1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Светиот и славен великомаченик Фануриј

Дискусија во 'Религија' започната од Stefaani, 8 септември 2012.

  1. Stefaani

    Stefaani Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    285
    За светиот Фануриј, прекрасeн Господов подвижник и непобедлив маченик, не знаеме од каде доаѓа, ниту кои му биле родители, ни пак знаеме во кое време живеел, а не може ни точно да се определи во време на кој владетел пострадал. Неговото житие се изгубило.

    Kога Агарјаните го освоиле познатиот остров Родос, заземајќи го поради нашите гревови, новиот владетел на островот посакал да ги обнови бедемите на градот, кои биле разурнати од претходните опсади. Во близина на тврдината постоеле неколку руинирани живеалишта, кои биле напуштени, бидејќи биле блиску до старата тврдина. Агарјаните собирале камења од руините за сопствените градби.

    Додека го ископувале и зајакнувале местото, откриле една прекрасна црква, која била делумно затрупана во урнатините. Копајќи до подот на храмот, наишле на многу свети икони, сите распаднати и истрошени, но иконата на свети Фануриј била целосна и неоштетена; и уште повеќе, изгледала како да е зографисана многу скоро. И кога овој сечесен храм бил откриен, заедно со овие свети икони, архијерејот на тоа место, Нил, човек свет и учен, дошол и го прочитал натписот на иконата, кој гласел, ,,Свети Фануриј’’.


    Дали вие знаете за овој празник?
    Кај нас се меси погача од непарен број на состојки, не украсува без додавање на бои и се пее в црква за здравје. Се дава од погачата на најблиските.
     
    На kuc, boomsleng, Bitter-Sweet и 4 други им се допаѓа ова.
  2. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.557
    рецепт баш за овој празник

    Фануропита

    1 чаша шеќер
    1 чаша растително масло
    2 чаши сок од портокал
    3/4 чаша суво грозје
    3/4 чаша сецкани ореви
    1 лажичка сода бикарбона
    1 лажичка ванила
    4 чаши брашно
    Малку сол

    Измешајте ги шеќерот и маслото додека да се згустат. Растворете ја содата во сокот од портокал и истурете ја полека во шеќерната мешавина. Додадете ги другите состојки и истурете во намрсен плех. Печете на 180ºC околу 45 минути. Исечете на коцки, откако ќе биде благословено од свештеникот.


    еве и линк каде е повеке објаснето за празникот
    http://megica.wordpress.com/2008/12/06/ ... %B8%D1%98/



    Еве уште еден рецепт
    http://sezahrana.tumblr.com/post/60740903416/fanurija-kolacot-so-9-sostojki-i-prikaznata-za-nego



    Посна слатка погача Фанурија

    Состојки
    300 мл вода
    4 лажици кафен шеќер
    1 ванила
    1 коцка квасец
    80 мл масло
    1-2 лажици крстена вода со темјан
    600-700 гр брашно
    150 гр мармалад
    1 кора од непрскан лимон


    Во млаката вода се става квасецот со шеќерот и малку брашно да се активира.
    Се додаваат сите останати состојки (освен мармаладот) и се замесува тесто понамеко.
    Се остава да кисни 15 минути.
    Се дели на 3 дела-2 исти и еден помал за декорација.
    Од едниот дел се сучи кора се премачкува со пекмез и се витка ролат.
    Се сече на триаголници и се редат на краевите на округла тава на Делимано.
    Во средината се става другиот дел, врз него се става плетенка од тесто, се прават декорации по желба и се остава да кисни 15 минути.
    Се печи 30 мин на 180 степени.

    Прочитај повеќе: https://moirecepti.mk/post/посна-слатка-погача-фанурија
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  3. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.557
    Светиот и славен великомаченик Фануриј
    [​IMG]

    За светиот Фануриј, прекрасeн Господов подвижник и непобедлив маченик, не знаеме од каде доаѓа, ниту кои му биле родители, ни пак знаеме во кое време живеел, а не може ни точно да се определи во време на кој владетел пострадал. Неговото житие се изгубило.

    Она единствено што го знаеме е тоа, дека кога Агарјаните го освоиле познатиот остров Родос, заземајќи го поради нашите гревови, новиот владетел на островот посакал да ги обнови бедемите на градот, кои биле разурнати од претходните опсади. Во близина на тврдината постоеле неколку руинирани живеалишта, кои биле напуштени, бидејќи биле блиску до старата тврдина. Агарјаните собирале камења од руините за сопствените градби.

