1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Селективност и различен третман помеѓу луѓето

Дискусија во 'Психологија' започната од simonka93, 8 јули 2018.

  1. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.243
    Допаѓања:
    72.621
    Не знам дали насловот е соодветен, и дали е во соодветна категорија, ако не е давајте идеи или преместувајте/ бришете

    Под селективност и различен третман помеѓу луѓето мислам на нашето однесување кон различни луѓе

    За да размислувам на темата ме натераа повеќе случки
    На пример,
    Случајот со исчезнатата професорка. Се ангажира огромна маса на луѓе во потрагата, што во секој случај е добро, но секојдневно исчезнуваат луѓе, и скоро никој друг, освен најблиските, не ги бара

    Или пак еве, кога почина Тоше, три дена само негова музика се вртеше по телевизија, додека за Влатко не посветија ни еден час

    Зошто постои толкава поделба, кога на крај сите сме исти луѓе од крв и месо?
     
    На Mrs. Lovett, hermosa, M&M и 13 други им се допаѓа ова.
  2. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.537
    Допаѓања:
    155.436
    Пол:
    Женски
    Уште моментот кога постојат луѓе кои се познати на поголема маса, кога се во неволја има повеќе луѓе кои сакаат да помогнат со знаење, ресурси, пари.

    За случајот со Тоше и Влатко сега. Некој би рекол дека Тоше имаше повеќе фанови, беше повеќе популарен, можеби и самите луѓе на тв биле фанови. Влатко веројатно имаше помалку.

    Како и да е, горните пасуси не значи дека ги оправдувам, туку напротив, мислам како тебе. Секој човек заслужува еднаков третман, ама мислам дека горните пасуси се само слика зошто не постои тој еднаков третман.

    Како ова би се сменило - не знам. Секогаш кога некој човек го знаат повеќе луѓе, повеќе ќе се пријавува, ќе се ургира, ќе се врши притисок, ќе се собираат средства. Дали е тоа зошто таа личност е сакана, влијателна, или пак поради тоа што е широко позната, па информацијата се шири побрзо - не знам.
     
    На Milobebence, Lolo5, La.loca и 3 други им се допаѓа ова.
  3. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.243
    Допаѓања:
    72.621
    ^За да не ми е преголем воведот не ги наведов сите размислувања

    На пример
    Секогаш се смета за попаметен оној што завршил/студира потежок факултет
    Или пак често во околинава слушам дека доколку некој не завршил факултет е неписмен или глупав, што во никој случај не е точно

    Муабетот ми е дека обично луѓето се понаклонети кон побогатите или пообразованите

    Инаку се согласувам, но делумно со тебе, бидејќи сметам дека барем денес со социјалниве мрежи може за сите подеднакво да се крене народот
     
    На M&M, Lolo5, Starlič и 5 други им се допаѓа ова.
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.537
    Допаѓања:
    155.436
    Пол:
    Женски
    Да, ги слушам истите муабети, познато ми е. :ѕ

    Мое мислење е дека луѓето порано откриле одредени карактеристики кои ги сметаат како доминантни. Тука би биле студирање потежок факултет, знаење математика. Остатокот го сметаат за не толку важен и затоа гравитираат кон тоа што го сметаат за подобро, и на тој начин тоа нешто станува поприфатено од околината.

    Инаку да, социјалните мрежи ни помагаат да се конектираме. Чист пример се гласините за донации кои се шират по форуми, сајтови за новости и социјални мрежи. Ама, доколку некој познат ги сподели многу повеќе луѓе ќе видат. Доколку некој познат е во неволја, во помалку време, повеќе луѓе ќе видат. За разлика од тоа, просечен човек ќе треба да вложи повеќе труд за да биди забележан.
     
