Конечнооо Ми се јавија да одам на интервју за работа. Се радувам како мало дете. Не е којзнае што, само иинтервју, но сепак се надевам дека ќе има добри вести и дека ќе ја добијам работата. Посакајте ми среќа.
Се сложувам донекаде си во право. Ама има разлика од форумов каде сите споделуваме во одредена категорија наменета за таа тема, а сосема друго е фб. Овде и се консултираме и се едни со други, хејтаме и на крај пак си помагаме у дадена ситуација. Секојдневно гледам албуми со слики од децата ако веруваш, да беше една слика ќе си преќутев.
Не знам за вас, ама мене ми е секогаш убаво кога честитам некому роденден по социјалниве мрежи и наместо/освен виртуелниот лајк ќе прочитам заблагодарување и пријатна изненаденост од истата личност...
Таа што ќе ја откриете благодета на носењето на летни фустани,никогаш нема да облече панталони во лето. НИКОГАШ!
Она кога сонуваш чуден сон за некого и после цел ден не можеш асално да се однесуваш во негова близина... Ни жешково не ми помага.
Чудни сме ти ние Македонците, значи. Траеме притиснати меѓу немањето, грижите, човечкиот осет за неправда против која не се бориме, неплатените сметки, малите плати, преголемите обврски, искривениот систем кој глуми Рајски остров додека контејнерот станува народна кујна за голем дел од населението, систематското затајувавање на умот, деформираното здравство кое се дави во 'успешни проекти' додека пациентите умираат чекајќи со го редот, заболеното образование кое се носи со сериозни деформации, стравот кој го прифаќаме како неизбежен животен модел креиран од помислата дека може и полошо, свесноста дека молкот не ги поправа работите, туку им дава уште поголема сила, и кога наеднаш - некој најпосле ќе се исправи наместо мене и ќе ми го позајми гласот,ќе зборува со гордост како е убаво да си Македонец и да живееш во ова напатено парче земја а јас ќе зјапам во него со доза на неверување и ќе се обидувам да сфатам. Ќе се обидам да сфатам како е можно да бидеш горд и да припаднуваш во несвест кога некој ќе почне да плука по македонската химна,грб и историја. И едниствено ке разберам дека и нив не им е лесно,на испраните мозоци... Пакувај коферите,при прва прилика. Пакувај,бегај и не гледај назад.
Среќа е кога во најтешките моменти во твојот живот ,тука за тебе биле многу луѓе и сеуште се и на секаков начин ти го разубавуваат секој ден и те прават среќен да си и колку толку да заборавиш на тагата голема. Секако фамилијата и роднините секогаш биле и ќе се, но тука зборам сега за друштвото, другарките, кои исто така се вистинско богатство, а јас многу богата што ги имам сите нив. Многу сум им благодарна! Посакувам секој да е богат волку!
@referentka колку има такви, во последниве неколку години се намножиа вакви селанки ...а да ти кажам, не пазарат тие во Веро. Имам неколку такви сретнато со празни кошнички како се шеткаат во Веро, а за инает една ја прашав што е баш таква кокошка ''Шо вака празна кошничкава'' ? А таа дека фатена во небрано, ми вели "па жешко е надвор и овде така се разладувам" ! ха... толку од сељачкиот снобизам !!
По мое скромно мислење, Фејсбук профил е личен профил на една личност и има право да си објавува она коешто го исполнува. Барем според мене. Ама има и златно „Отследи“. Не мора баш сите вести да ги гледаме од таа личност штом веќе толку нè иритира нејзиниот начин. Ако и покрај опцијата да отследиме некого и ем уште да нѝ е во пријатели, ем да не се нервираме, пак оставаме сите објави нејзини да нѝ се појавуваат на насловната, тогаш веќе праиме муабет за сопствената љубопитност и потреба од мрчење со којашто треба да се справиме. Пред некоја година праев муабет со една личност којашто ми кажуваше за другарка ѝ, па колку пати се чекирала некаде, па колку пати постирала тоа што јаде, па што слуша, па што гледа и како се чувствува... Јас си помислив: не знам што е посимптоматично, постирањето на едниот или пак прецизново евидентирање на другиот...
колку има расипани луѓе неможам да си поверувам...од дното на душата се такви,љубоморни,проклети,шират разни невистини за друѓи.....да не се лежи ни ден в затвор одма убивам сега некој 5-6( шизофреничари си ги викам на галенко) а и мн ми е досадно нека пиши некој-а
Летни попладниња. Боси нозе на влажна трева. Се истегнувам и му посакувам лека ноќ на сонцето. Слобода. Ете тоа чувствувам во градиве. Ова лето е поинакво... ова лето ќе се случат големи работи и не го претпоставувам, туку овој пат знам и гледам, се е со најава, се е очигледно. Свој дом, свој човек, свои луѓе, своја иднина, своја неизвесност. Работно во Охрид. Мислев ќе сум преморена, ама различен воздух, различен човек си. Во искушение паднавме неоправдано да си останеме да си истераме работа во природа на една недела. Женска енергија... Се ежам од промени, се плашам, ама и ги сакам, одам директно кон нив. Научив како да си го следам внатрешното чувство и појасно да гледам што јас сакам, а не што другите очекуваат. Во моментов... сакам само да се држам понастрана од некои работи и да ја уживам слободата која ја добивам од самата себе. Немам очекувања од ништо и никого, едноставно се се случува... и сум среќна. Го пуштам и стравот, впрочем го удавив во моментот кога ме обвинија за нешто што не сум го направила. И да, викав, треснав врата, некогаш и така се бидува возрасен. Успешен втор квартал... финиширам... над очекуваното и бавча во душава, бавча со лаванди и ситен босилек.
"A dog is the only thing on earth that loves you more than he loves himself." Ве молам потпишете ја оваа петиција за да се спречи неморалниот Јулин „фестивал“ во Кина што опфаќа јадење на кучешко месо и при кој е убиваат масовен број на кучиња. Жално и страшно. https://www.change.org/p/president-...china-stop-the-yulin-dog-meat-eating-festival
Се додека не видам сликано згодна девојка на базент кај шо се брцка, и џуптин во позадина кај шо се капи не признавам дека лето дошло...
СДК...дека го мразам летото што убаво ми беше на сред зима кога си се шетав по кратки ракави луѓето ме гледаа како будала ама мене ми беше убаво Сега дојде сезона кога туширањето 3 пати на ден се заменува со туширање 10 пати на ден..... Пред спиење-туш, после спиење-туш, пред секс-туш, после секс-туш, пред излегување од дома, после враќање дома, после готвење, после чистење, и уште некој пат ради реда с'клет ако те фати ....мислам дека уште малку ќе почнам да спијам во кадата и знам дека и сега ме гледаат луѓево како будала ама тоа е што е