    И така се случило. Додека го ископувале и зајакнувале местото, откриле една прекрасна црква, која била делумно затрупана во урнатините. Копајќи до подот на храмот, наишле на многу свети икони, сите распаднати и истрошени, но иконата на свети Фануриј била целосна и неоштетена; и уште повеќе, изгледала како да е зографисана многу скоро. И кога овој сечесен храм бил откриен, заедно со овие свети икони, архијерејот на тоа место, Нил, човек свет и учен, дошол и го прочитал натписот на иконата, кој гласел, ,,Свети Фануриј’’.


    Светецот на иконата е насликан на следниов начин: Претставен е како млад човек, облечен како војник, држејќи во десната рака крст, а на горниот дел од крстот има запалена свеќа. Околу, на иконата, има 12 сцени од мачеништвото на светиот, кои го прикажуваат светецот испрашуван пред владетелот, потоа во средина на мноштво војници, кои го удирале со камења по устата и по главата, потоа растегнат на земјата додека војниците го камшикувале, потоа слечен гол, додека мачителите му го расцепуваат телото со железни куки; следува сцената каде е затворен и повторно застанат пред владетелот, па горен со свеќи, врзан за справа за мачење, фрлен помеѓу диви ѕверови, притиснат од голема карпа, застанат пред идоли држејќи в раце зажарен јаглен, додека еден демон во близината плаче и жали, и на крај свети Фануриј е претставен како стои исправен насреде пламени јазици, а неговите раце, се кренати кон небото.

    Од 12-те сцени прикажани на иконата, светиот владика сфатил дека светителот бил маченик. Потоа, веднаш испратил барање до локалните владетели, барајќи од нив да му дозволат да го возобнови разрушениот храм, но тие го одбиле барањето.

    Поради тоа, владиката сам отпаувал во Константинопол и таму добил одлука, која му овозможила да ја обнови црквата. Откако ја обновил, таа се наоѓа во истата состојба и денес, надвор од градот. Оттогаш црквата станала извор на многу чуда, од кои овде ќе опишеме едно за корист на многумина, кои го сакаат и ценат овој светител.

    Во времето кога островот Крит немал православен епископ, ами римски, папски бискуп, бидејќи бил под венецијанска власт, истите Венецијански власти одбиле да им дозволат на православните да хиротонисаат епископ по смртта на старите епископи. Тоа го направиле со зла намера, мислејќи со тек на времето да ги претворат православните во паписти. Ако православците сакале да ја избегнат оваа одлука, морале да одат во Цитера.

    Се случило еднаш тројца ѓакони од Крит, кои патувале кон Цитера да бидат ракоположени за свештеници од тамошниот архијереј, Откако биле ракоположени, и се враќале кон сопствената земја, Агарјаните ги заробиле на море и ги однесле на Родос, каде што биле продадени како робови на други Агарјани. Новите свештеници деноноќно ја оплакувале својата несреќа.

    Но, на Родос свештениците дознале за големите чуда направени од великомаченикот Фануриј и веднаш почнале срдечно да му се молат на светителот, преколнувајќи го со солзи да ги ослободи од жестокото ропство. А, секој се молел посебно, без да знае што прават другите, бидејќи тие биле продадени на различни господари.

    По Божјата промисла, сите тројца добиле дозвола од сопствениците да појдат во храмот на светецот, Водени од Господа, сите тројца истовремено пристигнале и паднале пред иконата на светецот, навлажнувајќи ја земјата со поток солзи, молејќи го свети Фануриј да ги избави од рацете на Агарјаните.

    Потоа се разделиле, малку посмирени, секој кај својот господар, надевајќи се дека ќе добијат милост. Така и се случило; бидејќи светиот се сожалил над нивните солзи и ги услишал нивните молитви. Таа ноќ, свети Фануриј им се јавил на Агарјаните, кои биле господари на заробените свештеници и им наредил да им дозволат на Божјите слуги да одат и да му служат во неговиот храм, ако не сакаат на ужасен начин да бидат уништени. Но, Агарјаните, мислејќи дека е тоа некое волшепство направено од свештениците, ги оковале во вериги и ги направиле нивните страдања уште понеподносливи.