    На КикиМаус, KateKane, La.loca и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.055
    Допаѓања:
    76.056
    Пол:
    Женски
    Тоа со дипломите и степенот на образование се предрасуди. И ги има многу.
    Луѓе донесуваат заклучоци за други луѓе дури гледајќи го нивниот физички изглед. Во бутици и некои продавници, различен третман добиваат потрошувачи кои имаат поскапа и поубава облека на себе и кои се дотерани, или кои изгледаат како да се елита.
    Некои, религиозните луѓе ги сметаат за прости, сметаат дека не мислат со своја глава, туку се водат од напишана книга и слепо веруваат на свештените лица.
    Некои носат заклучоци врз основа на тоа кој каква музика слуша. Ако некој слуша турбофолк, сељак е, ако слуша рок, фаца е.
    Многу нефер и безврска поделби. Секој човек е приказна самиот за себе. И притоа, се додека некој човек не го познаваме, глупаво е да даваме (недолични) коментари за него.
    Ако некој има некакви проблеми во животот, ако има пороци, не треба да бегаме од таквите или да ги тераме блиските да бегаат од нив стравувајќи дека тие ќе донесат штета. Нив им треба разбирање и подадена рака.
    Во овој свет нема правда. Кој заслужува најмногу, добива најмалку. Колку е некој подобар, толку со него се полоши. Во глобала. Огромна почит за оние што знаат да ценат карактери и души и за кои сите вредат подеднакво.
    Во мојот живот, јас сакам да помагам на сите и сите да ги третирам убаво, без разлика кој што направил за мене, но секогаш имајќи на ум кој кога и колку бил покрај мене и колку се посветил на мене. За нив, не треба никогаш да постојат изговори. Сепак, постојат приоритети. Ако мене некој ме ставил на прво место, логично е и јас него да го ставам на прво место во мојот живот. Тоа, сепак, не значи дека некој друг треба да третирам лошо.
     
    На Таа Сум, КикиМаус, La.loca и 4 други им се допаѓа ова.
  6. mazikeen

    mazikeen Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2018
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    1.423
    Пол:
    Женски
    Јас лично на почеток се однесувам со сите луѓе исто, не мислам лошо никому, не сум лош човек во душа. Но ако гледам дека некој мајтап си игра со мене, епа другар, толку беше од добрињето. Што значи понатамошниот третман зависи од другата личност. Не од тоа на која вера припаѓа, што марка носи на себе, туку од неговиот карактер, однесувањето спрема мене. Нормално се зема во предвид периодот низ кој поминува, можеби некој тукушто доживеал некое трауматично искуство, па нема да очекувам да се смее и да танцува наоколу. Ама вака генерално, ако си добар со мене, добра ќе сум и јас со тебе. Што јас сметам дека е сосема фер и коректно. Но покрај нашиот однос, мене ми е битно другава личност да биде добра и со други, да не им мисли лошо. На пример седиме во некој кафич/ресторан и спрема мене се однесува добро; а келнерот го понижува или мајтап си игра со него. Тоа за мене не е добар човек. И така нема да ме придобие, со правење смешки на туѓа сметка, туку напротив. Не те прави фраер тоа што ќе се “испонашаш“ на некој друг што воопшто не заслужил, тоа покажува колку си плиток.

    Многу предрасуди и стереотипи имаме, конкретно во нашево општество. Ако си Албанец под дифолт си никаквец, ако си Ром под дифолт си неписмен, ако си богат материјално под дифолт си 'битен' И тоа под дифолт значи различен третман кон тебе. Ај што тоа го има меѓу народов, ама го има и во здравствово, образовниот систем, во администрација, абе буквално во секоја сфера. Ако си некој и нешто, ќе бидеш веднаш услужен; а ако не си, мавај си ја главата од ѕид и џабе ќе е.
    Тоа воопшто не е во ред. Значи не може да третираш некого поразлично, само затоа што тој е поразличен на прв поглед. Многу е поважно внатре што сорта на човек е. Ама ај, со инка ли во глава да им се стави на луѓево..

    А за тоа со Влатко и Тоше.. Се согласувам што сте кажале. Еве настрана споредбата со Тоше, како музичар Влатко можеби ја немаше истата слава како Тоше, ама тоа не значи дека беше лош во тоа што го правеше. Срамота е што ни 3 песни не свртеа на радио од него, сепак станува збор за оддавање почит, без разлика колку мала, скромна..
     
