и двете работи и те како се од ѓаволот и одат заедно ,секако дека побарав прошка од господ за тоа дека бев на бајачка .
Па еве една допирна точка: и двајцата прават чираба-чирибу на водата и те убедуваат дека после тоа таа е волшебна и ти ја продаваат
Хахахахаххаха ! Ако бајач пее кој те урочи к** му в'очи , попот пее сосема трето. Ај да не користам вулгаризми ама кога не се едуцираме како мали на оваа тема џабе е. Попот не продава.
Имаш и поинакви бајачи што не спомнуваат куриња Туку, кажи ми, каква разлика прави на молекулите на водата песната на бајачот и песната на попот? Мислиш водата распознава дали поп пеел над неа или бајач? И каде си се едуцирала ти за ова како мала? Попот ти кажал дека тој е во право а сите други не се?
Сум читала детски библии, свештени лица прашувам. Ми е жал што нема веронаука ама тоа е. Не сум имала вода од бајач да ти одговорам. Имам од Св.Јован крстена, со години стои не се смени , а вода од чешма заборавена во шише има вкус на пластика. За ова можам да ти споредам ете. Од чешма има меурчинња, крстена не.
Порано работев во христијанска книжарница и ги имам разгледано сите детски Библии. Во ниту една од нив немам сретнато да се спомнува за „свети води“, како што не се спомнува ни во оригиналната Библија нормално. Ако имаш таква детска Библија, напрај една фотка од делот каде што се збори за свети води.
Ако прашуваш свештеници за света вода, секако дека ќе добиеш одговор дека светата вода е со натприродни својства. Тоа ти е исто како да ги прашаш и овие од Хабардов центар дали нивните книги се ок или дали нивниот стрес инструмент навистина го мери твојот стрес (после кој ти продаваат книга за да се ослободиш од стресот Значи секој за својот продажен материјал ќе ти каже дека е супер. Тоа е основна аксиома у бизнисот и маркетингот. Иначе различна вода, различни вкусови. Ако е дезинфицирана водата, нема да се „расипе“ во никој случај. А тоа со меурчињата, ај ќе се правам дека не го прочитав
Кој е тој што ти продава света вода ај кажи???? Никаде пари не побарале. Сеа да ти сликам шишиња сакаш? Хахаха оф!
Некаде се продава, некаде не. Некаде ти велат дека шишенцето (мало пластично) се наплаќа 20 денари, а тоа вреди реално 3 денари. Значи пак финта ти прават. Ама и да е целосно бесплатно, повторно тоа е општо позната пракса во бизнисот. и маркетингот. Зар не сте искусиле промотивни пакети, трајл верзии на програми, бесплатни тестери на парфеми, RedBull често делат бесплатни пијалоци итн. Подари рипче, за да фатиш крапче. Еве пред некој ден менував гуми во Олимпико и ми дадоа бесплатно кафе. Зошто? На лепе очи? Не, туку за утре пак да дојдам кај нив да менувам гуми и да им направам промет.
Тропар глас четврти Спаси ги Господи, Твоите луѓе и благослови го Твоето наследство; дарувај му на нашиот Православен народ победи над неприателот и чувај го со Твојот животворен Крст. Кондак глас седми Вратата на рајот повеќе не ја чува пламениот меч, зашто на негово место дојде крсното дрво; осилото на смртта отапе, и победата на адот се протера, зашто Ти си застанал пред него, мој Спасителе, викајќи им на оние во адот: Влезете пак во рајот.
За што финти? Шише од дома земам. На Бигорски и секаде е оставена во сад и не пишува остави пари. Иконите, крстови се продаваат ако сакаш, за да се доправи црквата и за вработени.Богословија е факултет како и сите други, па работат и за пари нели , како уметнициве од љубов што сликале и пееле само... Твоја воља е дали ќе земеш. Не те фатил за гуша никој. Ако е така зошто се крштеваме? Каква е таа вода?
Интересно е дека во светото Евангелие од Јована е опишано дека и во тоа време се крштевала вода. За жал поретко од сега... И место поп ја крштевал ангел. Во она време, во Ерусалим, при Овчата Порта, на еврејски Витезда, имаше бања со пет тремови, во која лежеа мнозина болни, слепи, хроми и сакати. И од време на време ангел Господов слегуваше во водата и ја матеше и кој прв ќе влезеше, по заматувањето на водата, се исцелуваше од каква болест и да боледуваше. Интересно е што Христос, не го скарува раслабениот што толку години лежел во бањата и чекал исцеление од крстена вода, туку само го прашал зошто до сега не се симнал да се исцели... Да беше прозелитот од овој форум друга песна ќе му запееше...