Си поминала се што може да се помине за природно породување. Жал ми е. Да ти е жив и здрав малиот, а тебе брзо опоравување.
Честитки!!! Да е живо и здраво,голем да расте. Жал ми е што си се намачила,ама битно се завршило добро. Одмарајте и уживајте во периодот што следи.
Здраво девојки. Не успеав да ви пишам порано, се породив на 3ти Јануари. На 2ри ми пукна водењакот, ме примија веднаш во Ре-медика во 18:30. Се породив спонтано во 12 попладне, после 17 часа. Останавме некој ден плус во болница, поради тоа што бебето ми фати некаква инфекција, па примаше антибиотик. Сега фала му на Господ е добро. Се породив со епидурална...Безболното породување па и не било баш безболно хахах...Ама сепак сé се заборава, сега ни останува да се опоравам комплетно. Почнаа непроспиените ноќи, грижите за секоја ситница, ама мајка се ќе издржии. Поздрав!