    Великомаченикот Фануриј потоа отишол кај свештениците, ги ослободил од оковите и ги охрабрил, велејќи им дека наредниот ден, на некаков начин, ќе ги ослободи. Потоа се појавил пред Агарјаните и строго укорувајќи ги, рекол: ,,Ако утре не ги пуштите вашите слуги на слобода, ќе ја дознаете силата Господова’’ – велејќи го тоа, светецот исчезнал. И, ете чудо! Во истиот момент од најмалите до најстарите кои живееле во тие куќи – ослепеле и се парализирале, измачувани од најужасни болки.

    Но, иако приковани в кревет, со помош на нивните роднини тие размислувале што да прават и на крајот решиле да ги повикаат заробените свештеници. И кога пристигнале тројцата несреќни свештеници, побарале од нив да ги излекуваат ако можат, а свештениците одговориле: ,,Ние ќе го молиме Господа. Нека биде Неговата волја.’’

    Но светецот, третата вечер, повторно им се јавил на Агарјаните и им рекол: ,,Ако не пратите во мојот дом писма за ослободување од ропство на свештениците, вие не ќе имате ниту здравје, ниту светлина, кои ги барате.’’ Тогаш тие повторно се посоветувале со своите роднини и пријатели, секој господар посебно составил писмо за ослободување на својот роб и истите тие писма биле однесени пред иконата на светителот. И чудо!

    Дури и пред да се вратат оние што биле испратени во храмот, слепите и парализираните, оздравеле; и восхитувајќи се, ги ослободиле свештениците и пријателски ги испратиле во нивната татковина. Свештениците откако направиле копија од иконата на свети Фануриј, се вратиле дома. Потоа секоја година, побожно го славеле споменот на светителот. По молитвите на светиот маченик Фануриј, Господ Исус Христос да се смилува на нас!

    (Извор: Orthodox Life., Holy Trinity Monastery, Jordanville, New York., No.4.1982., pp. 11-12 & 20)

    Тропар, глас 4

    Небесна песна од пофалби се пее на Земјата, ангелските сили го слават земниот празник со радост од висините со химни ги фалат твојата борба и страдање, а долу црквата ја возгласува небесната слава што ја најде со твоите страдања и маки, о славен Фанурие.

    Кондак,глас 3

    Од безбожно заточение ги избави Господовите свештеници, и ти Богоумен, со божествена сила ги скина нивните окови, храбро ја посрами дрскоста на мачителите, радувајќи ги ангелите, великомаченику, Фануриe сеславен, те почитуваме како вистински воин Божји

    Кај побожните православци постои обичај, ако изгубат нешто, месат кравајче (по грч. Фануриопита). Свети Фануриј, заштитникот на изгубените работи, им помага на луѓето да пронајдат; од парчиња накит до здравје и радост. ,,Фануриј’’ доаѓа од грчкиот збор ‘’фанероно’’ (открив). Кога се бара помош од свети Фануриј, кравајчето се меси за прошка на гревовите на неговата мајка, која според преданието од Мисир (Египет), била грешница. Кравајчето се носи в црква за да се освети. По осветувањето на кравајчето, истото се раздава ,,за душа’’ за мајката на светецот, кој според преданието им ветува застапништво на луѓето, молејќи ги и тие да се молат за неговата мајка, исто онака како што и тој се молел при неговите страданија.

    Со светиите упокој ја Господи мајката на свети Фануриј, а нас спаси и помилуј нè по неговите свети молитви! Амин!

    Фануропита

    1 чаша шеќер
    1 чаша растително масло
    2 чаши сок од портокал
    3/4 чаша суво грозје
    3/4 чаша сецкани ореви
    1 лажичка сода бикарбона
    1 лажичка ванила
    4 чаши брашно
    Малку сол

    Измешајте ги шеќерот и маслото додека да се згустат. Растворете ја содата во сокот од портокал и истурете ја полека во шеќерната мешавина. Додадете ги другите состојки и истурете во намрсен плех. Печете на 180ºC околу 45 минути. Исечете на коцки, откако ќе биде благословено од свештеникот.
     
    На kuc, boomsleng и Orthophill им се допаѓа ова.
  4. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.781
    Допаѓања:
    4.395
    Пол:
    Машки
    На помош и за многу години да ни е овој светец.
    Бог да ја прости неговата мајка, а тој да се моли за сите нас! Да ги принесува нашите молитви пред Најсветата, Единосуштна и Неразделна Троица!
     
    На kuc, boomsleng и SeaMermaid им се допаѓа ова.