата на совест. А во најголем број случаи ние сме си криви за секој наш неуспех. Ама полесно e да се носиме со сплетот на околности, одшто да го прифатиме фактот, дека во голема мера вината е наша. ** Инаку, таа грижа на совест, ме врати во минатото, ме шлакна онака фино за да ме потсети што бев. Впрочем, тие преживеани грди моменти се дел од нашиот лик. Ми текнува, по разводот на моиве, и по статусот на самохран родител на мајка ми, ние..ние бевме..дно. Понекогаш, покрај корката леб, и солот знаеше да биде луксуз. Во моите скоро 24, јас првата играчка ја добив на 11 години, преку некоја хуманитарна акција. Тоа беше кукла, во некоја средна големина. Со кадрава кафена коса, облечена во бела кошулка и панталони на риги. Убава беше. Ама што знам, јас до тогаш немав играно со кукла и не знаев како да реагирам на неа. За жал, детството го прескокнав, морав порано да созреам. Ја складирав во истата кутија, и ја тргнав во ормар. Години подоцна, запознав прекрасно детенце со најубавите тракалезни очиња. Знам како му беше во бедата во која живееше со импровизираните кукли и играчки. Му ја подарив куклата, која јас ја добив некогаш, од некого, со истиот повод... Таа искрена насмевка која ја добив поради таа кукла, е најдоброто нешто што го виделе очиве. Се уште ми се топли душата кога се присетам.
Многу ретко се распаравам и разубедувам со луѓето околу мене. Тоа ми е залудно потрошено време, па и енергија. Но некогаш, како синојќа, морав да се испокарам со другарка ми, која во неверување ме гледаше како жестоко реагирам .. знам дека ми се налути. Бевме излезени на кафе-муабет, се немавме видено од поодамна. Има 8 годишна ќеркичка која беше со нас и си играше со телефонот. Играјќи си јадеше сладолед и несакајќи и се слизна телефонот, падна на плочките и се скрши. Другарка ми збесна ! Кога и се пушти, почна да ја мава неконтролирано викајќи му на девојчето ‘’ Глупачо ниедна, новиот телефон го скрши ! Краво ! Ти си овца..за тебе ли е телефон ‘’ итн....срам ми е да ги пишувам погрдните зборови кои во мое неверување како ножеви фрштеа на малава, а јас се чувствував како посматрач во некоја хорор сцена која ми се одвива пред очи. И ми пукна филмот, ми се стемни пред очи, па кога ми се пушти еден глас ( дури и јас самата се чудев, ова мој ли е глас ?!) и кога згрмев ‘’Доста го маваш девојчетo ! Како не ти е срам да го удираш за еден помочан телефон ! ‘’ А таа ме погледна целта зачудена како да не и е јасно ништо ! По некое време се созеде и налутено го дигна носот, ја повелече уште еднаш за коса ќеркичката и стана да си оди, патем бесно ги собра делчињата од телефонот. Јас не ја задржав, ниту збор не и реков. Мислам дека сеуште не и јасно зошто реагирав така. Повеќето секако и нема да разберат.
Што знам... жал ми е за туѓиот срам. На крајот од денот сме само луѓе со свои битки. Не ми е убаво кога ме лажат за да си го задржат угледот. (значи не ни имаат углед...тажно) Не ми е убаво за нив самите, јас немам ништо од тоа. Што е тешко толку да се прифатиме себе си онака како што е и да очекуваме убавото да ни се случи? Не знам зошто ви се потребни маски и наместени фотографии... наместени фаци. Или си некаков или не си... тоа се гледа, чувствува и слуша, па и мириса, а ти не ни осеќаш. Со кого се борите ако не со самите себе си? Кој знае зошто во последниве два месеци сретнувам луѓе од минатото, кои лекции ли ги повторувам? Топла сабота, си куцкам извештајчиња, ама не ми е тешко. Ми стигнала и спалната... три пати што ја смени мајка ми...и сега не го собирало душекот, погрешни биле димензиите...мда. Мисљим... Кафево повкусно никогаш не ми било. Еве ви песмичка, јас частам.
Значи, ме излудува ова моја околина, изреволтирана сум.. Луѓето со кои сум секојдневно опкружена ме натераа непрекинато да барам одговор на прашање кое веќе долго ме измачува. Дали она што го мислат другите е поважно од ставот кој ние го имаме за нас самите? Тешко е да се даде одговор на ова прашање, а уште потешка е самата помисла дека сме дозволиле туѓите мислења да имаат големо влијание врз нашата самодоверба. Понекогаш сум принудена да мислам дека барањето на вистинскиот одговор е невозможна мисија, бидејќи и јас самата почнувам да ја губам самодовербата поради мислењето на другите. Но, дали е вредно да се менуваме, да глумиме нешто што не сме, само за да примаме позитивни критики од оние околу нас. Велат дека волкот крзното го менува, но карактерот не може да го смени. Така е и во овој случај. Секој, без многу напор може да ја откине таа лажна фасада од нашето лице. Можеби пак, ќе бидеме доволно разумни за да сфатиме дека сето тоа е апсурдно. Дај луѓе златни, покажете му на светот кои сте, и кои се вашите способности. Пред се треба да сфатиме дека ние сме креатори на нашата судбина. Секако дека ќе постојат негативните мислења на другите, сепак тоа не треба да влијае и да ја разниша нашата самодоверба. Бидејќи секој има право на свое мислење. Нашата задача е да одиме по патот на животот наменет за нас, и да имаме верба во нас самите. Само така ќе се искачиме на врвот на успехот.