    На КикиМаус, KateKane, La.loca и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.259
    Пол:
    Машки
    Не ми е важно дали некој е црн, бел или жолта раса.
    Не ми е битно дали е машко или жеско.
    Не ми битно дали е стрејт, хомо, би или не знам што.
    Не ми е битно дали има факултет, средно или основно образование.
    Не ми е битно дали е богат или сиромав. Овие изрази ги користам за карактерни особини на луѓето.
    Битно ми е да се согласувам со луѓето, да си помагаме едни на други кога ни е најтешко, да сме тука за радост и тага. Каков карактер, душа и срце има - ова ми е најбитно Сето останато што го набројав не ми е важно.
     
    На hermosa, КикиМаус, mazikeen и 8 други им се допаѓа ова.
  8. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.467
    Допаѓања:
    17.419
    Пол:
    Женски
    Отсекогаш селекцијата е клучот. Секоја единка е различна, според тоа и секој според заслуженото.
    Не зборувам за Тоше и Влатко, туку општо.

    Но селекција и дискриминација се различни поими.
     
    На poenta, eliesaab, КикиМаус и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.088
    Допаѓања:
    163.456
    Пол:
    Женски
    Ова мислам дека е доста клучна поента.
    Да за селекција, не за дискриминација. Невозможно е сите да ни се сосема исти и на сите ни треба некаков филтер и проценка, а правилниот начин за тоа по мене е според однесувањето и квалитетите на луѓето - наспроти поделбите според финансиска состојба, општествен статус, потекло, националност, вера, боја на кожа, сексуалност и сл.
    Тука секако мислам општо за секојдневно однесување, бирање пријатели на пример и чувство на почит - а не за вреднување на човечкиот живот и жалење по загубен живот или правото на сите на основни услуги и услови, за тоа нема место за дискусија.
     
    На КикиМаус, Briar Rose, mazikeen и 4 други им се допаѓа ова.
  10. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.167
    Допаѓања:
    57.410
    Пол:
    Женски
    Јас кога сум на работа секој муштерија го гледам апсолутно исто, односно целам кон тоа секој човек да има иста тежина кај мене. Ич не ми е битно дали носи брендирана облека, дали има скап часовник или пак располага со поскромни финансии. Кога давам услуга, гледам да ја дадам на сите подеднакво.

    А во приватен живот си правам како што веќе напоменавте селекција, снобови, префригани, игнорантни, клети луѓе гледам да одбегнувам. Сите си имаме луѓе кои ни се поблиску до срце, еве еден најбанален пример, од сите селебритис што починаа, за никого не сум се натажила премногу, освен за Кери Фишер, ама тоа дека Леа ми е ултимејт фејворит. Не ни може секој човек исто да го гледаш.

    Е сега генералната популација ни е моментално водена од интернет трендови, твитер досетки и најбитно од се - медиуми. Една најобична паралела е дека кога се бомбардираат места како Газа, Ирак, Сирија на никого не му е гајле, ама кога беа терористичките напади во Бостон, Париз, Ница сите беа потресени. Тоа како тренд веќе стана, нажалост десетици души многу повеќе се оплакуваат отколку илјадници. Не дека за првиве не е прежално, ама подеднакво жално е и за вторите.

    Тргнете од тоа колку само модерниот феминизам не е за сите жени ист, постојат жени на кои уште клиторисот им го сечат за да не можат оргазам да доживеат, постојат уште места каде локалните "свети" лица држат предавања како треба да се тепаат жените (имаше вакво клипче на времето), како жените се продаваат во замена за злато и пари и многу други примери. Не дека се лоши кампањите што се водат, #metoo беше преубава замисла, ама освен Европската и Америчката жена, исто така битни се и жените на Среден Исток.

    Затоа и јас се трудам повеќе да се информирам за овие работи, затоа што едно е како ни се прикажани работите низ призмата на новинарството, CNN, твитер и некои други медиуми, а реалноста е друга.

