Фала ти многу за утешните зборови Се надевам и јас ќе издржеме, барем 36 недела да дојде Мене ми рекоа да се движам 1 час во денот, ама јас од страв одам до тоалет и назад, само за на преглед излегувам од дома
Во секој случај, кога се случува нешто вакво сите внимаваме кому би му верувале и не би оделе кај кој и да се падне на смена. Можда би било исто, ама страв, претпазливост... мене искрено не ми падна на памет во Охрид да го ставам. А ако сакав тука, секако ќе се распрашав кај кого.
Ама тоа се подразбира дека правиш кај доктор на кој му веруваш ако имаш избор секако. Јас кажав од што зависи дали можеш да се движиш или ќе си на мирување ставена.
Здраво на сите. Бремена сум 27 неделла. Пред 10 дена правев серклаж,скратено грло на матка и отворена еден прст. Овие 10 дена од кревет не сум станата само до wc. Ме интересира дали вие станувавте по малку по дома, дали седевте по малку јас и во кревет јадам
Девојки кои сте поминале низ ова дали може да ми кажете како сте лежеле? Јас сум хоспитализирана, 15та недела, отворена 2цм и воденикот се гледал.. Лежам со креветот поставен како што ми го наместија ама ме боли и грбот и главата бидејќи ми е надолу во однос на другиот дел од телото.. На секое станување до вц имам темно крвав лигав исцедок, примам тројна антибиотска терапија. Уринокултура чиста, од брисеви позитивен само на кандида... Чекаме да видиме да се смири и повлече за серклаж.. Има ли некој со слично искуство а да завршило се супер на крај?
Исто и јас сум 27 недела, серклаж правев пред 3 и пол недели. Јас веќе 6 недели постојано лежам, ставам до тоалет и до кујна по вода, кафе, кога сум сама дома. Исто веќе повеќе од месец дена во кревет јадам. Ептен сме исто и со недели и со лежење Со лесно
Само лежи шо повеќе, јас сум веќе еден месец на болница со иста ситуација како твојата. Само шо мене не ми направија серклаж, зошто ја почнувам 28мата недела. Имаш време ти, засега лежи и све ќе биде ок
Дај Боже да биде се во ред..лежам, станувам само за до вц, јадам лежејќи на страна, ништо не ми кажуваат на визита, само терапиите набрзина и толку. Крварењето ми се намали или го нема некогаш што го имав само кога одев во вц, болки немам освен во грбот. Само се молам да биде се добро. Дај Боже и кај тебе да биде се добро до крај
Здраво девојки. Ставен ми е серклаж пред месец дена, имам пишано погоре. На првата контрола докторот ми го измери грлото 2.8мм а сега на втората во петокот ми беше 3.5.Докторот ми дозволи движење низ дома ама јас од страв уште лежам. Моментално сум 30 гн. Дали некоја си функционирала барем малку по дома
Zdravo vo 10 nedela mi e otvoreno grloto na matkata , momentalno sum vo miruvanje i imam pregled za nekoj den , spomnato mi e za potreba od serklaz, dali nekoja bila vo slicna pozicija i iskustva za serklaz
Здраво и мене почна од 10та недела да ми се крати грлото и имав фанелинг исто редовно одев на контроли боцкав прогестерон депо на 2 дена плус утрогестан пиев и во 17та недела ептен ми се скрати 20 мм .. Под итно ме земаа на серклаж поради индуцирано породување ми го отстранија во 37ма недела иначе си држеше.
Не се останува, амбулантска е процедурата. Под целосна анестезија си кратко, потоа тече инфузија колку што се сеќавам, и за неколку часа можеш да си одиш дома.
Утре ќе одам на консултација, но ми рече да појдам гладна и жедна, па не знам што да очекувам. За јадење не ми е проблем, но не знам вечерва дали може да се напијам уште малку вода.
Aко решите утре да правите серклаж, треба да си гладна и жедна поради анестезијата. Вода напиј се сега сосем малку и доста е. Кај кој доктор ќе правиш? Во секој случај си ја знаат работата, и не е страшна процедурата.