Редовни прегледи од жени слушав дека се задоволни ,терај си кај него. Сепак мислам дека го лутев со боледувањата пошто од претходно го знам како фин човек. Ама со однесувањето и некои грешки професионални кои може сепак беа причинети од мене ...
Честитки @kostarika Дупла среќа а Летни бебчиња,дај Боже да се цел живот опуштени и безгрижни,ко летото Уживајте
Честитки Костарика да ви се живи и здрави малечките, среќа да ве прати цел живот, ви посакувам се најдобро!
од кај ова? јас многу лесно станав. ајде само диши и на раце поткревај се и лесно ќе е. не е страшна болка поише пецка него што боли.
Честитки @kostarika . Да се живи и здрави малечките ангелчиња, а ти секогаш да бидеш среќна и горда мама.
Дај боже Ќе го имам на ум ова како и муабетот да станувам после инекцијата за контракции и болка инаќе повеќето искуства се болни за станувањето и баш би сакала да сум исклучок
Честитки мајка. Живи здрави да се. Мене не ми беше страшно станувањето. Претпоставувам утре рано ќе те станат за прв пат. До тогаш колку можеш мрдај во кревет. Врти се лево десно, ама полека, без форсирање. До каде иде, до таму. Мрдај со нозете. Виткај ги колената и сл. Мене овој совет ми го даде една сестра, горе во собата за опоравување. Ми кажа, само што ќе те пушти анестезијата, почни да мрдаш нуз кревет. И многу ми помогна, Господ здравје да и даде. Со лесно.
Само позитивна мисла како до пред пород така и сега. Ти беше екстра верувам лесно ќе станеш. исправи се на раце не стегај стомак пушти нозе долу не се стегај во стомак ич поседи така малце и полека стани. малце ќе имаш чуство ко да те влече надолу ама нормално е тоа. Секој чекор плус е што побрзо заздравување. верувам ќе успееш . Да беше толку страшно ниедна второ немаше да сака.
Честитки, да се живи здрави и големи да растат, а ти побрзо да се опоравиш, и да си одите дома да си се гушкате. Уживај во убавите моменти, ме израдува ептен