    Пак да се навратам на оргиналниот муабет, селекција на професионален план тежнеам да не правам никако, селекција во приватен живот е неопходна работа.
     
    На MarigoldA, theowndemon, Dalia93 и 5 други им се допаѓа ова.
  11. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.243
    Допаѓања:
    72.621
    Повеќе на ова мислев кога ја отворив темава, инаку и јас исто сметам дека приватно треба да има селекција
     
    На Val-Dim му/ѝ се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Затоа што сите имаме предрасуди, затоа ги делиме луѓето според некои основни параметри.

    Што се однесува до примерите во првиот пост, во прашање е медиумска покриеност. Едно е што влијае популарноста на одредена личност, пред смртта или несреќата, друго е за што се заинтересирани медиумите да покриваат.

    САД е многу добар пример за тоа, зашто имаат многу вакви случаи. Се преферираат бели жени од средна класа, посебно млади и физички убави... предрасуди кои медиумите ги форсираат, а народот ги сака оти и самиот ги има.
     
    На simonka93 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Кај мене различниот третман кон луѓето постоои откако ќе ги запознаам. Пред да запознаам некого го третирам онака како обичен човек и се држам на дистанца. По запознавањето одлучувам дали ќе јаде клоца или ќе стои блиску до мене.
     
    На MarigoldA, simonka93 и WildMk им се допаѓа ова.
  14. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    9.998
    Пол:
    Женски

    Баш за тука е видеово. Инаку глуми само тој што му се лоши. Луѓево реагираат баш онака како што е прикажано.
    Имаме предрасуди од кои, нормално секој се оградува, а веќе во наредна минута ќе ви го докаже спротивното.
    Колективна свест еве вака функционира, не менува ништо тоа дали јас и Трајко немаме предрасуди.
     
    На simonka93 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.777
    Пол:
    Машки
    Се е до Статусот.
     
    На hermosa и simonka93 им се допаѓа ова.
  16. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    13.710
    Допаѓања:
    42.930
    Пол:
    Женски
    Јас имам селективен однос кон различни луѓе.
    Пример кон најблиските имам еден однос, начин на разговор, работи кои им ги кажувам итн..
    За такви некои работи да селектирам луѓе.Ама да треба да помогнам некому или да е ,,нож до коска” фала Богу дека тогаш не селектирам.
     
  17. ray-man

    ray-man Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2012
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    390
    Пол:
    Машки
    До запознавање претпазливо, потоа уште по претпазливо.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Да бидеме реални во нашата земја односот кон човекот 90% од луѓето го темелат на тоа што можат да добијат од него. И најголем олош да си ако некој има корист од тебе ќе те толерира и ќе се однесува како кон бог. Најдобра да си, ако немаш што да понудиш за возврат (а често се бара многу повеќе, рецимо цел живот да си должна) џабе ти е, ќе се понашаат како идиоти. Гледам погоре имате пишувано и правено споредба за Тоше и за Влатко. Несомнено е кој имаше поголеми фанови и може да се каже поголема кариера (иако по мене коа се дава почит тоа не би ми било битно), но сметам тука дека пак се гледа на тоа од кој може повеќе да се искористи, во стилот на тоа дека во име на Тоше се полнат концертни сали и сеуште се издаваат песни и се вадат пари од тоа. (што тоа е навистина за поздрав, но каде е Есма ако се цени кариерата и фановите, нели се сметаше за кралица? Пак доаѓа користа до израз според мене, па по тоа и третманот кон истите) Уште од 500 и некоја година постојат записи за тоа како повеќе биле ценети луѓето кои што потекнуваат од богати и угледни семејства и како биле праќани во училишта за кои биле доста подпросечни, додека некој друг и те како го заслужувал тоа место, но не го добивал. Колку и да се верува дека човештвото иде напред јас повеќе сметам дека колку оди технологијата напред историјата се враќа и се повторува. Секогаш ќе постојат тие разлики и предрасуди, а што се однесува до образованието сите сме сведоци дека ако си од „позната фамилија“, се ти е простено и со факултет и без факултет ќе бидеш најпочитуваната и најобразованата личност. :D
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.