Spoiler Џемал умре. А листот со уцени го испрати Умај за да ја присили сестра и да остане покрај неа за да не биде со Јилдирим, ама набрзо Умран ќе го сфати тоа и после таа ќе почне да ја уценува Умај.
Spoiler Бидејќи серијата имаше слаба гледаност, во една епизода го измешаа крајот и се беше нејасно...по мое мислам дека Хајат никогаш не дозна дека мајка и е Умај. Покажаа малку како дознава дека докторот и е татко, се гушнаа, и после поминува време, докторот и Умран се во брак а Хајат него го вика тато, и на ручек доаѓаат Умај и Хајал и така завршува серијата, не спомнаа дали Хајат дозна која и е мајка, ама според мене не дозна, јас мислам дека само за татко и дозна, така сфатив.
Серијава на Сител ја следам и ми изгледа со брзо темпо, се ми се чини брзо ќе заврши? Да не сум грешка, можеби?
Spoiler Решат ќе се обиде да ја отруе Умај бидејќи таа ќе му земе се, тој ќе банкротира и ќе оди во затвор, за да излезе од затвор ќе му помогне еден нов лик што ќе се појави, после Решат ќе си го поврати имотот и угледот, и ќе се разведат со Умај.
@Rama Spoiler Хајат знае дека Јилдирим ја изневерил Умран со Умај,а не обратно ко што мислеше прво ради лагата на Умај.Ради тоа,нa крајот кога разбра кој ѝ е татко,веројатно ѝ станало јасно која ѝ е мајка .
Spoiler Поглуп крај на серија нема. Ништо не се исподешава. Не дадоа ни како реагира Хајат кога дознава ни ништо.
Безвезе серија, ја не ја ни следев асално. Од почетокот не ми го привлече вниманието. Ништо нема поента у серијава.
Умран жими се многу е глупа што цел живот трпела насилство, и дозволила ќерка и да трпи! Жими се ме нервира многу! Не можам да и најдам оправдување за тоа. Умај ми е со одвратен карактер, манипулант невиден, од една страна ја оправдувам бидејќи некои работи ги прави за да се спаси. Не постои некој да го сака, сите ги навредува и ги понижува. Ама многу ми падна жал за сите трауми кои ги преживеала кај тој одвратниот доктор. Резан злобна старица, ја вреѓа Хајат, ама внука и каква и да е, најсовршена е. Најголем негативец во серијата, заедно со Џемал
А шо мајка барала таа Умај да се плетка со Јилдирим? Само за да ја нервира сестра и, па уште и дете напраила со него, а и тој па идиот, демек ја сакал Умран, а ете шо и напраил. Умај и Решат како го користи, сите ги врти како сака. Сите овие глупаци, само она е најпаметната у серијава. И тој Решат па испадна клошар, да и се одмазди на Умај, легна со слугинката. Многу иритантни ликови се и Хајат и Хајал, сфаќам дека преживеале големи трауми и не се психички стабилни ама претеруваат и они. Ептен глупа содржина, ептен. Не очекував дека до толку ќе е мутава серијата.
Не знам. И мене ми е нејасно тоа, не можам да сфатам зашто он одвратен бил, а као Умај цвеќе за мирисање да е. Не ја следам серијава, само чат пат ја фаќам. Ич не ми е интересна.
@Amelia Spoiler Колку што сфатив,мајката на Јилдирим ја пратила Умај кај некој човек кој вршел нелегални абортуси и тој ја силувал.